Авва Амон
Слово на авва Амон за оние  кои сакаат да безмолвуваат
 Avaa.Amon.jpg
 

1. Љубовта спрема истражувањето  (на Светото) Писмо од пуста љубопитност породува кавга и спор, а плачот заради (своите) гревови, носи мир.
 За монахот кој што седи во својата ќелија, такво празно истражување  на Писмото претставува грев, особено кога тоа е пропратено со негрижа   за сопствените грешки.
Зашто еден со сето срце се посветува на разбирањето  на случувањето од  Писмото и се запрашува: дали е така или поинаку?
Па така, бидејќи  сеуште  не се пронашол самиот себе, паѓа во тешко и долготрајно ропство,  зашто срцето му е  суетно.

Другиот  пак, се обидува да не западне во такво ропство  и повеке сака ничкум  да се фрли пред Бога . Едниот го занимаваат  приликите околу Бога – и паѓа во богохулие.
 Другиот се стреми  кон тоа да го почитува Бога, засакувајќи ја  чистотата во стравот Божји; тој ги чува заповедите Божји  сметајќи ги за  задолжителни за себе  и  се здобива со видување  на Бога.

Затоа, немој да ги бараш  височините, туку моли се  на Господа Он да дојде кај тебе , да ти помогне и да те спаси од грвовите. Зашто даровите Божји доаѓаат сами по себе, кога местото за нив е чисто и заштитено.


2. Кој се потпира  само  на себе  и само својата волја  ја следи , тој не може да го изгуби во себе си духот  кој што во срцето донесува жалост . И кој ги проучува Писмата раководејќи се само  врз  сопствените  сфаќања , па вели:
 „Ова е – (само) така“, тој незнае  за својата вистинска  слава и вистинското богатство свое.  Спротивно на тоа, оној  кој читајќи го Писмото  вели:
 „Не знам, зашто сум само човек “ – тој го прославува Бога.  И таквиот, колку што е за него возможно , се стекнува со богатство Божјо.


3. Не се обидувај да се предадеш на духовни  расудувања  со сите, туку тоа прави го само со отците свои , за да не си навлечеш тага на срцето свое. Чувај ја устата своја за да го почитуваш ближниот свој. Нека се поучува јазикот твој  на зборовите Божји  и што и да говориш, говори  кога си повикан т.е. компетентен – тогаш лагата ќе побегне од тебе.

,
 4. Љубовта спрема човечката слава, раѓа лага, додека смиреното отфрлање на таа слава  го умножува стравот Божји во срцето
 
 
5. Немој да посакуваш да бидеш пријател  со славните од овој свет, за славата Божја да не се изгаси во тебе.


6. Ако некој пред тебе го клевети  братот свој , ако го обвинува и ги разоткрива пороците негови,  не подлегнувај на желбата  да се поместиш од вистинскиот пат   заедно со него, за да не го добиеш она што не го сакаш. Простотата и отсуството за високо мислење  за себе  го очистува срцето од лукави помисли. А оној , кој подло постапува со  братот свој , нема да се избави од тага во срцето  свое.

.
7. На оној кој едно зборува , а во срцето свое лукаво , друго крие , залудно му е секое служење. Не му се приближувај на таков човек , да не те извалка   со својата пакост.


8. Одете заедно со незлобливите,  за да заедничарите  во славата и чистотата нивна.


9. Не му мисли зло ниту на еден човек, за напорите твои да не постанат залудни.


10.  Срцето свое направи го чисто во однесувањето спрема сите , за во себе да го видиш мирот Божји.


11. Кога  шкорпијата ќе боцне, нејзиниот отров  се раширува низ целото тело и го погаѓа срцето; слично е и со злото кое што  му е нанесено на ближниот  - нејзиниот отров  ја убива душата,  и човекот го доведува во смртна опасносст.


 Затоа  оној кој што се грижи  , неговиот труд да не  исчезне без трага ,  треба брзо да го   отфрли од себе  злото и лукавството на  шкорпијата.
                                                                                                          
Зашто на Бога му доликува  сета слава во вековите. Амин

Преведе : М. Даниловска
http://verujem.org/sveti_oci/avva_amon_bezmolvije.htm