Митрополит Антониј Блум (Сурожски)

 

Mногу често, хомосексуализмот се опишува како болест и затоа се претставува како неизлечива појава. Должен сум да кажам, дека јас со тоа мислење не се согласувам. Хомосексуалноста е неприродна и се разбира болна состојба, но колку што ми е мене познато, физичка или физиолошка основа за хомосексуалност нема. Во една психијатриска клиника во Лондон беше направено многу темелно истражување по ова прашање и резултатот беше следниов: хомосексуалноста изразува или психичко растројство или гревовност во смисла на разврат.Како психичко растројство оваа појава може да се објасни различно. Има и причини за кои сеуште немаме јасна претстава. Но, често се случува, човек да постане хомосексуалец (на руски мажеложник), зашто во текот на целото негово детство бил подложен на злоставување, на  “љубовната “ грижа на мајката или на некоја друга жена, која ја заменувала мајка му и како резултат, во тој човек се појавува страв, одвратност и ужас кон се што е женско.

Тоа започнало, кога тој воопшто немал свесност дека е злоставуван, ниту имал осет, дека не се сите жени исти, како оние кои го злоставуваат. Но, тоа се инјектирало (вметнало) во неговата психа, и се одразило на неговото сознание, така што тој човек не може да го разграничи и оддели. Така се раѓа страв, одвратност и оддалечување од се што е женско, од секоја жена. И, бидејќи во тој човек има природна полова определба, тој ја пренасочува кон себеподобните, но со ова искушение може да се бори или да му се предаде. Ако се предаде на својата потреба кон маж, од аспект на Црквата човекот прави грев. За ова јасно говорат, св.апостол Павле (1Кор. 6:9) и црковните канони: хомосексуализмот е не-сместлив во христијанството. Станува збор, не за тоа дали  човекот може да има различни сексуални определби, туку дали тој се бори против нив.

Тогаш, тоа е еден ист проблем, кој го имаат секој маж и жена. Некој има силна привлечност кон другиот пол, но заради внатрешното сознание за своето достоинство и чистота или врз основа на својата вера, не му се предава на искушението. Ако човек се предаде на својата сексуална определба во однос  на луѓето од спротивниот пол, тогаш тој не се осудува заради определбата, туку заради дејството. Гревот станува грев, не тогаш кога во нас има извесно искушение и ние се бориме со  него, туку тогаш кога му се предаваме.Во оваа смисла, во житијата на светите, ние имаме чудесен пример за разликата во Божјиот Суд над искушението, мотивот и над самото дејство. Имало еден свештеник-монах, кој секогаш кога крштевал жени се возматувал во срцето. И тој започнал да му се моли на св.Јован Крстител да го ослободи од таа гревовна бура. Св.Јован му се јавил и му рекол: “Јас можам да измолам од Бога да те ослободи од ова искушение, но ти ќе го загубиш маченичкиот венец. Продолжи да се бориш против оваа страст и никогаш немој да и се предаваш, зашто тоа е твојата борба против злото, во името Христово. Ако те ослободам јас, ти повеќе нема да бидеш борец за Христа“.

Во однос на хомосексуализмот ние сме должни да го заземеме ставот – или е психичко растројство, или свесно примена гревовност, т.е. разврат. И во двата случаја, ако нивната определба постане дејство, тоа подлежи на црковна казна и одлачување. Во минатото, борбата со ова гревовно искушение била поддржана со неодобрување од општеството, со забрани, не само од црковните туку и од граѓанските закони. Денес, кога граѓанските закони не го осудуваат хомосексуализмот, секој човек е должен да носи потполна одговорност за постапките спрема овие факти и дури ако е неопходно, и да се спротивстави на мислењето на другите луѓе.Сила, за да се спротивставиме на општественото мислење, е неопходно потребна, не само во однос на хомосексуализмот, туку и во однос на многу други прашања, пред кои е исправен христијанинот во едно нехристијанско општество, кое исто така треба да се има предвид.Би требало да додадам кон веќе кажаното, дека треба да бидеме будни кон пројавите на особена гревовност и малформации кај возрасните, кои  соблазнуваат деца. Зашто децата без да знаат што се бара од нив, можат да бидат вовлечени во оваа стихија на темнината и злото, вообразувајќи си дека се предводени од возрасни луѓе, кои знаат како треба да се живее, а всушност е токму спротивното – тие  возрасни луѓе не само што незнаат како треба да се живее, туку и го упропастуваат животот на други луѓе, такашто ги развратуваат. 

од делото: “Телото и материјата во духовниот живот“ Антониј митрополит Сурожски, 2002  

Подготви: М.З.