Чудата и Ние


Кој е патот до чудата за нас денес? Сплотеноста околу националните интереси на татковината, кои не се за вчера, ниту за денес, туку за утре.


Диме Спасов - Претседател на Унија на млади сили на ВМРО - ДПМНЕ


За секој христијанин Велигден е голема радост. На овој ден всушност се обидуваме да си дадеме одговор каде сме и каде одиме. Тоа е празникот кога човештвото ја слави најголемата победа, победата над КРАЈОТ. Исус Христос, синот Божји ја победи смртта и ја обезбеди вечноста за поколенијата.
Тоа е всушност триумф на доброто врз злото. А човекот уште од прастари времиња се занимава со смртта, се обидува да ја толкува. Затоа е посебен овој празник. За нас Македонците, кај кого во кодот е врежана приврзаноста кон Бога, Имајќи притисоци од разни наметнати спорови, кои веројатно никаде ги нема, никаде во светот, константната пропаганда за самоодрекување, обидите да се предизвика страв и немир, делби и провокации, нашиот народ ја побара истрајноста во Бога. За жал повторна нагрнаа “разумните” да го освестуваат македонскиот народ. Онака како што го освестуваат дека “треба да се свитка кичмата”, дека нему не му треба име, не му треба минато.
кон црквата, која не сочувала од заборав и сите искушенија на постоење, Велигден е ден на сплотување и обединување. Дури и во атеистичкото општество на социјалистичка Македонија, нашите баби и мајки или нашиот народ тајно си ги извршуваше верските обреди знаејќи дека верата претходно им помогна ним да опстојат. Благослов е кога денес за Велигден ќе се видат толку млади луѓе низ православните храмови, радост е бидејќи истите ја разбираат посебната смисла на Велигден за нас Македонците.
Во пресрет на најголемиот христијански празник, сведоци сме на чудесни појави. Реки народ се слева во скопската црква „Св. Димитрија“, да види еден несекојдневен настан. Невозможно е, а да не се донесе заклучок колкава е потребата  на нашиот народ да ВЕРУВА. Секое време со свое премрежје, така и ова нашево. Имајќи притисоци од разни наметнати спорови, кои веројатно никаде ги нема, никаде во светот, константната пропаганда за самоодрекување, обидите да се предизвика страв и немир, делби и провокации, нашиот народ ја побара истрајноста во Бога. Случувањата од Св.Димитрија му го даваат тоа, вера, љубов и надеж. За жал повторна нагрнаа “разумните” да го освестуваат македонскиот народ. Онака како што го освестуваат дека “треба да се свитка кичмата”, дека нему не му треба име, не му треба минато. Веднаш да се испогани и најмалиот обид да се ВЕРУВА.
Сестра Макрина во своето последно интервју ќе каже: „Најголемото чудо на овој свет е слободната волја на Човекот. Ако е тоа најголемото чудо на светов, тогаш нема поголемо, но сепак, бесконечноста на можностите кои му се дадени на човекот за негово себеостварување, се уште поголемо чудо”, а чудата се случуваат, барем јас верувам. Понекогаш се очевидни, понекогаш се кодирани. Развивајќи личен вредносен систем, желбата за образование, за напредување, за живеење здрав живот, грижа за животната околина, ние младите ја исполнуваме должноста. Кога секој од нас ќе каже: ”јас сум тој, кој што може да ги промени нештата, сопствената среќа зависи од мене”, тогаш чудата претстојат, користејќи ја слободната воља дадената од Севишниот.
 
Како верник колективното добро најмногу ми значи. Но, чудата и сами ги правиме благодарение на талентите и на слободната волја баш како што вели сестра Макрина. Препознавајќи го општото добро половина сме го оствариле.
Кој е патот до “чудата “за нас денес? Сплотеноста околу националните интереси на татковината, кои не се за вчера, ниту за денес туку за утре. Доколку умееме различните мислења и ставови да ги сведеме на ниво на алатка за остварување на една голема цел, тоа е чудо..Настанот во Св. Димитрија сврте нови страници за вербата на нашите луѓе. Како одек на спасот.
Како претседател на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ моите уверување се свртени кон младиот човек во Македонија. Бидејќи тој ја сноси одговорноста да го запази вредното од минатото, но и да го предаде на оние кои доаѓаат. Младите во Македонија ја носат одговорноста за доброто на татковината и општеството. Развивајќи личен вредносен систем, желбата за образование, за напредување, за живеење здрав живот, грижа за животната околина, ние младите ја исполнуваме должноста. Кога секој од нас ќе каже: ”јас сум тој, кој што може да ги промени нештата, сопствената среќа зависи од мене”, тогаш чудата претстојат, користејќи ја слободната волја дадената од Севишниот. Велигден е победата на доброто врз злото, на животот врз смртта, на вечноста врз крајот.
Кој е наједноставниот начин? Простувањето. Овие празници и најмногу и на тоа повикуваат. Нема поголема благодат од простувањето. И кон себеси и кон другите. Тоа му треба на нашето општество, и на сите нас. Суетата и егото низ историјата направиле катастрофи, дале многу жртви. Затоа мораме да се ослободиме од нив. Кај нас, истите не прават ранливи и лесна мета. Го оневозможуваат единството. Утре е Велигден, камбаните го најавуваат најважниот настан во човечката историја. Завршува постот со кој ги чистевме душите, го очекуваме христовото воскресение. Радоста е преголема. Онака како што доликува на еден православен христијанин, за Велигден ќе го славам  празникот со позитивна мисла и очекувања. Моите желби се Велигден да го означат новото време, време на предизвици, на мисии и на визии, за доброто на Македонија и нејзините граѓани. Господ да ни ја благослови Македонија! Христос воскресна!

“Преку ноќта имаше Павле видение, стоеше пред него еден човек Македонец кој го молеше и му велеше: Премини во Македонија и помогни ни. По тоа видение посакавме веднаш да тргнеме за Македонија, бидејќи разбравме дека Господ не’ повикал таму да го проповедаме евангелието ”
Дела на св.апостоли, Св.апостол Лука, глава 16,стих 9.

 

 Извор: Радио Слободна Европа