dete.pilotche.jpg


Зошто родителите недоволно сакаат?


Игумен Евмениј (Перистиј)

 

Постојат три основни причини поради кои родителите не можат да ги сакаат децата во доволна мера.

Прва: родителите се наоѓаат во незнаење во однос на излезот кон изворот на љубов – Бог, или, пак, нивните претстави за Бога, кои тие ги пренесуваат на децата, се искривени. Тие Бога Го замислуваат како суров, како Оној Кој ги казнува за најмал пропуст и води доживотно досие за човекот заради тоа, за потоа да му поднесе сметка на Страшниот суд. Не примајќи сила од Изворот на љубовта – Господ, родителската сила на љубовта со текот на времето се исцрпува и здобива егоистични форми.

Втора причина на недоволната љубов кон децата се состои во тоа што родителите погрешно сметаат дека децата се должни да ги оправдуваат нивните очекувања. Родителското чувство дека нивните деца не се во состојба да допрат со „неопходното ниво“ често станува главен повод за конфликти.

Многу родители ги гледаат своите деца како движен имот, како вид на сопственост. Тие сметаат дека децата се однесуваат на соодветен начин само тогаш кога зборуваат и го прават она што од нив го бараат нивните родители. Детското однесување кое се разијдува со очекувањата на родители ја предизвикува нивната критика. Таткото или мајката ги изговараат зборовите преполни со смртоносен отров:

- Таков не те сакам!

Не правејќи го тоа намерно, тие сепак го лишуваат детето од својата љубов и одобрување. Детето почнува да се чувствува несакано. Така се поставува темелот на неговите личносни проблеми во иднина: на многумина од нас ни се познати луѓе кои, непрестајно им се додворуваат на значајни луѓе кои се над нив по ранг (шефовите на работа, свештениците), се обидуваат да стекнат наклонетост, да „ја оправдаат довербата“. Ним, за жал, никој не им рекол дека воопшто не е потребно да се оправдува довербата – тие не се виновни за ништо.

Секое негативно или антисоцијално однесување на адолесцентот е крик за помош, обид да се ослободи од чувството на вина, злоба и повреденост, кои предизвикале критика и неприфаќање, а со кои се соочил на самиот почеток од животот.

Темата која е иницирана во ова поглавје длабоко и подборно е изложена во книгата на Н.А. Дробишевска „Детска вистина“, издание на Белоруската епархија, 2002. Авторот е лекар, психотерапевт со пракса, христијанска која шест години работела со тешки деца и адолесценти на детското одделение на психијатриската болница.

Престојот на вакви деца во психијатриска болница обично не доведува до подобрување на однесувањето. Тука и не може да дојде до она вистинско подобрување на однесувањето кое го очекуваат родителите и педагозите затоа што тука лекарите се соочуваат веќе со последицата. Меѓутоа, штетата од престојот во психијатриска болница, од лепењето на дијагноза како „етикета“, е несомнена.

Авторот смета дека мрежата од психијатриски болници во нашата земја почнала да се шири во мерка на рушење на Црквата, дека на нашите дека пред сè им се неопходни достојни примери од животот на возрасните. Децата ќе лежат во зло сè дотогаш додека ние, возрасните, со личниот пример на чесен живот не им покажеме поинаков пат.

  Извор: Амвон

11-ти април, лето Господово 2014

  dete.pilotche.jpg