"Не е толку важно дали нашиот духовен живот во Христос ќе го користиме за да станеме подобри, попаметни, за да имаме повеќе пријатели, да влијаеме на другите, да имаме авторитет и моќ, пари, добро здравје, почитувано име и убаво лице.

Најважно е што имаме во внатрешноста на нашето срце.

Важно е дека во секојдневните постапки, таму во срцето, не смее да биде зрното на егото.

Затоа што кога ќе дојде искушението, тоа може да го уништи квалитетот на животот и односите меѓу луѓето.

Господ нѐ учи постојано да бидеме будни и да се молиме, да велиме: „Заштити нѐ и не дозволувај да паднеме“.

Преку оваа заштита во искушенијата можеме многу јасно да погледнеме во своето срце.

И следејќи го наједноставниот, нормален живот, можеме да се прочистиме, да ги очистиме нашиот дух и нашиот ум.

После тоа многу е лесно да дојде Светиот Дух.

Тоа е како во Евхаристијата, сите ние сме подготвени за лебот и виното. Се молиме и Светиот Дух слегува и ги претвора лебот и виното во Тело и Крв.

На истиот начин, можеме да се очистиме, и Светиот Дух доаѓа и нѐ преобразува на сите начини за кои сме читале во книгите, и ни носи многу повеќе искуства кои ниту една книга на светот не може да ги содржи."

 

Старец Дионисиј

 Избор од ФБ страната на: Т.С.