gerondas-amvrosios-320

17/06/2015   Поуки - совети

Еден маж и една жена за прв пат го посетиле манастирот, во којшто живееше старецот Амвросиј Лазарис.

Откако зеле негов благослов, седнале наспроти него и замолчиле. Така поминало извесно време и старецот ги прашал за нивните имиња. Потоа, наеднаш и неочекувано му се обратил на мажот и му рекол:

„Тебе ќе ти ги исечат рацете и нозете!“

Изненаден, мажот се стаписал, а потоа го прашал старецот:

„Зошто да ми ги исечат рацете и ноѕете, отче?“

„А ти зошто ѝ викаш?“ – го прашал отецот строго и покажал со внимателен гест на жена му.

„Да, да, отче, убаво што го кажавте тоа, зашто таа сега е среќна што еден толку угледен човек застана на нејзината страна.“

Мажот бил запрепастен од она што го слушнал.

Ја осознал својата грешка, дека не требва да го носи дома својот гнев од на работа и постојано да ја обвинува својата жена, по што ја наведнал својата глава. Во тој миг се потсетил на сите тие неприлики.

Старецот откако ја видел промената и дека човекот ја осознал својата вина, потполно го сменил својот однос кон него, ја пуштил раката и го погалил по главата.

„Слушај, синко“, му рекол нежно, „ Ти се наоѓаш во еден чамец. Си се качил некогаш во чамец?“

„Да, сум се качил“, одговорил мажот засрамен.

„Има ли весла тој чамец?“

„Има.“

„Колку весла има?“

„Две!“

„Има ли чамец со едно весло?“

„Нема.“

„Ако се најдеш во таков чамец, до каде ќе стигнеш?“

„Не знам.“

„Ќе се вртиш на едно место, ете така.“

boat

И старецот направил кружно движење со својата рака:

„Така е и со твоето семејство. Ако весла само едниот, нема да стигнете до никаде. Бракот ваш е еден чамец, во којшто сте двајцата и пловите во океанот. За да стигнете на пристаништето, треба да веслате двајцата. Ако веслаш само ти, нема да успеете. Разбра ли?“

 

Старец Амвросиј Лазарис

Превод: Кристијан Ташевски

Извор: http://pravoslaven-sviat.org/2015/05/24/brakyt-e-lodka/

Преземено од: Преспанско- пелагониска епархија