За тајната смисла на БОЖЕСТВЕНАТА ЛИТУРГИЈА

- Видението на Свети Нифонт Епископ Кипарски.

Еднаш кога се молел свети Нифонт на Литургија, од Духот Свет му било откриено што се случува во олтарот, само што свештеникот возгласил:

,,Благословено Царство Оца и Сина и Свјатаго Духа “

светителот Го видел Господ на престолот, како на царски трон. Господ со двете раце ги благословувал сите луѓе кои се наоѓале во храмот. Кога свештеникот почнал да ја произнесува големата ектенија, Нифонт како да го видел целиот свет отворен пред него.Тој видел дека таа ектенија, како со ангелски крилја го покрива сето човештво.Тој видел како болните, страдалните, за кои, според зборовите на свештеникот, кога тој везнесувал молитви за нив, Господ испраќал Ангели, кои ги утешувале, им носеле олеснување и исцеление.Тој видел бурно море, гледал кораб, кој те се подигал на брановите, те паѓал долу, во растатнета бездна, повлечен од брановите; тој видел луѓе, кои во ужас ја чекале смртта, некои од нив се молеле, други лежеле на палубата, цврсто држејки се за штиците, за јажињата, и одеднаш, кога свештеникот произнесол молитва за оние што се на пат, по копно и по вода, бурата ненадејно почнала да се стишува, и набрзо тој пред себе видел веќе тивко лазурно море, по кое пливал брод: луѓето во него се молеле и му благодареле на Бога. Кога во храмот запеале ТРИСВЕТО, Свети Нифонт видел Ангели во олтарот кои пееле заедно со свештеникот:
,,СВЈАТИ БОЖЕ, СВЈАТИ КРЕПКИ, СВЈАТИ БЕСМРТНИ“
Кога се читал Апостолот, Светиот го видел самиот апостол Павле како стои зад чтецот и го следи неговото читање. Кога го читале Евангелието, златен дожд ги осветлил сите присутни како да се пролеал на нив, неговите капки се слевале во срцата на оние кои во тоа време се молеле на Бога и го слушале Светото Писмо. Кога се произнесувала ектенијата за огласените ,,Огласени излезете“, Свети Нифонт видел како Ангелите ги изведувале од храмот оние кои во храмот се однесувале недостојно, ги ваделе нивните души, па оистанувале само телата, мртви како трупови.
Ја запеале Херувимската песна и четири Херувими се спуштиле во олтарот, тие носеле Младенче со необична убавина, од Кого избивала светлина. Кога почнал Великиот Вход, Свети Нифонт Го видел

ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС,

Кој Го носел Својот Крст, а по Нив одел свештеникот со чашата и дискосот. Кога свештеникот произнесол:
,,ПРИМЕТЕ, ЈАДЕТЕ, ОВА Е ТЕЛОТО МОЕ“
-Светиот видел како еден Херувим Го зел Младенчето, Го заклал, Го положил на дискосот, а Неговата Крв ја излил во чашата.
Кога свештеникот излегол да го причестува народот, Нифонт видел како Христос ја зел чашата од рацете на свештеникот и Сам ги причестил сите христијани.
А по носењето на чашата во олтарот, повторно се отворил сводот на храмот и херувимите Го вознеле живото Младенче на небо. Кога свештеникот со крст во раката го произнесувал отпустот по завршувањето на Литургијата, знакот на Крстот, како два светли зрака се појавил на небото. А кога тој, при произнесувањето на отпустот, ги спомнувал имињата на светиите кои се славеле на тој ден, Свети Нифонт видел како тие светии излегувале од олтарот на амвонот, го благословувале народот и повторно заминувале в олтар.

 

Извор: ФБ на Православно Слово

Друго: Православен црковен календар


Житие

Пре­по­доб­ный Ни­фонт, епи­скоп Кипр­ский (IV), ро­дил­ся в Па­фла­го­нии, об­ра­зо­ва­ние по­лу­чил в Кон­стан­ти­но­по­ле. В дет­стве он был крот­ким и доб­рым, ча­сто по­се­щал цер­ков­ную служ­бу. Но в юно­сти он стал ве­сти раз­гуль­ную и гре­хов­ную жизнь. Вре­ме­на­ми, при­хо­дя в се­бя, он ужа­сал­ся глу­бине сво­е­го па­де­ния, но, по­ла­гая, что ему уже не по­лу­чить про­ще­ния, про­дол­жал нече­сти­вую жизнь. Од­на­жды он встре­тил сво­е­го дру­га, ко­то­рый дол­го с удив­ле­ни­ем смот­рел на его ли­цо. На во­прос Ни­фон­та, че­му он удив­ля­ет­ся, друг от­ве­чал: «Я ни­ко­гда не ви­дел ра­нее у те­бя та­ко­го ли­ца, оно чер­ное, как у эфи­о­па». Эти сло­ва по­ка­за­ли Ни­фон­ту глу­би­ну его па­де­ния, и он стал взы­вать к Бо­жи­ей Ма­те­ри, про­ся Ее за­ступ­ни­че­ства.

По­сле дол­гой мо­лит­вы он уви­дел, что Лик Бо­жи­ей Ма­те­ри на свя­той иконе про­свет­лел и Она улыб­ну­лась.

С тех пор Ни­фонт непре­стан­но мо­лил­ся Ца­ри­це Небес­ной. Ес­ли он впа­дал в грех, Лик Бо­го­ма­те­ри от него от­во­ра­чи­вал­ся, а по­сле по­ка­ян­ных слез и мо­лит­вы опять ми­ло­сти­во взи­рал на него. На­ко­нец, Ни­фонт пол­но­стью из­ме­нил свою жизнь, стал про­во­дить вре­мя в мо­лит­ве и по­ка­я­нии. По­сле бо­лез­ни, от ко­то­рой по­лу­чил ис­це­ле­ние по­мо­щью Бо­жи­ей Ма­те­ри, он при­об­щил­ся Свя­тых Тайн, за­тем при­нял ино­че­ский по­стриг и уси­лил свои по­дви­ги, из­ну­ряя те­ло в борь­бе со стра­стя­ми.

Эта борь­ба бы­ла дол­го­лет­ней, на свя­то­го Ни­фон­та мно­го раз на­па­да­ли бе­сы, но с по­мо­щью Бо­жи­ей он пре­одоле­вал их. От Гос­по­да он по­лу­чил дар раз­ли­чать про­ис­ки лу­ка­вых ду­хов и по­беж­дать их, а так­же ви­деть ис­ход душ по­сле смер­ти. Уже в ста­ро­сти, при­дя в Алек­сан­дрию, он был в ви­де­нии ука­зан Ппат­ри­ар­ху как до­стой­ный при­нять епи­скоп­ский сан. Его по­ста­ви­ли во епи­ско­па го­ро­да Кон­стан­ции на Ки­п­ре. Од­на­ко епи­ско­пом он про­был недол­го. О вре­ме­ни сво­ей смер­ти свя­ти­тель Ни­фонт узнал за три дня. Пе­ред кон­чи­ной его по­се­тил свя­ти­тель Афа­на­сий Ве­ли­кий. На смерт­ном од­ре свя­той спо­до­бил­ся уви­деть Ан­ге­лов и Пре­чи­стую Бо­жию Ма­терь.


См. так­же: «Жи­тие свя­то­го от­ца на­ше­го Ни­фон­та, епи­ско­па Кипр­ско­го» в из­ло­же­нии свт. Ди­мит­рия Ро­стов­ско­го.