за-о.-Грачов

 

23/05/2015   Поуки - совети

Кај мене на исповед дојде едно болно девојче на 12 години од детскиот дом за ментално заостанати. Тоа не можеше да поврзе ни два збора, постојано се вртеше, имаше ненормален поглед, постојани гримаси – сето тоа Зборуваше за нејзината „неполноценост“ (недоволност). И, ете, таа започна да се исповеда и причестува секоја недела. По една година кај неа се појави потреба да ги открие своите помисли. (Кој се моли и често се исповеда знае што  е тоа.) Девојчето започна да води таков внимателен духовен живот, за кој се сомневаат дури и оние луѓе, кои се сметаат за длабоко побожни и црковни. Таа започна да се моли со Исусовата молитва (Господи, Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме  мене грешната), да се моли со помислите, да простува за навредите, да трпи сѐ. Во текот на неколку месеци таа научи да пишува и чита, поминаа сите знаци на дебилност, на лицето и се исцрта печатот на духовноста. Во сето она што го зборуваше и правеше имаше чувство и расудителност. Кога ја гледав, срцето ми се стеснуваше од грешноста и неправедноста на мојот сопствен живот.

По извесно време ја преместија во друг детски дом, и јас со неа одреден период се немав видено. Но еднаш таа дојде кај мене и ми рече:       „Не грижете се за мене, оче, јас цело време сум со Бога. Тој дури не ме напушта и во сон …“

Ако потоа се соберат сите генијалци на светот и ми претстават најдецидни докази  за тоа, дека нема Бог, јас со тага би ги погледнал…

 

Автор: Прот. Алексиј Грачов

http://pravoslaven-sviat.org/2014/01/23/blagochestie-srehty-logika/

Превод од бугарски: богослов Дамјан Трпкоски