Оче архимандрите, кај Вас во манастирот Витовница доаѓа многу народ кој бара утеха. Ве молам да ни кажете како и кога тоа започна? .............

   o.tadej4.jpgПочна некако изненадно. Владиката на мојата молба ме постави на парохија, каде што се надевав дека ќе ги ублажам грижите околу изградбата на манастирот. Еден ден,1975.година, дојде кај мене братот Драги и ме повика на богомолителски собир. Братот Драги беше по занимање техничар и раководеше со изградбата на црквата во Крњево, каде што е и најголемото богомолителско движење во нашата епархија. Дојде тој една вечер со својот автомобил – често имаше богомолителски собир таму во Крњево – и рече: "Ајде, човеку, малку и ти да дојдеш таму, да разговараме". Реков: јас никаде не сум одел, никаде по богомолителските собири ниту по слави, не можам да одам."Ама, ајде". Ама, реков, не можам. И тој си отиде. Другиот пат тој дојде со двајца, троица."Ајде!". Реков, не можам. Одбив, повторно. Третиот пат дојдоа со комбе тие  шестмина. А јас, навечер, обично околу црква се шетам..."А, сега не можеш да ни побегнеш. Мораш да одиш!". Му велам на братот Драги: брате Драги, ти си член на епархискиот совет, сега наскоро владиката ќе ги повика членовите, па кога ќе заврши седницата ти прашај го владиката. Ако владиката благослови, јас можам да одам. Инаку, тоа што ти ме викаш или некој друг – тоа не. Никаде не сум одел, не умеам да се снајдам со луѓе, човеку, и тешко ми е воопшто, многу ми е тешко. Туку кога ќе се заврши седницата, ти прашај го владиката. Ако владиката благослови, тогаш можеш да дојдеш и да ме одведеш, тогаш морам да одам бидејќи владиката благословил. А јас не се надевав дека тоа тој и ќе го направи. Кога седницата завршила, тој го прашал владиката и владиката благословил. Реков, сега немам каде. И така тоа започна....

Тука прв пат се сретнав со владиката Атанасиј, кој тогаш беше јеромонах и професор на Теолошкиот факултет. Тогаш главата сеуште ми беше полна со изреките на Светите Отци. Ме прашуваат едно, друго, јас одговарам и гледам дека им се допаѓа тоа што им го говорам. Тука запознав многу богомолители кои во изреките од Светите Отци нашле одговори на многу прашања кои ги мачеле. Од тогаш луѓето се повеќе и повеќе почнаа да доаѓаат кај мене, а сега постојано доаѓаат.

Дури во 1975. година се остварија зборовите на Анѓелот кои ги чув во почетокот на Втората светска војна во затворската ќелија во Петровец:"...Треба уште многумина  да утешиш и да охрабриш." Морав многу да зборувам и од тоа почна да ме мачи грлото. Добив запаление на грлото, кое ниту денес го немам целосно излечено. Понекогаш ми е многу тешко, едвај Литургија можам да служам.
Ете, така животот тече....

Во денешно време можноста за образование е достапна на широк круг на луѓе. Сакате ли за читателите на нашиот часопис да објасните која е важноста на школувањето, колкава е неговата корист за духовниот живот и за спасението?

Треба човек да се школува, да го дознае тоа што може, но школото дава само образување на разумот, не и духовност, Повеќето од нашите теолози кои предаваат во богословиите и на факултетите не живеат како што предаваат и учат. А тие треба животен пример да им пружат на децата и на младината. Меѓутоа, тоа го нема и затоа е тешка состојбата.

Школото дава мислено образование, разумно, но духовноста ја нема. А  децата треба да имаат животен пример бидејќи со него многу повеќе се говори (сведочи) отколку со зборови. Ние можеме да слушнеме многу поучни работи за животот и за духовноста, но прашање е дали ќе можеме сето тоа да го примениме во животот. Но, кога ќе видиме животен пример дека човекот е мирен, тих, благ, дека не се вреѓа кога го навредуваат, тогаш и тој што учи сака да биде таков. Сила му е животниот пример пред очите. Затоа со животот многу повеќе се говори отколку со зборови.

Примерот на богоугодното живеење го утврдува теориското знаење и му дава практична потврда. Тоа не е само случај со науката за Бога, туку и со сите други науки. Секое сознание кое човекот го открива по пат на науката е дар Божји на луѓето и го објавува присуството Божјо во овој свет. Сосема друга работа е практичната примена од тоа дарувано сознание. Таа зависи, како што реков предходно, од нашиот живот – по Бога или против Бога. Затоа тоа станува искористено за корист или за штета на човештвото. Ниту едно сознание до кое човечката наука стигнала, Бог не ја дарил за штета, секое е дарено исклучиво за добро и само за добро. Самата  човечка расипана слободна воља, таа која го загубила стравот Божји, го претворила Божјото добро, дарено на луѓето, во зло, поради што и страдаме и се мачиме во овој свет.
            
Оче Тадеј, Вие живеете духовен живот и затоа нашата овдевремена стварност можете да ја опфатите со духовен поглед. Кажете ни, Ве молам, неколку збора за невољите кои го снајдоа српскиот народ, зошто тие ни се случија и како да ги совладаме?.......

Подготви: С. Стефановска

 

Друго:

Монашкиот пат на Старец Тадеј (3-то продолжение)

о.Тадеј-„Штом вниманието ни се одврати од Господа ние го губиме внатрешниот мир“ 
Монашкиот пат на Старец Тадеј (продолжение)
Монашкиот пат на Старец Тадеј

+++

О.Тадеј: „Мислев дека сите монаси, свештеници и епископи имаат бесплатна благодат...“ 
Отец Тадеј- Во срцето треба да владее мир, тишина, молчење...

О. Тадеј- Мислениот хаос кај нас и во нашата држава доаѓа од нашите мисли 

 

Посети: {moshits}