Блажен Иперехиј

20. Монахот кој на Бога Му го дава Божјото (Мт. 22:21) не треба да се превознесува, но треба, молејќи Му се на Бога, (непрестајно) да произнесува „Твоето од Твоите Тебе Ти го принесувам, а од Тебе молам единствено – да ја спасиш душата моја!“

21. Господ ги слуша молитвите на монасите кои, во чистота (на срцето), по цела ноќ Му ги принесуваат моленијата свои. Во денот (на Судот), Господ ќе го осветли (со Својата Светлост) и ќе заблеска таквиот монах како чист ден.

22. Милостив е братољубивиот монах и ќе наследи земја добра.

23. Во гордиот монах нема да се всели Господ за да го одмори; (само) на смиреномудриот монах ќе почива Светиот Дух. И во смиреномудроста своја таквиот монах ќе стекне и брзо ќе го наследи Царството Небеско.

24. Во секој момент, монаховата риза – но не онаа, сошиена од ткаенини, туку духовната риза – мора да остане неизвалкана. Оти во полноќ ќе влезе тој во Брачната Одаја заедно со Женихот – Христос. (И уште), монахот мора да ги приготви маслата (за светилката своја) за да го сретне и прими Женихот.

25. Монаховиот живот мора да биде подобен на ангелскиот живот и да го спепелува гревот.Монашкиот живот е жртва сепаленица на оние кои се кајат.

26. Монаховиот живот мора јасно да сведочи дека неговите делови се мртви за гревот. Нека ти служи за пример, (монаху), животот на Свети Јован (Претеча).

27. Монахот нека бега од бурата бесовска; хорот на Ангели нека го окружува монахот со мирна тишина.

28. Кога (во душата) ќе се подигне бесовска бура, тогаш монахот мора (пред се), да го скротува афективното начело на душата. Оти животот монахов се препознава по трпението и кроткоста (негова).

29. Монахот кој пламти со дух го отстранува (од себе) ѓаволот, а монахот, кој неправедно му завидува на братот, напротив, го привлекува ѓаволот кон себе. Тој, заедно со петте луди девојки, ќе се најде надвор (од Царството Небеско), оти не ја наполнил со масло својата светилка.

30. Нека нема ни помен на квасецот на пороците во монахот. (Но нека царува меѓу монасите чиста љубов).

31. Сонцето да не зајде во гневот (Ефес. 4:26) монахов.

32. Монахот кој го чува (внатрешниот) мир, (никогаш) не го сматува братството. Немирниот монах го доведува до сматување целиот манастир.

33. Не се откажувај, монаху, од пеење псалмопеви, оти тоа е песна ангелска.

34. Монахот треба да ги избегнува претставите на ѓаволските театри, оти тие се бесовска прелест.

35. Нека на челото твое, монаху, секогаш биде Крстот Христов, а во срцето твое, подвижнику, нека секогаш биде стравот Божји.

36. Тихувањето монахово, пропратено со чистотата на срцето, принесува (должно) поклонение на Светиот Дух.

37. Добрата нарав на монахот раѓа братољубие и отстранува секаков спор (меѓу браќата).

38. Монахот кој се соединил со Господа не смее себеси (повторно) да се предава на ѓаволот за да не се покаже посрамен пред Брачната Одаја (Господова).

39. Непобедивиот штит монахов е ангелската песна на неговите усни, но (и таа) песна, ако (монахот) ја засака преку мера, ќе стане смрт за него.

40. Богатството монахово е доброволното сиромаштво. Најбожествен ќе биде оној монах кој ќе го избере сиромаштвото.

 Подготви: Б.Ѓ.

СОВЕТИ НА ПОДВИЖНИЦИТЕ (I)

 Посети:{moshits}