Старец Паисиј

 

Секој човек, преку својот живот и работа, треба да ја освети својата работа и да стане свет. Уште повеќе, доколку самиот е работодавач, треба на своите работници духовно да им помогне. Ако човек е во добро внатрешно расположение, тогаш и неговата работа ќе биде осветена. На пример, кога еден чирак оди да изучи занает кај некој мајстор, мајсторот треба да го поучи, преку пример, како да живее духовно. Од ова полза ќе видат не само чиракот и мајсторот, туку и крајните корисници на произведените добра.

Секоја професија може да биде осветена. На пример, лекарот не треба да заборави дека во лекувањето најмногу помага Божјата благодат. Оттука, лекарот треба да се труди да ја стекне Божјата благодат. Лекарот кој истовремено е и христијанин, треба на болниот да му помогне и преку благост и вера. На болниот, соочен сосериозно заболување , тој може да му рече: „Лекарствата делуваат дотука – но, не заборавај дека Бог е Оној Кој твори чуда“.

Или, да речеме, еден учител, кој поучува со радост, може да го помогне духовното раѓање на учениците, нешто што дури ни родителите не можат да го направат, макар и да имаат добри намера. Додека ги учи да читаат, учителот може да ги научи и да бидат добри луѓе. Инаку, што фајде ќе видат од читањето? На општеството му се потребни добри луѓе што ќе прават добри дела, без разлика на тоа дали се кујунџии или астронаути. Учителот треба да води сметка дали учениците се добри, совесни и набожни, покрај – се разбира, тоа дали знаат да читаат.

Понекогаш, двојката може да биде петка во Божјите очи, а нечија петка – единица.

Св. старец Паисиј Светогорец

Извор: http://pravoslavie.mk. Прочитајте повеќе на: http://pravoslavie.mk/sekoja-profesija-mozhe-da-bide-osvetena/