Секоја година, секое лето Господово во времето и просторот, Црквата го живее Воскресението на Нашиот Спасител. Но, не само годишно, туку и седмично постојано сведочи за Воскресението Христово, за неделата, за првиот ден од седмицата кога Воскресна Христос, Кој ја обнови и пресоздаде падната човечка природа, а преку таа во Него обновена и пресоздадена, нераспадлива човечка природа го обнови и пресоздаде сиот свет, сиот космос. А, исповедајќи го Него, Воскреснатиот Христос, постанувајќи едно со Него преку причестувањето со Неговото Тело и Крв во Евхаристијата, Црквата сведочи и за невечерниот ден осми, го преобразува времето и просторот во вечноста и безграничноста на Царството Божјо, кое не ќе има крај, ете се ново создавам, вели Господ. Сиот круг на богослуженија во Црквата е насочен кон Воскресението на Христос Богочовекот, од Него започнува сведочењето за незалезната и несоздадена Светлина, во Него и завршува со бескрајна вечност во Царството Божјо, како што го гледа и  свети Симеон Нов Богослов, а среде на се, стоиш Ти назалезно  Сонце на Правдата. Постојано, Црквата се храни од токму од Изворот на Светлината, од Истокот на Животот, од Христос Воскреснатиот, затоа светиот апостол Павле Ќе рече: ако Христос не Воскреснеше празна ќе беше нашата проповед, празна ќе беше и вашата вера. Победата за сите нас ја извојува Оној по чиј лик и подобие бевме создадени, но станавме робови на смртта преку гревот, и не се уподобивме на Него, туку прифаќајќи ја Ѓаволската измама на сластољубието, среброљубието и славољубието, без Него посегнавме да бидеме како Него, но го достигнавме страдањето и смртта.

Но, Христос, Новиот Адам преку Воскресението, преку победата над гревот, смртта и Ѓаволот, го обнови паднатиот човек, враќајќи му го она за кое човекот беШе создаден, за вечност, живот вечен. Но сега, тоа не е враќање на почетокот, туку она до кое човекот во Адам требаше да стигне, односно обожувањето и единството со Светотроичниот Бог, постанувајќи едно со Него преку благодатта Негова. Воскреснатиот Христос го обнови човекот не како Него, туку еднаков на Него по благодат, покажувајќи ни го патот кон она по кое секуларниот модерен човек потпрен само на својот разум и технички арсенал трага, а тоа се: бесмртноста, патувањето низ времето, вечната младост, безболноста, бесконечноста, безграничноста. Но, на Литургијата сето тоа трагање го произнесуваме во нашите прозби, ...целиот наш живот на Христа Бога да предадеме. А, Христос вели, Јас дојдов да имате живот вечен и изобилие. Не станува збор за религиската концепција на бесмртноста во која повторно ќе уживаме според нашите страсти задгробно правично и рамномерно, туку живот вечен во радоста и мирот на Светиот Дух, како што го опишува Царството Божјо светиот апостол Павле, очистени во срцето од страстите и гревот преку постојаното покајание и плач, обожени во Христа Воскреснатиот и налик на Него, во тело и со душа и просветлен ум во изобилноста на светлината и несоздадените енергии Божји, живот во љубов која е самиот живот на Света Троица, како што вели св. Григориј Ниски, без време, без простор, без крај , соучесници и креатори по благодат во пресоздавањето, во обожувањето на светот и секоја твар во него, онака како што Христос тоа го направи за сите и за се со Своето Воскресение. Безболноста, непосраменоста и мирниот живот која што ја просиме, исто така не соодветствува само на возвратното религиско побарување на здравјето, благосостојбата и животот без проблеми во стилот додека очи ми гледаат, но пред се христијански крај на животот да, но живот во труд за подвиг, во искушенија, во покајание и под духовно раководство, во постојана молитва, пост, исповед, причестување, милосрдност и љубов кон ближниот кој е секој човек со кого се идентификува Христос, а сиот тој живот во Христа секој според благодатните сили Божји, различниот дар и благословот од духовниот отец. А за таквиот христијански живот сведоштво имаме во Пресветата, Пречиста, Преблагословена и Славна Владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија, и сите светии, таков живот треба и самите кон себе како личности да имаме и еден во друг соборно сиот тој живот на Христа Бога да му го предадеме за да го преточи во живот вечен, во единство преку Него со Отецот во Духот Свети.


А, меѓу нас најнапред во тој живот секогаш треба да е оној за кого си споменуваме, епископот, кој од името на сите нас и од името на сите и за се во светот ги пренесува даровите за да бидат пред Бога Отца примени како наша и од сиот свет благодарствена жртва која со силата на Светиот Дух станува Тело и Крв на Христа Воскреснатиот, Синот Божји со Кого се соединуваме и стануваме едно, Црква Божја, Тело Христово, од епископот, преку свештенството и Ѓаконството, преподобното монаштво и сиот народ, и сите порано упокоени со надеж за живот вечен, и сите светители и свети ангели во единство низ Словото Божјо, Христос во Царството Божјо кое не Ќе има крај. И така, од почеток ...Благословено е Царството... до момент на бескрај...ја видовме вистинската Светлина..., и пак и пак, од бескрајноста до почетокот...со мир да излеземе, секоја Литургија на Црквата Божја како Тело Христово, сведочи за единствената цел на човекот и светот кон која сме повикани, единството со Бога во Царството Божјо. Затоа, вистина се зборовите на отец Александар Шмеман, “НЕ за секуларизмот т.е. за секој обид светот да се објасни како нешто што само по себе има смисла , НЕ за религијата, затоа што Христос не донесе религија која треба да му помага на секуларниот човек во решавањето на неговите проблеми, туку го донесе Царството Божјо, и ДА  за Црквата којашто е Царство Божјо, есхатологија која е започната сега и овде, меѓу нас”.


Можеби за секуларниот свет и човек просперитетот и напредокот се мерат преку успехот во благосостојбата постигната со пари, мир и единство па макар и религиско преку моЌта на славата и колатералните отпадоци по неа, а во интерес на неизвесната иднина која најверојатно ќе биде и холограмска програма.  За христијаните, мерката е Христос Богочовекот, а целта е обожувањето и единството со Светотроичниот Бог во Царството Негово. Но пред таа цел, Христос вели, покајте се... залудно Ќе ги образложиме сите теолоШки аспекти на нашата смисла и цел на постоење ако немаме постојано и постојано покајние... Залудно секоја година Ќе говориме за Христовото Воскресение ако не го живееме секоја Литургија, исто така залудно Ќе биде да ги подражаваме светителите со историско слово за нивниот подвиг и копнеж по единството со Бог ако не покажуваме каков е наШиот подвиг и која е наШата цел како христијани.


Повикот на покајание е почетокот на нашето усвојување на Царството Божјо како смисла и цел на нашиот живот (Мк.1,14-15), а од нашиот подвиг на покајние зависи дали ќе го приведеме нашиот живот и светот кон целта и дали Ќе изговориме како во евхаристиската молитва на Црквата (Откр.22,20).