Beseda4.jpg

ДЕЦАТА САКААТ ДА СЕ ПРОТИВАТ

Децата во предучилишна возраст и учениците во пониските одделенија многу активно го запознаваат животот. Стручните луѓе - детските психолози тврдат дека децата на таа возраст не живеат еден, туку неколку животи: и својот живот и животот на јунаците од приказните и од цртаните филмови - оние што ја допираат сензибилната душа на детето. Таков е нивниот стремеж кон максимално исполнетото проживување на случувањата.
Овде многу повеќе зависи од воспитувачите
- првенствено од родителите. Од нив зависи кога конкретно и во што ќе ги имитираат нивните деца. Нема ли тоа да биде, можеби, Вампирчето или Мики-Маус, или подоцнежниот вонземјанин
- Супермен?
Секако, примамливо е да се биде силен, семоќен, таков што сите од тебе ќе се плашат, да се умее да се прави се она што другите не умеат -на пример, слободно како птица да се лета над земјата, да се изгоруваат предемети со погледот! Но, сепак...
Едно дете многу сакало „цртани". Неговата фантазија била окупирана од цртаната серија за „летечките глувци": тие глувци можеле да прават вешти и високи скокови - преку куќи, преку дрвја итн. Во почетокот детето скокало по станот: „Јас сум глувче што лета! Ја сум глувче што лета"! И еве, некако, тоа, во тој ден заедно со некои други деца, преку таванот се искачило на покривот од зграда со 16 катови. Децата почнале да се однесуваат наивно. И овде, нашето дете си замислило дека може и тоа, како неговите омилени глувци што летаат, да прескокне на соседниот покрив: бидејќи токму така и тие правеле. Неколку чекори кон ивицата - и еве ја трагедијата...
Испаѓа дека развивањето на фантазијата кај децата на тој начин што им се покажуваат супер-јунаци е многу опасно.
Но, оф, ниту тој трагичен случај нема да ги натера родителите на малите деца да им го истргнат телевизорскиот кабел од приклучникот.

ШТЕТНО Е ЗА ЗДРАВЈЕТО

„Синиот" (телевизиски) екран, каде што современите семејства го поминуваат скоро целото свое слобдно време, истовремено нанесува несомнена штета на физичкото и на психичкото здравје на децата. Детските психијатри и психолози сметаат дека главните болести на децата во XXI век ќе бидат болестите предизивикани од телевизијата и од компјутерите.
Јеромонахот Анатолиј (Берестов), доктор по медицински науки, детално објаснува каква штета носи телевизорот врз здравјето на детето.
Како прво, телевизискиот екран создава зрачење што доведува до нервно-соматски пореметувања во организмот кај детето; по таквото зрачење нагло се исцрпува неговиот нервен систем.
Како второ, долготрајното седење пред екранот на телевизорот (како и пред компјутерот, како што е всушност и со книгата, ако детето веќе знае да чита), доведува до астеничко-невротични пореметувања: заради неподвижноста се пореметува работата на цревата, од организмот тешко излегуваат продуктите на распаѓање, па децата често се разболуваат. Највоочливи се психичко-емоционалните пореметувања поврзани со информациското влијание на телевизијата врз личноста на детето. Забележано е дека кај децата кои се навикнати да седат покрај телевизорот, помнењето им е многу слабо; тие поспоро размислуваат на училишните часови; не се во состојба да се концентрираат; кај нив доаѓа до пореметување на спиењето; постануваат раздразливи, нервозни, осетливи. Со тоа се влошуваат и односите со родителите, посебно ако тие настојуваат детето да се оддели од екранот.
Тоа не е чудно, бидејќи телевизијата ги обзема разумот и душата, врши хипнотичко влијание. Не само детето, туку и возрасниот човек, со својата појака и постабилна психа, не може да му се спротивстави на тоа влијание, дури и ако критички го доживува она што го гледа.
Телевизијата на разни начини, според волјата, или спротивно на волјата на детето или на адолесцентот, го „програмира" неговото однесување - го присилува да живее според законите на телевизискиот свет, бидејќи делува врз неговата потсвест.

 (Продолжува)

Korica.Detetovosvetotnatv.jpg

Прот. Александар Дубњин - ДЕТЕТО ВО СВЕТОТО НА ТЕЛЕВИЗИЈАТА И НА КОМПЈУТЕРИТЕ

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство
Господин Тимотеј
Православен Митрополит Дебарско - Кичевски и Плаошко – Струшки

Друго: