Сергеј Бољшаков
 
manastir.pantelejmon.jpgСо отец Мисаил се сретнав во манастирот Св. Пантелејмон на Света Гора 1951. г. Неговото послушание беше да се грижи за гостите. Беше тоа висок човек, со вистинско држење, здрав ум, добро помнење, благодушен и мил.  Еднаш така седев во својата прекрасна ќелија со портретите на императорот Александар II, неговата сопруга, и митрополитот Московски Филарет. Прозорците и вратата на балконот околу чиишто столпчиња се расцветале глицении беа широко отворени. Доле се гледаа манастирските зданија и цркви, градини, ридови и модро небо во далечина, залеано со блескава утринска светлина... Седев покрај прозорецот и разгледував нешто што всушност го бев пронашол меѓу ракописите во богатата манастирска библиотека – прекрасниот ракопис Раскази на еден поклоник. Пред мене несомнено се наоѓаше изворникот, според кој архимандритот на Казанско-черемискиот манастир ја приредил книгата. Ме заинтересираа фактите кои ги воочив, споредувајќи ги книгата и ракописот - тоа што во книгата без изоставени цели колони, туку и две доста долги приказни.  Во тоа време, на вратата почука и во собата влезе отец Мисаил.  - Му реков на Василиј да ви донесе чај со леб и слатки да закрепнете. - Многу се грижите за мене, отец Мисаил, непријатно ми е.  - А како да не се грижам? Вие сте редок гост. Руските луѓе сега ретко доаѓаат кај нас, не како во старите времиња. Само по некој ќе намине. А се повеќе има разни странци, католици, протестанти, и се почесто обични љубопитници, без никаква вера. А вие тоа ракопис некој гледате? Ех, колку убаво е испишан, и тоа на руски!... - Знаете ли, отец Мисаил, дека ова е изворниот текст на Раскажувањата на еден поклоник.

Тој боготражител несомнено престојувал на Света Гора и ги запишал своите доживувања за својот тогашен исповедник, јеромонахот Јероним Соломјенцев. Кога архимандритот Казански ја издал оваа книга, изоставил многу делови, па помеѓу останатото и две подолги приказни. - Види,види! А зошто ги испуштил? – запраша отец Мисаил. - Извесни мали испуштања се дозволени. На тие места, поклоникот многу сурово се однесувал кон богословите–академци, од чиишто редови излегувале руските архијереи. Таквото слободоумие можело да не се допадне на ерархијата, а Казанскиот архимандрит не сакал со неа да си има потешкотии. Поклоникот остро ја критикувал и преживеаната схоластика која во тоа време се предавала. Две приказни, пак, ги испуштил секако  затоа што мислел дека тие можат да ги збунат читателите меѓу монасите. На крајот на краиштата, тој ракопис го напишал човек кој живеел во светот и за својот духовник.  - А за што се зборува во тие приказни? - Во првата, која во книгата е дадена скратено, спрема таа верзија, се кажува како поклоникот еднаш ноќевал во една сомнителна куќа и како се разбудил затоа што една „тројка“ (запрега) со пијани кочии налетала на таа куќа и го скршила прозорецот под кој тој спиел. Во ракописот се вели дека на боготражителот, кога легнал на починок, му се приближила една жена од таа куќа со нечиста желба и почнала да му се умилкува за да во него пробуди похота и дека во него во тој момент престанала самоделатната молитва Исусова.  И поклоникот, веројатно, тогаш би паднал, да не се случило она со „тројката“.

Самата таа жена, од тој потрес, нервно заболела, но после била исцелена по молитвите на поклоникот... - Да, голема работа е Исусовата молитва. Таа навистина може и од смрт и од срамота да  те спаси. А вистина е дека кога се подига блудната страст, престанува самоделатната молитва Исусова. Тогаш треба да се врши со напрегнување. Но, едно е - законит, благословен брак, а друго е блудната похота која се појавила кај поклоникот спрема туѓа жена. Природное што архимандритот помислил дека таа приказна може да ги соблазни оние, кои во суштина, не се разбираат добро. А вие знаете што го чека „оној кој соблазни еден од овие мали“!... Ѓаволот е лукав. Тој ни го загорчува животот, ако не со мила, тогаш со сила. И може со таа моќна молитва и да не убие, ако немаме смирение. Сфаќате ли? Ваму дојдов одамна, 1896 г. и го запознав и отец Стратоник на кој се одушевувал старец Силуан... И исто така, отец Иларион, кој ја напишал книгата „На Кавкаските гори“.

Но, отец Иларион не бил баш образован и можеби понекаде и нејасно се изразувал, но неговата вера била исправна. Добра е таа книга... но се случило таа да падне во раце на двајца учени монаси, отец Антониј од Андреевскиот скит и отец Алексеј, од нашиот манастир. За едниот книвчето било врв на мудроста, а за другиот преполно со ереси. Со своите препирки тие соблазниле не малку прости монаси и дошло до нереди. Мноштвото на руските монаси морале да биде протерани од Света Гора. Тогаш дошла и Револуцијата, и рускиот манастир почнал да венее...

И до каде стигнавме денес? Единствено старчињата останаа, а млади од никаде. А оние двајца монаси, да се занимавале со Исусовата молитва, како што треба, не би дошло до онаа кавга. Кој е горд, нетрпелив, и сомоволен, не би требало да се занимава со таа молитва, бидејќи цело време греши, а не се кае. Во тој случај, оваа молитва на човекот му е на осуда.  - Како да го препознаеш, отец, човекот кој правилно се подвизува? - Тоа е просто! Тој никого не осудува. Чуј за Оптинскиот архимандрит Исакиј! Кога би му дошле монаси да се жалат еден на друг, тој внимателно ги слушал, и ги пропратувал нивните зборови со извици: „Види го каков збор кажал! Па уште и удрил! Не е добро. Такви работи не треба да се допуштат.“ Разговорот пак, го завршувал вака: „А ти, отец, ајде кај оној што те навредил, па побарај од него прошка.“ Кога пак, монахот, ќе му речел дека всушност дека тој него го навредил и го удрил, тој би одговорил: „А Христос кажа, „ако некој те удри по едниот образ, заврти му го и другиот“, а ти би сакал - вилицата да му ја скршиш!“. Тој сигурно не те навредил без причина. И гледај до каде си го довел човекот. Појди и побарај прошка. Никого не осудувал отец Исакиј, а оние двајца отци не правеа така и поминаа лошо. Пребивај секогаш во мир, Сергеј, и ќе се спасиш! – рече отец Мисаил. 
 
Подготвиле: Б.М./ Б.Ѓ.
Посети:{moshits}