Си била еднаш една многу сиромашна жена која имала само едно прекрасно дете, кое многу го сакала и кое и било единствена утеха во нивната сиромаштија. Меѓутоа често им завидувала на богатите и често си велела себе си дека би била најсреќна жена доколку го има сето злато , пари и богатство како нив. Една вечер на сон и’ се појавил еден богато облечен човек кој и рекол дека дошол да и ја исполни желбата и дека ке ја одведе до една просторија полна со богатство и злато и дека од таму ке може да земе се што ќе посака , но кога ке тргне накај дома да не го заборави она што и е во срцето најмило.

Жената била пресреќна, опиена од толку посакуваното богатство околу неа. Во собата останала со часови, лакомо собирајќи злато, богатства и се што и изгледало вредно и што може да се понесе. Кога не можела веќе ништо да понесе , барала да ја пуштат. Човекот кој и дошол на сон и рекол уште еднаш да погледне дали земала се, да не случајно заборавила нешто, нешто што и е најмило. Жената погледнувајќи во огромната количина на богатство која ја носела, воодушевено рекла дека тоа е се што од секогаш посакувала и дека тоа и е најмило во животот. Брзајќи истрчала од просторијата а големата врата зад неа се затворила. Дури кога се вратила дома сфатила дека нејзиното дете останало внатре. Во тој момент испуштила очајнички крик и се разбудила од сонот веднаш погледнувајќи покрај себе, дали нејзиното дете е тука. Кога го видела како мирно спие покрај неа , цврсто го прегрнала а солзи радосници и ги исполниле очите. Тогаш сфатила колку големо богатство поседува, а дека не била свесна за тоа.

п.с.Кога во животот ќе помислите: ,,немам ова, немам она...’’ сетете се на оваа приказна!

 

Избор од ФБ на: Николај Филотеев

Ноември 2017 лето Господово