Korica.Pisma.Valaam.jpg

70. 
22 февруари 1953 г.
Писмо до болната
...Си напишала дека си недостојна за таквото мое расположение. Но, судот Божји не е и човечки суд. Можеби, пред Бога сум недостоен за твоето расположение кон мене грешниот.
Еве, по Божја милост, тешката операција помина среќно, иако се уште не си закрепнала и се чувствуваш прилично лошо. Што да се прави?! Мора да се трпи, потпирајќи се на Божјата волја!
Ке се молиме вака: „Ти Господи, Кој се знаеш, Ти ја знаеш нашата човечка немоќ, жалостите и потребите и пред да Те помолиме, и ние веруваме дека ни влакно од главата не ни паѓа без Твојата волја. Благоизволи да ни дадеш нашиот живот да го проживееме според Твјата волја, бидејќи ние, грешните, не знаеме што ни е корисно!"
Ме предадоа нозете, двете ми се болни. Кога би видела како станувам наутро, како дете кое учи да оди, потоа се ослободува и — одам! Напорно ми е да служам, се причестувам во олтарот. Сепак, се уште сум бодар! Одам на сите служби, само што се повеќе морам седејќи да ја слушам службата и да се молам. Впрочем, св. отци рекле дека Господ, иако по нужност, седиш, ќе ја услиша твојата молитва. А ако и стоиш и се молиш, но расеано, Господ нема да ја прими твојата молитва, бидејќи вниманието е — душа на молишваша (преп. Варсонуфиј Велики. 506).
Можеби налето ќе дојдеш кај нас, тогаш ќе поразговараме за она што единствено ни е потребно, а ако умрам, посети го мојот гроб и помоли се за упокојување на гревовите на мојата душа.
Го повикувам Божјиот благослов! Господ и Царицата Небесна нека те варди!