Ние правиме помен на починатиот во третиот ден, затоа што во тој ден човекот го менува изгледот.
Во деветтиот ден – затоа што во тој ден се распаѓа телото, освен срцето;
А во четириесеттиот – затоа што се распаѓа и срцето.
Така станува и при раѓањето на човекот: во третиот ден се оцртува срцето, во деветтиот ден се оформува телото, а во четириесеттиот ден се изобразува конечниот облик.

 


 Архимандрит Рафаил Карелин


Еден од најстрашните гревови на паганскиот свет, кој откриваат и на извесен начин фрлаат светлост на сатанската суштина на идолопоклонството, било принесување на човечки жртви. Овие ритуални принесувања на човечки жртви се случувале на сите четири континенти. Постои предание дека Каин не само што го убил својот брат поради соперништво и завист, туку бил и првиот човек кој принел крвава жртва на сатаната. Често ритуалните убиства се случувале на многу болен начин, кој личи на мачење. На пример, жреците од народот Мај ги расекувале градите на човекот и потоа го ваделе срцето кое сеуште чукало: всушност срцето требало да биде фрлено на олтарот на страшното божество на Сонцето. Во текот на таквите празници на жртва се принесувале илјадници луѓе, а кога немало доволно заробеници царевите на Јукатан однапред го планирале нападот на соседните племиња за да ги заробат момчињата заради принесување на жртва. Во Египет пред пролетното излевање на Нил, во реката се фрлале најубавите, со ждребка избрани девојки, како дар на Нил, како да боженството на реката побарувало да му се принесат најдобрите жртви; ниту царскиот род, ниту богатството, не ги спасувало "невестите на Нил" од смртта. Во Индија постоело тајно друштво кое се нарекувало "давители"; секој негов член имал коноп и ашов. Било забрането да се користи оружје, убиецот морал да го набљудува осамениот патник, да му се прикраде одзади како диво животно, да му нафрли јаже на вратот и да го задуши, потоа веднаш покрај патот со ашовот требал да ископа гроб и да го закопа трупот на својата жртва. На овој начин тој сакал да го смилостиви Кали - сопругот на Шива- свирепата богиња на смртта. Кај народите кои ги населувале териториите на Виетнам и Комбоџа постоел следниов обичај: на заробените војници им се сечела и целата јетра, а човекот бил оставен да умира во страшни маки. Во 20. век "Црвените Кмери" го обновиле овој обичај.
    Во Грузија човечките жртви се принесувале до времето на владеењето на Рева( 2.в.п.Х.), кои ги забранил и кого поради тоа неговите потомци го нарекле "праведен". Крвавите жртви постоеле кај балтичките народи и кај Словените. Византиските истиричари со ужас пишувале за обичајот на Скитите да се капат во јамите наполнети со човечка крв. Во стара Грција за време на хекатомбата жреците на Хеката колеле мноштво на луѓе. Во Рим улогата на хекатомба почнале да ја играат гладијаторските борби на кои присуствувал императорот како врховен жрец, и служителките на огнот-весталки, на кои им било дадено правото да ја решаваат судбината на победените.
     Во Библијата е напишано дека во хананските племиња во Палестина се принесувале човечки жртви на демоните и тоа била главната причина за нивното истребување. Меѓутоа, сите овие ужаси од древниот свет избледуваат пред хекатомбите кои се одвиваат во нашето време. Потоците од крвта на убиените деца како оган ја палат несреќната земја: бидејки секоја капка од невината крв е проклетство изговорено како пресуда на човештвото. 

 (продолжува)

Посети:{moshits}