Dzordanvil.Hristos6.jpg

Џорданвил, парче рај на земјата
Троитско Свет Манастир

 

Dzordanvil.Hristos6.jpg

 „Нема да им дадам сон на очите мои, ни дремка на веѓите мои, ниту одмор на слепоочниците мои, додека не најдам место за Господа, дом за Јакововиот Бог...“ (Псалм 131: 4, 5).
 Онаму, каде тишината може слободно да тихува, каде само гласот на птиците се слуша и големите ѕвона, кои бијат за почеток на  соборна молитва, тука Пресвета Троица благоволи да се изгради манастир, преку кој на Севишниот молитви ќе Му се вознесуваат.

Dzordanvil.Hristos6.jpg

 Џорданвил...парче рај на земјата, место каде поминаа многу стари монаси и Отци, кои ја украсуваа Црквата со своите книги, океан на јазици...
 Двајца монаси архимандрити Пантелејмон (1984) и Јосиф (1970) неуморно работеа и не се откажуваа додека не Му изградија Дом на Бога. Манастирот Пресвета Троица се наоѓа во државата Њујорк во местото Џорданвил,  во САД, на 4 часа од градот Њујорк. Основан е од двајца, горе спомнатите архимандрити  во 1930 год. По изградбата на црквата и по осветувањето на истата и првата литургија во храмот, додека сите биле за заедничниот ручек, црквата се запалила и изгорела до темел. По ова големо искушение архимадритот Пантелејмон рече: “Тоа беше Божјо испитување на нашата вера“.
 До 1946 повторно е изградин нов, поубав и поголем храм, кој во истата година беше осветен. На осветувањето на оваа црква присуствувал и служел свети Јован Шангајски и Сан Франциски. Оттогаш започна духовниот живот во овој манастир.

 sv.Eftimij.Veliki.jpg

 

Dzordanvil.Hristos6.jpg

 „Влегувајте низ Неговите порти со славословие, во Неговите дворови со песна; славете Го, фалете Го името Негово...“(псалм 99, 4)
Во Троитскиот манастир поминале многу монаси, архимандрите, некои од нив подоцна биле и Митрополити и Архиепископи, како што се Архиепископ Аверки, митрополит Антониј Храповицки, Митрополит Анастасиј, Митрополит Филарет и др.
 Неколку години по изградбата на манастирот, основана е и духовна Семинарија, во која ќе се образуваат семинаристи и ќе се подготвуваат за идни пастири на Црквата Христова, која до денес постои како активна институција.

Dzordanvil.Hristos6.jpg


 Катедралниот храм на овој манастир е посветен на Пресвета Троица. Исто така во овој манастир има два параклиси. Едниот е посветен на Свети Јов Пачаевски, се наоѓа под катедралната црква, а другиот на Оптинските Отци, сместен во монашкиот конак. Уште порадосно што го украсува храмот се светите мошти. Речиси сите икони се со дел од свети мошти, всушност на самите икони во мал кивот (како ѕвезда) се сместени истите. Исто така има и посебен кивот, честици (140) од сите Киево-Печерски Отци, од Великата Печерска Лавра во Киев. Како заштитник на овој манастир е свети Јов Пачаевски. Овде се наоѓа и копија од чудотворната икона на Мајката Божја-Пачаевска.
  Овој манастир е под Руската Задгранична Црква. Во времето на митрополитот Лавр во 2008 година се соединија со Московската патријаршија. Денес Митрополит на оваа Задгранична Црква е Иларион, Прв Иерарх на истата Црква. Тоа што е важно да кажеме е дека при оваа Црква во САД се наоѓа оригиналната чудотворна икона на Мајката Божја Курско-Коренска- “Знамение“.
 Игумен на овој Троитски манастир е архимандритот Лука, кој е и духовен отец  и исповедник на монасите и семинаристите. Овој манастир е како духовен центар за оваа Црква, па и за САД, од кој излегоа многу диховни Отци, монаси и поглавари на оваа црква, вклучувајќи ја и Семинаријата.

Dzordanvil.Hristos6.jpg


 Духовната Семинарија е во делот на манастирот и фукционираат заедно. Оваа Семинарија постои 62 години од нејзиното основање. Семинарија има огромна библиотека со нас 50 000 книги со разна духовна и светска содржина.  Манастирот живее активен духовен живот. Се истакнува со својата убавина, посебно катедралниот храм. Целиот манастирски комплекс (покривите) е во зелена боја. Истиот манастир има своја печатница, која го носи името на свети Јов Пачаевски. Во оваа печатница се печатат речиси сила главни списанија, книга и православни календари за Руската Задгранична Црква. Има и своја свеќоливница, во која се прават свеќи од чист восок.

 

 “Кој ќе ми даде крилја гулабови, па да одлетам и да се успокојам“...на место каде што вечно со Христа ќе бидам. Интересно е да се наведе дека во овој манастир живеел наш монах македонец, отец Наум. Тој се упокои во 1985 год. Денес, исто така, во манастирот живее расофорен монахи, отец Дионисиј од Македонија, кој воедно и е семинарист.
   
 Спуштете го сидрото, застанете и пуштете ме да се хранам од плодовите на Бог, Кој ја создаде сета природа!
   
 Пресвета троице, Боже наш, слава Тебе!

Dzordanvil.Hristos6.jpg

 

 

 

Warning: No images in specified directory. Please check the directory!

Debug: specified directory - https://www.preminportal.com.mk/images/Dzordanvil.report

 

Стојанче Серафим Андов

Троитско свет манастир
Џорданвил, Њујорк

Лето Господово 2011