Дали виде тие сивите прекривки колку ја разубавија вашата гостоприемница? А не ве чинеше многу !

Старче, како монахот може да знае дали нешто му доликува на манастирот, или не?

Нека се запраша: „ Кој сум јас и какви се моите обврски во овој живот?“ Како што на војската и прилега маслинесто-зелената боја, така на манастирот му прилега црната. Не оди сега во војска да се носи црно, а во манастирот маслинесто–зелена. Ајде сега вие облечете бели, болнички мантили, како медицински сестри – всушност, зар не сте и вие „сестри“ – а тие да облечат црно, зар не би внеле очајание меѓу болните, и не ли би ги навеле да помислат: „ Изгледа ќе умреме, ама тоа не ни го кажуваат отворено!... Не оди тоа да го правиме! Може нешто и да биде убаво, ама да не му доликува на монаштвото. Плишот е убав, но ако јас облечам плишано расо, тоа нема да ми прави чест, туку срам. Не користете црвена и шарени бои! Не ви прилегаат!

Односно, Старче, се да биде необоено, невкусно...

Баш тогаш и ќе се открие /оној вистинскиот, духовниот/ вкус. Но потребно е тоа да се сфати. Луѓето сеуште не ја разбираат  оваа радост која се крие во едноставноста. Еве, и јас во својата ќелија ќе ја натопам метлата, па ќе го симнам чадот од таванот. Тоа го правам еднаш годишно, па така, бидејќи метлата е натопена, таа прави некои убави облици, црно бели шари по таванот. Некој да ги види, би помислил дека тоа јас сум го нацртал! Знаете ли колку тоа ме радува?

            Познавам калуѓери кои не се радуваа на монашкиот, туку на светскиот дух. Никогаш не ја почувствувале разиграноста на душата, радоста која ја носи едноставноста. Скромноста многу помага во духовниот живот. Монахот треба да го има тоа што му е потребно и тоа што му доликува. Нека се ограничи на тоа што му пружа малку олеснување; да не се стреми кон светскиот дух. На пример, еден војничка прекривка сосема задоволува; нема потреба да биде чипкаста или шарена. Така се раѓа едноставноста, духовното мажество.

     Му даваш нешта на монахот – го уништуваш; го ослободуваш од нештата – го одмораш. Ако монахот ги натрупува работите, самиот себеси се уништува. Кога ќе ми испратат нешто – чувствувам тежина, и се обидувам да се ослободам од тоа; ако имам нешто што е одвишок во ќелијата, се чувствувам како да носам тесна подкошула. Не наоѓам ли некој кому тоа би го подарил, подобро да фрлам се. А кога давам чувствувам олеснување, некоја слобода. Во една прилика ме посети еден познаник, па ми рече:

o.Pajsij.Svetogorec.jpgСтарче, тој и тој човек ми ги даде овие нешта да ви ги донесам. Бараше од мене да се молите за од него да одстапи напнатоста.

Од него да одстапи, а мене да ми дојде? Земи го тоа, и бегај. Јас сум стар човек; не можам да одам по Света Гора да делам работи.

Сите олеснувања кои луѓето ги користат, монахот го поробуваат, наместо да му помогнат. Монахот треба да се труди да ги намалува своите потреби, да го поедностави животот; во спротивно – не чувствува слобода. Да бидеш уреден е една, а да бидеш дотеран е сосема друга работа.  За да ги намалиме своите потреби, многу помага кога нешто употребуваме за извршување на повеќе работи. На Синај имав една конзерва во која припремав и чај и каша. Што мислите, што му е потребно на човекот за да живее? Некогаш во пустината се јаделе само урми. Ниту се палело оган, ниту имале потреба од дрва. Сега земав една конзерва од млеко, малку ја засеков и направив нешто како рачка. Во тоа најлесно се приготвува чај и кафе. За час се загрева на мал горивник! Не  е како овие ѓезвиња! Потребен ти е цел куп шпиритус за да се загреат! А за таа конзервата, само да натопиш малку памук во шпиритусот, и – тк, кафето е готово. А за осветлување немам дури ни ламба. Ноќта ја минувам само со свеќа....

  

Продолжува......  

Извадок од: „Поедноставете го својот живот за да отстапи напнатоста“
Подготви: Сузана Стефановска

Друго:

Старец Паисиј Светогорец - Поедноставете го својот живот ( продолжение )  

Старец Паисиј Светогорец - Поедноставете го својот живот

 Старец Паисиј Светогорец- Да се живее со вратоломна брзина е прав пекол

Старец Паисиј Светогорец - Светската среќа раѓа светска напнатост

 

 Посети: {moshits}