monah.dr4.jpg

ХАЗАРДОТ ЈА ПОРОБУВА ДУШАТА

Занесот е таква состојба на душата што ја прави вистинска играчка на страста. Доаѓа до потполно душевно опуштање, иако на самиот играч (или на оние кои го гледаат отстрана) понекогаш му се чини дека е тој максимално насочен кон целта, сконцентриран и смирен.
Таа страшна и опасна состојба може да го обземе секого кој ќе си дозволи играта да го понесе. Кај Достоевски, во романот „Коцкар", постои фасцинантен, според својата веродостојност на животот, портрет на стара 75-годишна жена, која ја обзема занесот на играта: тој занес „ги пушта на слобода" страстите што, очигледно, дотогаш дремеле во неа, пред се, гневот и среброљубието. Московската госпоѓа, која веќе требало да се подготвува за смртниот час, врзана за инвалидска количка, доаѓа во германскиот град - бања. И ја покажуваат коцкарницата кадешто се игра рулет. Во почетокот, старицата со љубопитност ги набљудува играчите, а потоа ставила влог. Таа ставила на „нулата" и изгубила. Уште еден влог - и пак губи. Повторно „нулата" - и повторно топчето го прескокнува најсаканото квадратче... Ама, еве, најнакрај, и на „нулата - добивка! Старицата достигнува до состојба на големо возбудување.
„Господи, се задоцнивме! Сега ќе завртат! Стави, стави!" - се развртела бабата. „Ама не задржувај, побрзо!" - таа беше вон себе и ме туркаше со сета сила.
- Каде да ставам, бабо?
- На „нулата", на „нулата"! Пак на „нулата"! Стави многу повеќе! Колку имаме? Седумдесет? Нема зошто да ги жалиш, ставај одеднаш по дваесет!
- Дојдете си присебе, бабо! Тој понекогаш ни двестапати не излегува! Ве уверувам, целиот капитал ќе го вложите.
- Ме лажеш, лажеш! Ставај! Како ти ѕвечи јазикот! Знам јас што работам - бабата дури се затресла во занесот.
- Le jeu est fait! (Играта е завршена!) - викнал крупјерот.
Кругот се завртел и излегло тринаесетка.
- Изгубивте!
-Уште! Уште! Ставај уште! викала бабата. Јас веќе не се спротивставував и, слегнувајќи ги рамењата, ставив уште дванаесет. Кругот се вртеше долго. Бабата просто се тресеше следејќи го кругот. „Не е можно таа навистина да мисли дека на „нулата" пак ќе добие?" - си помислив гледајќи ја со чудење. Непоколебливата сигурност во победата светеше на нејзиното лице, неизоставното очекување дека секој час ќе викнат „нула"!
- Нула! - викнал крупјерот.
- Што!!! - со неконтролирано ликување му се обратила бабата.
Природно, тоа било само почеток. Лошиот дух на хазардот, скокоткајќи ја жртвата, и се потсмеал. Како што и можело да се очекува, бабата, по значајната добивка, продолжила да игра се додека не го изгубила целиот имот - парите на коишто сметале нејзините роднини.
Таков е хазардот. Ако се работи за игра без влог, тој е пак присутен: наместо една страст, среброљубието, го зазема другата - гордоста. Таа ја диктира „желбата за победа". Дури ако играш и со машина, т.е. со компјутер.
Секоја хазардна игра завладува со темните страни на нашата грешна природа.
Па тогаш што се случува со детската душа која е опфатена со страста на хазардот, ако и стариот човек, кој стекнал животна мудрост, не може да му одолее? Кога детето се бори со чудовиштата од телевизискиот или од компјутерскиот екран, или немилосрдно („ги убива „патките" или противниците), него го обзема посебно возбудување што продира во целото негово битие. Во него оживува се она што е најлошо, во него се јавуваат најтемните нагони, неговата состојба постанува како состојба на опседнатост.
Хазардната игра, со својата острастеност, со својата непредвидливост, со доминацијата на случајноста, претставува, според исправната забелешка на споменатиот В. Тростников, типично ѓаволска, демонска работа. „Значи ли тоа дека родителите кои на децата им купуваат електронски игри всушност ги подготвуваат своите деца за во пеколот?" Со ова реторичко прашање тој го завршува своето расудување за големата штетност од компјутерските игри за умот и за душата на детето.

 (Продолжува)

Korica.Detetovosvetotnatv.jpg

Прот. Александар Дубњин - ДЕТЕТО ВО СВЕТОТО НА ТЕЛЕВИЗИЈАТА И НА КОМПЈУТЕРИТЕ

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство
Господин Тимотеј
Православен Митрополит Дебарско - Кичевски и Плаошко – Струшки

Друго: