логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 


Старец Силуан Атонски

Погледни го човекот кој сака да тера по свое – Свети Силуан Атонски



„Погледни го човекот кој сака да тера по свое. Неговата душа никогаш нема мир. Тој секогаш е незадоволен – ова не е во ред, ова не е како што треба… Но човекот кој е потполно предаден на волјата Божја може да се моли со чист ум. Неговата душа Го љуби Господа, и за него сè е пријатно и прифатливо.

Така Пресвета Богородица се предаде Себеси на Бога: ;Еве ја слугинката Господова, нека ми биде според зборовите Твои‘ (Лука 1, 38). А кога ние би кажале слично – ,Еве го слугата Господов, нека ми биде според Твоето слово‘ – тогаш Господовите зборови напишани во Евангелијата од Светиот Дух ќе живеат во нашите души, и сиот свет би бил исполнет со љубовта Божја, и колку убав би бил животот на земјата…

Господ ни го даде Светиот Дух на земјата, и човекот во кој пребива Светиот Дух чувствува рај во себе.

Можеби ќе речете: ,Зошто јас немам таква благодат?‘ Тоа е така затоа што не си се предал себеси на Божествената волја, туку живееш на свој начин“.
 

Извор: Ортодоксија и ортопраксија



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3119
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2955
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…