Stefan.zaBozik1.jpg

 

Во последната четвртина од дваесеттиот век, човекот е длабоко загрижен за брзиот раст на еколошките проблеми. Ситуацијата е критична и, нормално, човекот се обидува да најде излез од оваа криза. Доколку не може да се постигне еколошка рамнотежа, човекот ќе западне во низа неволји, предизвикани од недостаток на енергетски извори и залихи од храна, а исто така и во еколошки катастрофи, кои можат да резултираат во уништување на мнозинството од луѓето, па дури и на цело човештво.
За да се најде излез од ваквата ситуација, пред извесен период, беше одржана двонеделна интернационална конференција во Рио де Жанеиро, со прашања што се однесуваат на животната средина и неодамна заврши нејзината работа. Во исто време, со овие претставници на интернационалната конференција, членови на различни посебни еколошки друштва и организации, поткрепени од оние што се борат за еколошки прашања, активисти од уметноста и религиозни водачи одржаа паралелен состанок во истиот град. На оваа неофицијална конференција беа изнесени необични идеи и предлози за тоа, како би можеле да ја избегнеме еколошката каатастрофа.

Екорелигија

Во левицата, радикалните кругови на современото еколошко движење, можат да се забележат знаци на нова еколошка религија, чии приврзаници истовремено проповедаат и пантеистички идеи, но и чисто паганска концепција на природата.
Во една статија посветена на ,,Денот на Земјата< во 1991 година, популарниот американски неделник “Тиме” особено нагласи дека ,,Божествената креација на природата била составен дел од прославата на овој ден. Церемониите поврзани со Денот на Земјата се дел од спиритуалното движење, кое е во подем во САД, а славењето на божицата Земја беше феминистички израз на ова спиритуално движење.<
Јавноста изгледа с# потолерантна кон овие погледи на обожување на природата. Во уводната статија во “Нењ Ѕорк Тимес” од 12 мај 1991 година се вели: “Ако на прв поглед Екорелигијата изгледа по малку чудна, во секој случај предизвикува симпатија и внимание, зашто произлегува од вреднувањето на креацијата на светот и хармонијата со природата.”
Во книгата со наслов “Здраво Тело - Здрава Природа”, издадена од добро познатото друштво за заштита на природата “Сиерра Цлуб”, на читателот му се советуваат Будистички медитации и Хопи Ритуали за да “ја потврдиме нашата врска со духовите на живата земја.”
Децата се привлекуваат со мистерии за овој Екокулт со помош на филмски серијали како “Капетанот Планета”, кои се пренесуваат на телевизиските канали, кои се контролирани од Тед Тарнер (кој Христијанството го нарече религија за “губитници”). Тој, исто така, основач е на “Заедницата за Подобар Свет”, која проповеда еколошко убедување, кое има за цел да ги промени Десетте заповеди на Стариот Завет.
Во овој филмски серијал, божицата на Земјата – Геа, жестоко се спротивставува и ги напаѓа оние што ја загадуваат природата. Таа одбира пет деца од различни делови од светот да $ бидат помошници. Вооружени со волшебни прстени со печат, кои можат да ги контролираат енергиите на земјата, водата, ветрот и огнот, овие деца се пратени да војуваат против нафтените компании и другуте неморални капиталисти.
Многумина претставници на Христијанските цркви, исто така, се заведени од оваа нова мода - Екорелигијата. На нејзиниот неодамнашен собор во Канбера, Австралија, Светскиот Совет на Црквите изјави: “Оние, кои се најблиску до Земјата и чија спиритуалност учи дека Земјата е света, најдобро можат да го водат овој процес на еколошка обнова.”
       
       Обвинувањата упатени кон Христијанството

Во современото еколошко движење, догмите на екорелигијата, кои постојано се развиваат и се широко прифатени, засновани се на митот, кој тврди дека на почетокот луѓето живееле во хармонија со природата во мирољбиви заедници, чии членови ја обожувале божицата – Мајка. Утопијата била уништена од Библиската патријархална религија, која проповедала послушност кон Бога, Кој стои над природата и Кој го овластил човекот да владее со сиот материјален свет.
Најекстремните приврзаници на движењето за заштита на природните ресурси, отворено објаснуваат дека Библиската религија била причина за уништување на еколошкиот ред во светот. „Ќе западнеме во распаѓање, во еколошка криза, доколку не ги отфрлиме Христијанските аксиоми, според кои природата постои само за да му служи на човекот” пишува Лѕнн Њаит, теоретичар на движењето.
Па така, неколку претставници на Екорелигијата го обвинуваат Христијанството за моменталната еколошка криза. Овие луѓе се обидуваат да покажат дека, колку повеќе Христијанството го застапува ставот дека човекот е господар на природата, што значи дека се наоѓа над другите суштества, толку повеќе тој има право да ја проучува природата (науките) и потоа да ја подреди природата на своите потреби (технологија). Тргнувајќи од ова гледиште, приврзаниците на екорелигијата тврдат дека Христијанството носи огромна вина за еколошката криза, која сега го засега човештвото.
Нема сомневање дека еколошкото загадување постои и модерното индустриско и технолошко општество секојдневно ја влошува состојбата. Но, би било сурова клевета да се тврди дека Христијанството ги турка луѓето во оваа состојба.

„Созданието претставува предмет на суета”

Црквата учи дека човечките одговорности во неговиот однос кон природата се засноваат на вербата дека Бог е Творец на светот и на сите нешта во него. Дека Он го обогатува истиот, го сака Своето дело и се грижи за него. Библијата н# учи дека човекот е создаден според Божји лик. Според тврдењето на Св. Апостол Павле, човекот е Божји соработник во светот (1. Кор. 3, 9). Бивајќи сличен на Бога, човекот е обврзан да ја сака природата, да биде загрижен за нејзиниот поредок, чистота и благосостојба. Ова значи дека владеењто на човекот со природата му дозволува да стекнува знаење за истата (наука) па дури и да практикува некаква контрола врз истата (технологија), но ова во никој случај не значи дека човекот има право да ги злоупотребува даровите на природата, и што е уште поважно, тој нема право да ја уништува истата.
Основата на христијанското верување за Создателот на универзумот се содржи во повеста за создавањето на светот во Книгата за Создавањето (глава 1-3). Никој човек, кој ја испитува идејата и значењето на создавањето, не може да ја одмине оваа величенствена сага. За нашата цел важно е да се истакнат зборовите од Библиската изјава, што го поткрепува секој одделен чин на создавање: „И Бог виде дека е добро” (1. Мој. 1:10, 12, 18, 21). На тој начин светиот автор го искажува оригиналното добро направено од Семоќниот и добар Бог. Оваа изјава се појавува повторно и повторно низ светите Списи. Така, на пример, свети Апостол Павле вели: „Секое Божјо суштество е добро” ( 1. Тим. 4:4).
На шестиот ден Бог го создал човекот, според образот Божји. Во какви односи го поставил Создателот првиот човек кој го создал во однос на тоа што Тој го создал пред него? Човекот беше повикан да ја сака природата, како свет дар од Бога, и да ја чува одговорно, имајќи на ум дека оваа љубов е една од најважните Божји заповеди, која му е дадена уште во првите поглавја на Библијата. Бог ги благослови првите луѓе и им рече: „Плодете се, и множете се, и наполнете ја земјата, и господарете над неа, и овладајте ги рибите морски, и ѕверовите, и птиците, и сиот добиток, и со целата земја, и со сите животни што лазат по земјата.” (1. Мој. 1:28). Обрнете внимание на „господарете” и „овладајте”. Зарем овие зборови не шират идеологија за „освојување на природата”? Зарем тие не даваат религиозно одобрение за ваков став кон создаденото? Не, во никој случај. Оние што во овие зборови сакаат да видат вакво одобрение, забораваат нешто многу важно, што суштински исклучува ваква интерпретација на библискиот текст. Тие забораваат дека овие зборови му беа речени на човекот пред да падне во грев.
При создавањето на човекот како суштество, му беше дадена слобода од Бога. Според зборовите на отец Флоровски: „Човечката слобода, пред с#, отвора две патеки со еднакви можности пред човекот = една кон Бога, и една далеку од Бога” (во есејот „Создавање и создание”). Бог му даде можност на човекот да ја следи Неговата Божествена волја, или да дејствува против неа. „Бог му дозволи на човекот самоодредување” вели свети Григориј Богослов. Падот во грев, кој го имплицира практикувањето на оваа слобода кон зло, кон практикување на сопствена волја, наспроти Божјата волја, претставуваше извор на отпаднување на човекот од Божјата правдина и губиток на Неговата блискост исполнета со милосрдие. Последици од падот беа губењето на мирот и праведноста во односите меѓу луѓето, што може да се посведочи со убиството на Авел од сопствениот брат. Но, падот имаше деструктивни последици не само за човекот, туку и за целокупната Божја креација. Ова се зборовите што Бог му ги рекол на Адам по падот: „Земјата нека биде проклета поради тебе; со мака ќе се храниш од неа с# до крајот на твојот живот; трње и троскот ќе ти раѓа; (1. Мој. 3:17-18). Земјата е проколната поради човекот: поради човекот с# создадено е во падната состојба. Свети Апостол Павле за ова зборува во своето Послание до Римјаните: сите „суштества $ се покорија на суетата доброволно... воздивнуваат и тажат досега” (Рим. 8:20,22). Свети Јован Златоуст, коментирајќи го ова место од Посланието, нагласува дека Божјото создание е подложно на суета, и стана коруптивно токму поради човекот.

Ново време- нов пристап кон Божјото творештво

За човекот од минатото, природата била живо и непосредно откритие на Божјата семоќност, извор на страв и длабоко почитување. Така било во прастарите времиња и во Средниот век. Но, со напредувањето на модерните времиња, оние на идеологија на нерелигиозен хуманизам, беше воспоставен сосема нов став кон природата – како кон нешто што мора да биде „подјармено”, „освоено”, нешто од кое не може „да прифати милост”, нешто кое треба активно да се користи за сопствени цели. Паралелно на тоа, постојаниот и забрзан напредок на науката и техниката, всушност, му дозволи на човекот да превземе контрола врз одредени природни процеси, и с# помалку и помалку да се чувствува зависен од некои манифестации на природата. Оваа јасна оптимистичка идеологија на „подјармување”, која не беше засенета од никаков сомнеж, го достигна својот врв во светот на Жил Верн -  видување кон крајот на ЏИЏ и почетокот на ЏЏ век.
Резултатот од човечката активност може да се види во речиси с#, што н# опкружува. Ние сме навикнати на тоа и не можеме да замислиме да живееме на поинаков начин. Човекот си ја присвои за себе улогата на создавач, затшто толку е лесно за него да го заборави неговиот небесен Творец. Човекот искусува чувство на гордост; тој го фали делото на своите раце, и се стреми кон с# поголеми достигнувања. Но, дали овие нови достигнувања водат кон Бога?
Ако задоволувањето на секојдневните потреби на човекот се сведува на задоволување на своите каприци, тогаш ова е тој момент, во кој неговите активности приклонуваат кон злото, колку и да е закамуфлирано со хуманистички популарни зборови и изрази. Некој би помислил дека, било какво движење или приклонување кон добри цели, не може да му биде угодно на Бога доколку е паразитско, доколку води кон неограничено уништување и деструкција на некои други Божји созданија.
Двете деструктивни светски војни покажаа дека делата на човечките раце можат да служат не само за подјармување на природата, но исто така и за подјармување на човекот, и дека големите умови на научниот и техничкиот напредок дозволија еден човек да уништи милиони други луѓе. И два понови насатани - виртуелното исчезнување на Аралското Море и катастрофата во Чернобил, ги демонстрираат катастрофалните последици, кои можат да бидат последици од човечка активност, дури и ако е со намера да се исполнат некои „хумани”, добри цели. Покрај ова, како резултат на „подјармувањето” на природата, прекинати се еколошките интер-релации, и самото „подјармување” се претвори во сосема неочекувани последици.
Научно-техничкиот напредок може да постои, но не мора да биде насочен кон постигнување целосна, самодоволна основа во човечкиот живот. Мора да биде подредена на барањата на моралот.
Во самата природа на светот и човекот има многу конкретни инстанци, кои сами по себе оригинално имаат позитивна цел и придонесуваат за зголемување на доброто. На пример, богатството или брачниот живот с# и имаат позитивни цели. Позитивниот карактер на овие цели се покажува најдобро во зависност од самиот човек, од неговиот морален избор. На пример, богатството и парите можат да бидат искористени во добротворни цели и за зголемување на доброто, но исто така можат да бидат злоупотребени за правење грев, дококлку човекот одлучи да ги користи ислкучиво за себични и корумпирани цели. Брачната состојба му е дадена на човекот за продолжување на видот и за изразување љубов, но може да биде искривена и претворена во зло. С# зависи од моралниот избор направен од човекот.
Моралната злоупотреба од страна на човекот на неговата власт и одговорност, воопшто на значи дека власта и одговорноста не треба да постојат. Напротив, човекот мора рационално и одговорно да ги насочува своите дела, и на секој можен начин да избегнува неодговорност. Во поглед на ресурсите на непосредната околина, човекот треба разумно и економично да управува со дарот што му е даден од Самиот Бог.
Мора да се забележи дека еколошката криза достигна катастрофални размери во оние земји, кои беа подредени на живот под теомастичките комунистички режими. Атеистичкиот Марксистичко-Ленинистички хуманизам, кој достигна апсурдни граници, се стремеше со сила да го истисне Бог од општеството, како тоа да беше за човечкото сопствено добро. Објавувајќи дека човекот мора да биде она што е, идеологијата на Марксизмот и Ленинизмот проповедаше и насилно ја наметнуваше идејата за научен прогрес, индустријализација и покорување на силите на природата.
„Московски вести” известуваат дека Русија стои лице во лице со еколошка катастрофа. Околу 70 милиони луѓе во градовите дишат воздух кој е загаден до пет пати повеќе од дозволените биолошки норми, што веќе доведе до опасно ниво на генетски недостатоци и се заканува со национална деградација.

Каде е спасот?

Патот до обновување на целината на создаденото, за спас на човекот и човештвото, лежи единствено во рацете на Богочовекот Исус Христос. Само преку олицетворение на Бог, човекот може да постигне божественост на својата сопствена природа и онаа на целиот создаден свет. Суштината на Христијанската идеја се состои во следново: човекот е неспособен со сопствени сили да ја обнови својата загубена заедница со Бог. Човечкото спасение е постигнато од страна на Бог, зашто самиот Бог „толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него, да не погине, но да има живот вечен” (Јован 3:16). Но, да се спаси човекот против неговата волја е невозможно; човекот е поканет да одговори на Божјата љубов, да одговори со себеодрекување, со покајание, со одење по Христос, со учество во антрополошкото, зачувувајќи ги достигнувањата. На овој начин креативната и продуктивна активност на човекот е наречена „соработка со Бога” и на овој начин служи како средство за спасение и обожување на создадениот свет. Во оваа „соработка”, „синергија” (взаемно помагање) лежи клучот за постигнување правда и мир со Бога и еден со друг.
„Радикалниот хуманизам” и новата Екорелигија денес се манифестираат како морални принципи во човечкото однесување. Како и да е, помеѓу нив и Христијанскиот светоглед постои разлика во принципите. Радикалниот хуманизам е воден од експресивниот слоган - „Човекот за себе” и го повикува човекот на себереализација без Бог, но одрекува дека човечкото „Јас лично”, без Бог, надвор од Бог, оваа апсолутна празнина, оваа математичка точка во просторот, веќе потенцијално е поставена да се предаде на правилото на овој принцип. Како не можеме овде да се потсетиме на бессмртните зборови на Блажениот Августин: „Кога човек живее според човекот, а не според Бога, тој е како ѓаволот”! Парадоксот и најголемата вистина во Христијанството е скриена во фактот дека човекот, за да се реализира самиот себе, мора да се одрече од самиот себе, за љубов кон Бога и за љубов кон неговиот ближен.

 

Извор: “Вистина” списание на Преспанско-Пелагониска Епархија.

Главен и одговорен уредник: Митрополит Преспанско-Пелагониски и администратор Австралиско-Новозеландски г.Петар

Превод од англиски: проф. Димовска Светлана