Crkva.prolet.jpg

гуруизам   ДУХОВНИШТВО   ДУХОВНО РАКОВОДЕЊЕ  , НОВО  - СТАРЧЕСТВО, СТАРЧЕСТВО 
ПРАВОСЛАВНИ ГУРУ-ДУХОВНИЦИ
Духовникот во никој случај  не треба да  се стави себе си  помеѓу  Бога и верникот,  вели владиката  Порфириј.

Борејќи се со искушенијата верниците се свртуваат  кон своите духовници, свештеници, монаси.  Но и тие можат да подлегнат на искушенијата,  да го злоупотребат своето звање и од духовни отци да се претворат во тоталитарни  духовни водачи  кои што бараат беспоговорна послушност.

Кога таквиот свештеник или монах , наместо Бога,  себе ќе се земе за мерило  и критериум , кога ќе го доведе верникот во непрестајна зависност од својата личност, кога почнува да се меша  во секој детал  на неговиот живот  и му одредува како тој ќе спие , јаде, живее, тогаш тој престанува да биде духовник  и постанува  - гуру , вели викарниот епископ егарски  Порфириј.
 – Наместо тоа, тој треба духовно да го раководи и да го воспитува верникот, а во исто време да му биде и татко и пријател и брат, некој кој што пред се`  има љубов во односот со своите верници и своите духовни деца, се обидува да ја  подржува слободата на верникот , така што тие одејќи на кај Христа  да постанат тоа – што се.
 
 Духовникот треба  да ги упатува верниците на кај Бога , а не да се обидува да ги упати верниците на  кај себе, доведувајќи го во потполна ропска , потчинета врска , со својата личност , засолнувајќи го ликот Христов. Таквите духовници имаат менталитет на гуру и ја злоупотребуваат автентичната, здрава  и искрена потреба на секој човек за Бога,  за мистичното, за метафизичкото – вели владиката Порфириј.
 
Гуруизмот беше еден од клучните поими  и појави со кои што се занимаваа учесниците  на неодамна завршената конференција  на Меѓуправославните мрежи  - иницијатива за проучување  на религиите и деструктивните култови  во Нови Сад, каде што еден  од предавачите беше и владиката Порфириј.
 
„Православниот гуруизам“, иако самата појава  „ на „духовен  тоталитарист“, воопшто  не им  е туѓа  ниту  на  другите  цркви и верски заедници , можеби  може да ги привлече оние кои во Црквата и христијанството бараат решение   на своите проблеми на магиски начин, но и оние кои отворено и искрено и пристапуваат на верата, може дури да се свртат од  Црквата  среќавајки се со таквите духовни учители кои не го проповедаат она што нивната вера во суштина преставува,  напоменува владиката Порфириј.  


- Таквите култни групи злоупотребувајќи ги или искористувајќи  ги  различните проблеми и искушенија  на луѓето, нудат лесни, брзи и успешни решенија , го сокриваат своето вистинско лице  и лажно се претставуваат,  за луѓето да мислат  дека внатре во таквите организации ќе ги решат своите духовни и егзистенцијални проблеми. 


Православната Црква дејствува против таквите појави  во три насоки:  најпрвин со својата проповед се обидува  да ја  изнесе на виделина  вистината  за Евангелието  која што има цел  целосно да го изгради човекот  и да го престори во слободна личност со перспектива за вечна слобода , потоа со  изучување на  содржината на учењето и опасностите кои произлегуваат од овие групи и известување на јавноста за нив , за луѓето да знаат за што се работи.
 
 Конечно, Црквата дејствува и терапевтски,  се обидуваме да помогнеме на жртвите или на семејствата на жртвите,   да се одврзат од зависноста од култовите и сектите и сосема слободно и релаксирано да се вклучат во духовниот живот на Црквата – напоменува митрополитот Христофор.


Токму таа трета насока , меѓутоа,  може да биде проблематична. Рехабилитацијата  на жртвите на лажните пророци и други  „ божества на земјата“  е мошне тешка и бара  организирана работа на психијатри, психолози, социјални работници, свештеници, па дури и адвокати ,  вели Александар Дворкин, еден од најпознатите руски антикултни активисти и директор на центарот Свети Иринеј Лионски, кој се занимава со овие појави.
Превод: М. Даниловска Мина

http://zivimeshaton.wordpress.com/2013/01/08/%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8-%D0%B3%D1%83%D1%80%D1%83-%D0%B4%D1%83%D1%85%D0%BE%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8/