Сега, е, како што гледате, светата Четириесетница, која бара од нас духовни подвизи, многу повеќе отколку што се бара тоа во обичните денови, се бара од нас поусрдна готовност за секое добро, добродушност, храброст, трудољубие, трпение, молитва - устремена кон небото, солзно умиление, скрушена смиреност на срцето, умерено воздржување не само од јадење и пиење, но и од завист, омраза, гнев, страсност, мрморење, гордост, и страста што го мрази доброто.

Погледнете се внимателно, очистете се од секој грев и од секое зло и станете избрани садови и оргулја богогласна, движени од Светиот Дух. Кон ова не повикува времето, низ кое минуваме, а тоа е токму и смислата на постот.

Преминпортал. Т.С.