sv.GRIGORIJ.PALAMA.jpg

75. 
11 март 1953 г.
„Усрдна Застапничка, Мајка на Вишниот Господ "


Го добив твоето писмо и го прочитав внимателно. Чувствувам дека имаш „горчлив дух во себе и дека твоето срце е изморено". На крајот од писмото пишуваш: „Најверојатно, вие ќе почувствувате што сакав да кажам". Како да не чувствувам кога ти си сета во мене! За се што пишуваше, сето тоа постои во мене, исто како да си го препишала од моето срце! Што да правам со тебе? Да не лелекаме! Нема да очајуваме, ќе трпиме и ќе се молиме Господ да ни помогне нам сегрешните да поставиме почеток. Пишуваш: „Многу сум глупава; сакам да се опаметам, но ништо не помага". А јас својот век го проживеав во манастир и мојот живот се приближува до смртта, а не се опаметив, ќе морам да умрам како будала.
По природа, јас сум мрзлив, без волја, но не мислам така како тебе дека ова е „Божја казна". Тоа ни е од полза, од тоа се раѓа смирение. Треба многу да се плашиме од гордоста, вообразеноста и суетата. Од таквите мачни чувства и жалост ни светите луѓе не биле ослободени. Нашиот живот е како кајче што плови по море — сите незгоди мора да ги преброди, поинаку не може да биде.

 Друго:

  Писма на валаамскиот старец (23)

Извор:

Korica.Pisma.Valaam.jpg

Издавачка установа „Канео“ при Дебарско- кичевската епархија ,Охрид 2001

Главен и одговорен уредник

Митрополит Тимотеј

 

Друго:

 Писма на валаамскиот старец (1)

Писма на валаамскиот старец (2)

Писма на валаамскиот старец (3)

Писма на валаамскиот старец (4)