Korica.Pisma.Valaam.jpg

 (Продолжение)

10
10. јули 1946 г.
Христос помеѓу нас!
Во врска со тебе, моја желба е да живееш со духовен живот и се што ти лежи на душа, се да искажеш заради Бога, за спасение на душата. „Внимавајте ако одите во опасност („живеете", вели апостолот. И сета наша внимателност без Божјата благодат се разбива на парчиња, бидејќи не е во наша власт да истраеме во добродетелта (доблес-та), како што ти зборував и порано. Треба силно да се тежнее кон добродетелта и да се присилуваме себе на неа, а тоа зависи од нашата слободна волја.
Ти сега имаш претстава за внатрешниот живот и некои навики. Присилувај се почесто на внатрешна молитва онолку колку што имаш време исилазанеа.
Вежбај се во сеќавањето на смртта и моли Го Бога да ти го подари тоа сеќавање. Види каков е овој наш привремен живот: непостојан, променлив и брзо проаѓа и ги одвлекува во расеаност луѓето без духовно внимание. А за да се стекне внатрешниот мир, постои само едно средство — непрестајна молитва. Очајот и тагата ќе поминат, стрпи се, не паѓај со духот! Бог нека ти помогне и нека те сочува!
Не е добро да им се верува на луѓето отстрана. Луѓе како луѓе; понекогаш од комарецот прават магаре и гледаат само слабост, а не можат да ги разберат келијските солзи и не се способни да проникнат во внатрешниот живот на осамениот монах. Степените на духовното напредување се различни и духовното може да го познае само (про)духовен човек. Најкорисно од се е да се сме-таат сите луѓе за добри, а себе за полош од сите. Ако само се погледнеш себе си, тогаш ќе видиш дека навистина си полоша од сите, за што ти збо-рував и порано.
Секогаш те споменувам во своите недос-тојни молитви и според твојата вера, нека биде милоста Божја со тебе.

11. 
24. октомври 1946 г.
Од се срце ти благодарам за твоите грижи. Слава и пофалба на Бога што ти помогна да имаш мир во душата кон Н.Н.! Господ нека и помогне. Само не треба да ја осудуваме. Книгата на св. Исак Сирин е многу сериозна, неа може да ја разбере точно само оној кој води духовен живот. Ако можеш да ја најдеш книгата на св. Касијан Римјанин, ти советувам да ја прочиташ, особено неговите разговори, бидејќи по малку почна да ги разбираш св. Отци. Добро е тоа што понекогаш разговараше за внатрешниот живот; кога знаеш — можеш и да објасниш.
Кај тебе се појави љубопитство каков глас имал Спасителот. Тој бил совршен Бог и совршен Човек, без грев. Треба да се претпостави дека зборувал како човек, само што во Неговиот говор немало човечка, уметничка красноречивост, туку говорот му бил полн со божествена возвишеност, а кога ги разобличувал фарисеите, треба да се претпостави дека зборувал строго. Господ нека те варди!

12. 
15. ноември 1946 г.
По Божја милост, потполно сум здрав и не треба да одам на лекар. Работата не ме заморуба. Тргнувам на работа попладне околу три во шумата да собирам гранки. Тоа е корисно и за телото и за душата.
Од Н. ти се разликуваш и твоето срце не и се приклонува. Бог е еден, а патиштата кон Него се различни и секој оди по својот пат.
И се заблагодарувам на Н. за детската молитва. Детската молитва бргу допира до Бога. Јас добро го паметам нејзиното пеење и приказната за светиот брат. Одлики на децата се: едноставност, отвореност и природност; ете, Господ ни наредил да бидеме такви; тие црти се својствени на сите подвижници. Ако строго се набљудуваш себе си, ќе видиш дека си полоша од сите. Тогаш нема да те повреди ниту оној кој те фали, бидејќи луѓето гледаат само на човековата надворешност, а не го гледаат неговиот внатрешен живот, освен оние кои водат духовен живот.
Молитвата бара борба до последниот час, добро е што тежнееш кон молитвата. Господ нека ти помогне! Не гаси си го духот!

(Продолжува)

 Извор:

Korica.Pisma.Valaam.jpg

Издавачка установа „Канео“ при Дебарско- кичевската епархија ,Охрид 2001

Главен и одговорен уредник

Митрополит Тимотеј

Друго:

 Писма на валаамскиот старец (1)

Писма на валаамскиот старец (2)

Писма на валаамскиот старец (3)