Ние правиме помен на починатиот во третиот ден, затоа што во тој ден човекот го менува изгледот.
Во деветтиот ден – затоа што во тој ден се распаѓа телото, освен срцето;
А во четириесеттиот – затоа што се распаѓа и срцето.
Така станува и при раѓањето на човекот: во третиот ден се оцртува срцето, во деветтиот ден се оформува телото, а во четириесеттиот ден се изобразува конечниот облик.


Архимандрит Рафаил Карелин

sveta.troica.a1.jpgСемејството по христијанското учење е мала домашна црква; абортусите ја претвораат во банда на разбојници. Семејството представува взаемна помош и заеднички права во времениот и вечниот живот; овде луѓето еден со друг се туркаат во злостор, во морална пропаст; наместо пријателство и взаемна помош еден кон друг тие постапуваат полошо од било кој непријател. Семејството е взаемна љубов. Дали може да се љуби убиецот на сопственото дете, дури и ако обата родители се за тоа виновни? Злосторството и човечката крв никогаш не соединуваат, туку само раздвојуваат, поради што и бројот на разводи е директно пропорционален на бројот на абортуси. Убиството на бебето ги чини профани сложените разгранети односи помеѓу сопружинците сведувајки ги само на секс, кој не може да пружи ниту среќа ниту душевна топлина, ги сведува на култ на наслада вој постои нешто окрутно и апсурдно.
  Докажано е дека децата не ги наследуваат само физичките својства туку одредени душевни особини на своите родители. Емотивниот живот на родителите се одразува на генетските кодови и преоѓа на нивните деца во вид на склоности. Родителите кои се одлучиле на убиство на сопственото дете веќе внеле во својот генетски фонд склоност кон убиство која ќе го оптеретува психата на идните деца, а понекогаш душевното својство не се пренесува директно туку на една генерација подоцна. Поради тоа родителите кои се одлучиле на убиство на своето дете го пренеле и потенцијалот на суровоста и подсвесното тежнеење кон убиство, а често и сами постануваат жртва на окрутноста на своите деца и се чудат: од каде ваква, по нивно размислување, неправда?
  За христијанинот убиството на бебето не представува само морален пад И деградација на човекот, туку страшна духовна бездна. Во Библијата се вели: Не убивај. Оваа заповед е обврзен услов за сојуз помеѓу Бога и човекот. При кршењето на заповедта човекот сам го прекинува сојузот: он останува без Бога. Убиството на бебето не е само убиство на неговото тело туку и убиство на неговата душа. Душата преоѓа во вечност, но непросветена со тајната на крштението, е со печатот на прародителскиот грев. Таа како да се раѓа слепа за вечноста.
  Во Картагина бил подигнат идол со име Малох. Тој бил направен од бакар и од сребро. Во него се палело огин; металот се загревал до вжареност - и тогаш на испружените раце на идолот се ставани децата кои родителите доброволно ги донесувале. Убиството на детето се сметало за најголема жртва посветена на демонот. Како би го пригушиле гласот и јаукањата и крикот на децата жреците свиреле на музички инструменти, пееле и играле. Малох се сметал за божество на богатството. И денес на овој демон на богатството и на насладата - хедонизмот, на жртва му се принесуваат деца.

(продолжува)

Подготви:С.С.

ЗА АБОРТУСОТ И ЗА РАЗВРАТОТ 

Посети:{moshits}