28.01.2010 год.- манастир на  св. Архангел Михаил – Лесново

Вовед

Фотографии ,( направени денес ) од манастирот Св. Архангел Михаил – Лесново.
Со тоа што  „фоторепортерката” и покрај големата желба  и напори не успеав  да стигне  на време за Литургија;
На пат натаму поради лошите временски услови и поради недостаток на патни  знаци  дека следува кривина од 45˚, ( замислете во манастирот ми кажаа дека  овде не ни може да има патни знаци бидејќи ги ваделе и ги продавале како старо железо) , автомобилот малку „скрена” од патот..... па требаше да се чека АМСМ... и така....ама јас сум  жива и здрава , и сепак отидов во манастирот и направаив неколку фотографии.

Vecerna.Ksenija.jpg

Vecerna.Ksenija.jpg

Покајание...
 
Прекрасна планинска зимска идила.... тишина... само одвреме навреме се слушаа домашни животни од околните куќи, крави , петли,... пријатен воздух, снег насекаде... седнав во манастирската трпезарија, ми дадоа да јадам...имаше прекрасен чај, кој ми изгледаше чуден на вкус, а потоа сватив дека  јас всусност сум заборавила каков  е вкусот на  вистинскиот чај, бидејки берам чај од Тинекс, Веро, Мѕ маркет,...
 
Во оваа природна и питома околина може да се осознае дека живеењето во овакво  опкружување е природна средина за живеење на едно човечко суштество.( можеби оваа мисла ми дојде баш поради тоа што народот си беше разотиден кога пристигнав јас, па се беше току мирно и можеше да се долови моментот на  природата, онаа  вистинската ) ; 
Природна околина насекаде, земја, камен , дрво, еден куп растенија и дрвја, сено.....кокоски и петли, крави, ниви,...

И сватив во какво неприордно опкружуванје живеам  јас ( и уште милиони луѓе) !
 
Се запрашав која е цената која ја плаќаме со нашиот неприроден начин на живеење ?
Која е цената на едне мобилен телефон, 50еур, 200 еур, 300 еур-а,...?
Колку чини еден ЛЦД  ТВ? 400 еур, 500 еур-а?
Колку чини еден компјутер ? А јас , и којзнае уште колку луѓе, не можам да живеам без компјутер.
А колку чини мојата слобода? 200 еур, 300еур, 400 еур-а? Каде се продова мојата слобода?
Каде би можела да ја купам мојата слобода? Дали некаде  се продава слобода ?
 
Се сетив на ова бидејќи на едно место во Библијата  е напишано: .... оти скапо сте платени ......
 
Хм, а колку еура сум платена јас?  Бидејки денес нели се се купува, се се продава,....
 
... о Господи,....
А како изгледа кога би осознале дека ние не можеме да живееме само без Тебе ?
А без се друго - да!
Како изгледа кога таа мисла и потреба би можела да се вреже засекогаш  во нашите мисли и срца....
Кога би можела да не можам без Бог како што неможам без компјутерот.
Па всусност и не можам без Бог,  и јас и сите луѓе. Сакав само да кажам да бидам свесна постојано за тоа дека не можам без Бог... а не само кога ми се лизна колата  да викам :
Господи, Господи,... спаси ме...!
 
 Се враќам назад... и како да го слушам св. Гаврил Лесновски :
 Се купува слобода со молитва и пост, само така... само така, бидејќи скапо сме платени. 
 Напишав св..Гаврил?
 Па да,... сигурно св.Гаврил ми го кажува тоа, кој друг? Јас не разговарав со никој таму!
 А уште посигурно е дека мене такво нешто немаше да ми текне сама...
 
Да бев јас толку  паметна и мудра,  нема да купувам мобилни, ЛЦД ТВ, и да имам 5 компјутери.
 
 
Поздрав,
Латина
 
п.с.
Јас немав намера да го пишувам погоре напишаното, сакав само да ви испратам фотографии,...ама еве така испадна, може и ќе го прифатите  моето денешно доживување.

Vecerna.Ksenija.jpg

 Vecerna.Ksenija.jpg

Vecerna.Ksenija.jpg

За оваа фреска ми рекоа дека била чудотворна.
Некое дете( кое сега имало 40 години), не зборувало;  пред оваа фреска  му била прочитана молитва,  и прозборело...
Ова ми го кажа еден човек кога бев внатре во манастирот и ми ја покажа фреската ... без јас да го прашам,...  и сега дали човекот , доаѓа овде?(  навистина не знам зошто , понекогаш  прашуваме некои работи ...)
О , да !- ми рече раскажувачот,... да секоја година доаѓа...
 
Ми се чини,  дека всушност, разговарав со тоа дете кое не зборувало кога било мало...

Vecerna.Ksenija.jpg

Vecerna.Ksenija.jpg

Тука се мошотите на св. Гаврил Лесновски

Vecerna.Ksenija.jpg

 Vecerna.Ksenija.jpg

Место, каде се наоѓаат моштите на св. Гаврил Лесновски, Светогорец.

Vecerna.Ksenija.jpg

Vecerna.Ksenija.jpg

Vecerna.Ksenija.jpg

 Лесновски манастир, на денот на св. Гаврил Лесновски.