Bogojavlenie.N.jpg
 
Свети Јован Шангајски
БЕСЕДА НА БОГОЈАВЛЕНИЕ
 
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
Славејќи го Богојавление, ние се сеќаваме и дека Бог  им се покажа на луѓето како Троица и дека Исус Му се јави на светот како Христос.
Каде се јави Христос?
 Каде го започна  делото Свое?
Дали отишол во голем град и таму се јави во Својата Слава?
Или се искачил на Гора висока, а маса од мноштво илјадници луѓе,  стоејќи долу Го посматрале како некакво чудо?   Не!


Христос отишол во пустината   на реката Јордан, каде што Јован го крштеваше народот.
Јован го проповедаше покајанието и ги повикуваше грешните, во знак на покајание да се крштеваат во Јордан.
И ете, како грешник и Христос доаѓа и моли за крштевање.
 Он, во Кого немаше грев.
Се исплаши Јован  .  „Ти треба мене да ме крстиш“
„Остави сега“ – одговара Исус - зашто така треба да се исполни секоја правда“.
 
Адам согреши со гордоста,  да се возвиши  сакаше, како Бога да биде.
 А Христос дојде за да ја исполни правдата Божја ,  гревот на гордоста  Адамова да го поправи  со смиреноста.
 Адам сакаше да се издигне пред  Бога, а Бог се унизи пред човекот.
 Христос се симна во водата и прифати крштение од работ Свој.
Треперејќи ,   Јован ја положи раката своја врз Господарот  и Богот свој,   а Христос, смирено  ја наведна  главата Своја  пред него.


 Оваа Христова смиреност небото го отвори  и се зачу  гласот на Бога Оца:
 „Ова е Мојот возљубен Син Кој е според Мојата волја . Ова е Синот Мој ,  Кој Себе се унизи за да  ја изврши Мојата волја , вистински Син Мој,  Кој се унизува, за    човекот да се возвиши“.


 А Духот   Свет се симна од небото на Исуса , потврдувајќи ги зборовите на Отецот.
 Така, со смирението Исус небото го отвори  и им ја откри Тајната на луѓето за  Божествената Троичност.


   Но, зошто Тој тоа го направи токму во водата, а не на некое друго место?
 Да се потсетиме,  како Бог го создаваше светот.
Кога Бог  ги создаваше небото и земјата ,  „Земјата беше без облик и пуста, и Духот Божји се издигаше над водата“.
Потоа  ги раздели Бог земјата и водата,  но така,  сепак вода да остане на секое место потребна  на се` создадено.  Човекот не може без вода да живее, ниту било кое животно,  постои вода (влага ) во воздухот;  да земеме било од каде грутка земја  - и таму постои вода и во каменот,
 и дури ако ни се чини дека таму ја нема , сепак, таа постои таму и, кога Бог ќе посака може да ја ослободи од него,  како што и   стори за времето на Мојсеј.
 
„Господова  е земјата и она што ја исполнува  вселената и се` што живее во неа.  Зашто Он ја основа врз морињата и на реки ја утврди. (Пс.24,1-2). 
„ Небесата и земјата  од порано беа создадени под вода и преку вода со силата на божјото Слово“, пишува апостол Петар. „  поради кое тогашниот свет загина, потопен од вода“  (2 Пет. 3,5 – 6).
 
Кога човекот согреши,  го навлече гневот Божји,  не само врз себе, туку врз сета природа.
 Човекот е круна на Божјото создавање;  Тој е поставен за цар на природата.
 А кога царот постана  непријател на Царот друг,  тогаш  целото царство негово постана  непријателско царство. Казната била наменета не само на човекот  , туку и на се`  создадено  
„Зашто знеме  дека сите созданија  заедно со нас воздивнуваат и тажат до сега (Рим. 8, 22). 
  „Зашто и тие не и се покорија на суетата доброволно,  туку по волјата на Оној Кој ги покори“
  (Рим.  8, 20).
 
Затоа  простувњето на виновникот го ослободува   и создаденото од робувањето  пропадливо.
 „ Но ние , според Неговото верување, очекуваме ново небо и нова земја , на кои ќе се настани правда“
  (2 Пет. 3, 13).


За да се овозможи оваа промена , за природата да се подготви  за непропадливоста која ќе настапи по Судниот Ден,  Христос дошол на водите на Јордан.


 Нурнувајќи се во Јордан,  Христос ги посветил не само водите на Јордан туку и на целата водена природа, како што и воскликнува Црквата во песните свои: „   Христос се јави,  водите на Јордан да ги освети“
 ( Претпразничен тропар),
 „ Денес  водената природа се осветува“ (Тропар при Исход на Јордан).


 А бидејќи водата секаде се наоѓа, тогаш осветувајќи ги водите  Христос  со тоа се` создадено освети,  целата вселена.   Христос природата ја подготви за и таа да ги почувствува  добрите последици од жртвата која Он дошол да ја принесе.


 Но не само тоа, Тој на водата и дал моќ   човечките гревови да ги испере.
Крштервањето Јованово било само знак на покајание. Христијанското крштевање преставува ново раѓање,   на сите гревови опростување. 
Со  водата  ги казни Бог гревовите на првиот свет и го уништил со вода во потопот. Со вода, сега, ги спасува Бог луѓето низ  Тајната на Крштението.


Така Христос на водите Јордански ја уништи  главата на змијата  , како што тоа се пее во Црквените песни, главта на онаа змија  која ги измамила Адама и Ева , но била победена со смиреноста Исусова, - им открил на луѓето дека Бог е Троица – ја осветил водата, а со водата го подготвил и сето создадено за прифажање на зборовите  на простувањето и за непропадливоста.

И тогаш, издржувајќи уште една  борба со ѓаволот во пустината,   Христос, тргна да ги подготвува луѓето за Царството идно и ја почна  Својата проповед со зборовите:
 „Покајте се, зашто се приближи Царството небесно“  (Мт. 4,17)
 или како што стои во едно друго Евангелие:
 „Времето се исполни и Царството Божјо наближи, покајте се и верувајте во Евангелието.“ (Мк. 1, 15).

До тогаш Јован Крстител проповедал покајание, го подготвувал патот на Господа,.
Кога Самиот Господ им вика на луѓето:
 „Покајте се “, Тој глас е наменет не само на луѓето кои живееле во времето  Христово, туку со тие зборови Христос се обратил на сите луѓе во сите времиња и векови  .
И ги слушавме ние тие зборови од Евангелието. 
Додека се` уште не стивнале празничните песни на Богојавлението , тие не потсетуваат дека се приближува времето на покајанието.


  Да бидеме внимателни!
Тоа не се зборови на пророк или ангел, туку на Самиот Господ.
 Ќе се покаеме и во постот кој доаѓа  ќе настојуваме да ги победиме страстите наши и да добиеме простување на гревовите , за во идниот  век, во Царството непропадливо,  Кое што Господ ни го подготвил.
Амин!


Битола   1928. година
 Преведе од српски: Мирјана Даниловска Мина


Извор:  http://www.svetosavlje.org/biblioteka/Besede/Bogojavljenje.htm

 

18.01.2013 god.