....Воопшто, едноставните работи многу помагаат. Нека се она  кое го имате, биде просто и квалитетно. Таквите работи ги ценат дури и светските луѓе, а на монасите тие и им помагаат. Подсетуваат на сиромаштво, страдание, монашки живот. Кога кралот Георгиј дошол во Великата Лавра, Отците нашле еден сребрен послужавник, и на него го донеле послужувањето за кралот. Здогледувајќи го, кралот им рекол: „Искрено кажано, очекував нешто друго од вас; очекував дрвен послужавник. Вакви послужавници ми здосадија.“

    Сладоста која со себе ја носи едноставноста, сеуште не сте ја разбрале. Едноставноста одмара. Пази како може да се направи една убава закачалка од еден /дрвен/ калем за конец! Многу практична работа! А вие се мачите и и ги закачувате расата на тенка шајка која сте ја заковале тука. Ако падне варта , треба секојпат кога ќе го земеш расото да ја триеш како би се исчистила. Наместо да ковате големи шајки на ѕидот и со нив да се служите. Толкав ѕид, а ниедна шајка како што треба! Исто така, вие користите дрвени закачалки. Тие треба да се лакираат, од нив да се чисти прашината... Наместо да ги поедноставувате работите како не би губеле време, вие вложувате во....„многувременост“. Би требало да барате беспрекорност во духовните работи. Не ја трошете својата сила на надворешните украсувања; разубавувајте ги душите. Деноноќно грижете се за своето духовно совршенство. Ако својата љубов кон убавината ја искористите за добробит на душата, еден ден ќе се зарадувате на својата мала духовна палата.

   -Старче, некои велат дека во манастирите секогаш постоеле скапоцени работи, и дека всушност тие /манастирите/ ја одржале светската култура!...

   -Можеби мислат на ризниците.Знаете ли кога настанал најголем број од ризниците? После падот на Цариград. Сите овие работи некогаш биле на дворовите. Но потоа, како би ги сочувале, ги носеле по манастирите. Царицата Мара, на пример, ги криела малку по малку од Султанот. Некои пред смрт своите драгоцености ги ветувале на манастирот, како не би се загубиле.  Манастирите тоа не го барале, туку тие кои поседувале нешто чувствувале во нив сигурност. Затоа токму на нив им оставале вредни предмети. Повторно, на манастирите во наследство им биле оставани цели богатства, како би се искористиле за потребите на сиромашните луѓе, бидејќи тогаш не постоеле старечки домови, домови за сираци, душевни болници, добротворни установи. Им оставале во наследсво и големи имоти, како манастирите би можеле да ги даваат на луѓето на кои им било неопходно. Во тие тешки времиња се гледало далеку: манастирите помагале на народот материјално како потоа би им помогнале и духовно. Кога некој сиромашен човек би дошол во манастир, би му дале нешто за благослов, и така тој ќе можел да си го ожени синот или омажи ќерката. Односно, тогаш целта на манастирот била  - да се помогне на сиротиот народ. Затоа и се градени големи конаци . Знаеш ли колку луѓе ги имаат помогнато манастирите за време на окупацијата? Многу. Тогаш надимакот „Каракалос“ беше прилично чест, бидејќи кога некое семејство би било гостопримливо, за него би говореле дека е налик на манастирот Каракал. Затоа манастирите правеле слави на денот на некој светител, како сиромашните би можеле барем тој ден да јадат риба; за да и они малку се провеселат, а воедно и духовно да им се помогне. А зошто сега да се прават толку големи слави? Зошто денес луѓето би јаделе риба по манастирите, кога во ништо не оскудеваат?

 

Продолжува......  

Извадок од: „Поедноставете го својот живот за да отстапи напнатоста“
Подготви: Сузана Стефановска

Друго:

 

 

Посети: {moshits}