sv.Nil.Mirotocivi.jpg

Свети Нил Мироточив
ЗА ПОСЛЕДНИТЕ ВРЕМИЊА
 
 
 
Од околу 1900. година, па до средината на XX век, луѓето од тоа време ќе станат такви, што едвај ќе може да се препознаат.

Кога ќе се приближи времето на Антихристовото доаѓање, разумот на луѓето ќе се помрачи од страстите плотски и само бесчестието и безаконието ќе  се зголемува.

Светот ќе биде непрепознатлив, ќе се измени изгледот на луѓето, благодарејќи на бесрамноста при облекувањето и чешлањето ,и нема да може јасно да се разликуваат мажите од жените.

Тие луѓе ќе бидат дивјачки и ѕверски сурови заради соблазната на Антихристот. Нема да има почитување кон родителите, ниту кон постарите, љубовта ќе исчезне.

А пастирите христијански, епископите и свештениците, ќе станат луѓе суетни кои што нема совршено да го разликуваат десниот пат од левиот.

Тогаш христијанскиот морал и преданието ќе се изменат. Меѓу луѓето ќе ги снема скромноста и целомудрието, а ќе зацари блудот и распуштеноста.
Лагата и среброљубието ќе ја надминат секоја мера, а тешко на оние кои трупаат богатство.
Со општествата ќе загосподари блудот, прељубата, мажелоштвото, тајните дела, кражбите и убиствата.

И во тоа идно време, заблагодарувајќи на силата на огромното злочинење и распуштеност, луѓето ќе се лишат од благодатта на Духот Свет кој го добиле на Светото Крштение, а воедно ќе ја изгубат и грижата на совеста.
Црквите Божји ќе останат без Богобојажливи и благочестиви пастири и тешко на оние христијани кои ќе останат во светот и кои што совршената вера ќе ја изгубат, бидејќи ќе бидат лишени од можноста, од било кого да ја видат светлината на спознанието.

Тогаш тие ќе се оддалечуваат од светот, барајќи во свештените прибежишта олеснување од духовните страдања, но, секаде ќе наидуваат на пречки и тегоби.

И сето тоа ќе биде последица на тоа што Антихристот ќе успее да господри со сите и да постане владетел на целата вселена и што ќе твори чудеса и неверојатни знаци.

Тој притоа ќе му даде порочна мудрост на несреќниот човек, така што овој ќе создаде такви откритија со кои што ќе може, еден човек со друг да разговара од едниот крај на земјата, на другиот!

Тогаш луѓето ќе летаат во воздухот како птици и ќе шетаат по морските длабочини како риби.

И кога сето тоа ќе се достигне, бедните луѓе во удобност ќе го минуваат животот, не знаејќи несреќниците дека е тоа – измама на Антихристот.
А тој, злосторник, заблагодарувајќи на човечката суета, во брзо време толку ќе ја усоврши науката, со што луѓето ќе ги сврти од патот и ќе ги приведе кон неверие за постоењето наТроипостасниот Бог.

Тогаш, Себлагиот Бог, гледајќи ја погибелта на родот човечки, ќе ги скрати деновите заради оние малубројните кои се спасуваат, зашто Антихристот ќе сака да ги соблазни, ако е можно, и избраните...
Тогаш, ненадејно ќе се појави Мечот на казната и ќе го убие заблудувачот и слугите негови.


 
Подготви: М. Даниловска Мина
Извор: |
http://www.svetosavlje.org/biblioteka/Apokalipsa/Poslednja-Vremena.htm

11ти- јуни, лето Господово 2013