(Извадок)


  sv.filaret.moskovski.jpg

 Поимот „христијанска надеж“, неговата основа и неговите средства

 

Што значи поимот христијанска надеж?


- Христијанската надеж е успокојување на срцето во Бога со увереност дека Тој непрестајно се грижи за нашето спасение и ни го дарува ветеното блаженство.

 

Врз што се заснова христијанската надеж?

- Христијанската надеж се темели на тоа дека Господ Исус Христос е нашата надеж (Тим. 1, 1). Утврдете ја вашата надеж целосно во благодатта која ќе ви биде донесена при откровението на Исус Христос (1 Птр. 1, 13).

 
Како да стекнеме христијанска надеж?

- Средства за добивање на спасителната надеж се: молитвата, вистинското учење за блаженството и вистинското следење на тоа учење.

 
За молитвата

  Дали во Светото писмо наоѓаме сведоштво за тоа дека молитвата е средство за стекнување надеж?

- Од Божјото слово имаме сведоштво за тоа дека молитвата е средство за добивање на спасителна надеж. Самиот Господ Исус Христос со молитвата ја соединува надежта да се добие она што го посакуваме: што и да посакате од Отецот во Мое име, ќе ви го направам, за да се прослави Отецот преку Синот (Јн. 14, 13).
 
Што е молитва?


- Молитвата е вознесување на умот и срцето кон Бога. Тоа вознесение се остварува преку благоговејни слова на човекот кон Бога.

  Што треба да правиме додека се молиме?

- Христијанинот, вознесувајќи ги умот и срцето кон Бога, треба да го прави следново. Најнапред, да Го прославува заради Неговото Божествено совршенство, како второ, да Му благодари, поради Неговите благодејанија, и, како трето, да ги проси од Него своите потреби. Затоа, постојат три главни начини на молитвословија: славословие, благодарење, прозба (измолување).

  Katihizis-Book-thumb

  Извор:  http://koe.mk/