Crkva.Galeb.jpg


„Постои лукавство, и тоа е гнасота“ (Сир. 19,20)

Лукавството настанува од лагата, а татко на лагата, како што тврди Светото Писмо, е самиот ѓавол. “ Со сите сили труди се да не изговараш едно со устата, а во срцето да имаш друго“, „ не воспоставувај пријателство со лукав човек“ – се вели во Отечникот кој го составил св. Игнатиј Брјанчанинов. Многу мисли кои го разобличуваат лукавството содржи и Стариот завет, а тоа сведочи за древно морално неприфаќање на овој порок. „Одфрли ја од себе лажливата уста и јазикот лукав да биде далеку од тебе“ или „Во лукава душа нема да влезе мудрост“, се вели во Бибилјата.
Лагата е туѓа на вистината, колку и да таа надворешно изгледа невина. Постои поим „света лага“, но и таа е само делумно оправдана заради слабоста и немоќта на оној кој ја изговара .( На пример кога лекарот на пациентот му вели дека неговата безнадежна здравствена состојба ќе се поправи) Лукавството е поврзано со подмуклоста, тоа е неискрено и лицемерно. Лукавиот човек се познава по очите, изразите на лицето, движењата, ститсокот на раката. „ Од таквите луѓе не е лесно да се тргнеш и да се спасиш од штетите кои тие ги нанесуваат, затоа што нивното лукавство е длабоко прикриено со маска на пријателството“ – учел св. Василиј Велики. „ Лукавото срце е корен и извор на гревот“ – разобличувал св. Симеон Нов Богослов.
Денес ни се добро познати лукавите зборови за Русија и благосостојбата на народот, зборови на оние кои правејќи си себе кариера се прикриваат со убави и патриотски фрази.
Но често и внатрешниот лукав глас пошепнува: „Земи, никој нема да те види“, „ Нејди си себе љубовник, па сите денес така живеат“, “Понуди мито на тој и тој, работите ќе ти тргнат“ и сл. А понекогаш човекот сакајќи да врши добро воопшто не го врши или кога ќе направи нешто од чисто срце и без користољубие, чувствува лукави помисли на гордост, желба за признание и сопствена корист.
„ Како што од горчливиот корен, и гранки и листовите и цветовите и плодовите се горчливи, така и од лукавиот човек и одењето и погледот и изгледот и работата се лукави“- пишувал св. Јован Златоуст.
Неопходно е во себе да одржуваме чисти мисли, без комбинаторики и пресметливост, мисли кои непосредно доагаат од срцето. „Лукавите помисли го одвојуваат човекот од Бога“ – нагласувал св. Нил Синајски.
Водете внатрешна војна дури и со најмалите појави на лагата, не само во големото, туку и во малото, дури и во најмалиот збор или во духовитоста тежнејте да ја избегнувате невистината. Да се мисли едно, зборува друго, а прави трето е девиза на политичарите и сплеткарошите, додека духовниот човек е целовит, чист и слободен од лагата, а тоа се одразува и во изразот на неговото лице, во отворенит, светол и искрен поглед, во мирниот искрен глас и праведните постапки. Да го искорнеме лукавството од себе!
Тематски мисли:
1. Лукавството е лага луѓето тешко ја препознават од одма. Лукавството се состои токму во тоа што нема јасен темел, а да се допре до дното, треба да се потроши многу сила и енергија,а понегош и време (еп. Јован Шаховски).
2. Тоа се нарекува лукавство затоа што создава мака и исцрпеност на оној кој му се предал(св. Јован Златоуст).
3. Душата на таквиот (лукавиот) човек секогаш е исполнета со тага, неговите мисли секогаш се невесели. (св. Јован Златоуст).

Подготви: дипл. теолог Александар Ивановски
(извадок од книгата „Терапија на душата според Светите Отци)

Друго: