TVIT415

Европска Епархија / Evropska Eparhija  

20ти април  2023 лето Господово

Opelo.Takovski3

         На 82 години вчера почина протојереј – ставорофор проф. д-р Јован Таковски. Тој ги преведе сите богослужбени книги на МПЦ-ОА од црковно-словенски на македонски јазик, со што ги направи разбирливи за својот македонски народ и остави непроценливо богослужбено наследство.
               Отец Јован Таковски – теолог, свештеник, професор, преведувач, завршил богословија во Призрен, Богословски факултет во Белград (1967), Филолошки факултет во Скопје (1980), а постдипломски студии во Париз. Докторирал како прв доктор по теолошки науки на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Работел во Богословијата и на Богословскиот факултет во Скопје. Бил декан (2001–2004) на Факултетот и визитинг професор (2006) при Мелбурншкиот универзитет во Австралија. Ракоположен за ѓакон (1973) и во свештенички чин (1993). Член на литературните преведувачи на Македонија. Автор е на повеќе преводи и на научни прилози и одделни публикации.
          Проројереј-ставрофор, проф д-р Јован Таковски целиот свој живот го има посветено на едукацијата на идните свештенослужители во црковно-просветните институции на Македонската православна црква, но истовремено има оставено значаен прилог во македонската научна и преведувачка дејност.
               Непосредно веднаш по отворањето во 1969 година станува професор во Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски“, а на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ е од неговото основање, се до заминувањето во пензија. За време на наставничката дејност станува автор на некои од првите богословски учебници и граматики, а истовремено активно се ангажира на преводи на значајни богословски дела.
                Во богатата научна и преведувачка дејност, посебно се истакнува со преводите на делата на свети Климент Охридски (слова, поуки и житија) од досега најстарите пронајдени ракописи од XII и XIII век на старословенски јазик, кои на тој начин за првпат стануваат достапни за македонската јавност, како и преводите од црковнословенски јазик на сите богослужбени книги (посен и цветен триод, октоих, двотомното издание на избор од минеи, потоа минеи за сите дванаесет месеци, ирмологиј). Станува збор за веројатно единствените комплетни преводи на сите богослужбени книги на некој современ словенски јазик! Теологијата на свети Климент Охридски, пак, е предмет и на неговото научно истражување за докторската теза, со посебен осврт врз просвештението во неговите дела.
             За постигнатите исклучителни резултати од долгогодишната научна, образовна и книжевна дејност од областа на богословските науки, добитник е на државното признание „Медал за заслуги за Македонија“. Беше почесен претседател на Меѓународниот филмски фестивал за духовни и хумани вредности „Богородичен покров“.
Опелото за отец Јован Таковски ќе се изврши утре во 11 часот во Соборниот храм „Св.Климент Охридски“ во Скопје.

+++

Bogorodica.kolazh

 

 

takovski.jovan2.jpg

Повод за нашиот разговот со  протопрезвитер- ставрофор д-р  Јован Таковски, е излегувањето  од печат на нова богослужбена книга “ Избор на празнични и месечни Богослужби Прв дел”, чиј  преводот и препев од црковнословенски јазик, го направи   д-р Јован Таковски.Оваа исклучително значајна богослуќбена книга(  прв и втор дел), Посниот триот и Цветниот триод( последен преведувачки труд на отецот), произлегоа по барање и финансиска поддршка на  Македоснката православна црковна општина (заедница)  "Света Петка" во Мил Парк, Мелбурн - Австралија, возглавена од нивниот парохиски свештеник, отец Тоне Гулев, секако со благослов на надлежниот архиереј, Митрополитот Петар.


Отец Таковски: -„Св. Климент заедно со неговите учители, св. Кирил и св. Методиј , го знаеа добро значењето на празниците  со нивните содржини, па затоа нивна примарна грижа, во пастирско- мисионерската работа, беше преводот на богослужбените книги  на разбирлив мајчин јазик. По единаесет века тој јазик еволуирал, и  денес е веќе тешко разбирлив и за самите свештенослужители, а уште помалку за обичните верници. Затоа сметам дека  преводот на богослужбените книги е многу значаен.“

+++

-„Епископот е тој што ја има најголемата одговорност во епархијата за сите дејности, особено во исполнувањето на литургискиот богослужбен типик. Во овој случај тие би требало да го следат примерот на св. Климен Охридски кој во своите поуки и слова, често им се обраќаше на верниците со зборовите: „Браќа, да се собереме в црква на Вечерна,  Утрена и Литургија,  за да ја научиме силата на празникот.“ Празникот има сила ако разбираш,  а после со Литургијата, со  учеството во Евхаристијата, е кулминација. Навистина се добива благодат и сила, и се чувствува силата на празникот. “

-+++

--„Св. Климент барал да ги следиме светителите..тој вели:„ Читајте ги житијата на светите  и угледајте се на нив, следете го нивниот пример.“ Значи ние сме повикани да го следиме примерот на светителите. Без тоа ние можеме само да тапкаме во место, и да одиме назад, да назадуваме  а  не да напредуваме духовно.“


ИНТЕРВЈУ:


1. По излегувањето на Посниот Триод на македонски јазик, што за Македонската Православна Црква значи преводот на поголемите неподвижни празници, т.е. на богослужбите од Минејот?

 takovski.jovan3.jpg

Протопрезвитер- ставрофор д-р Јован Таковски - Посниот триод го завршив на Митровден 2001 година, а од печат излезе 2005 година. Мислам дека тој веќе ги даде и ги дава своите плодови на богослужбен план.
Преводот и излегувањето од печат на избор од минејските празници (Господски, Бородични и светителски) ќе биде од големо значење за унапредување на литургискиот живот во нашата Црква.


2. Какви се Вашите очекувања од излегувањето во печат на уште едно вакво капитално дело и на кој начин очекувате да влијае врз македонскиот обичен верник?

Протопрезвитер- ставрофор д-р Јован Таковски- Главниот изговор за не служење или не присуство на празничните богослуженија - Вечерна, Утрена..., до сега беше неразбирањето или недоволното разбирање на она што се чита и пее. Сега за таквиот изговор повеќе нема да има оправдување.


3. Објаснете ни како се дојде до идејата да се преведат на македонски литературен јазик, службите на поголемите Христови, Богородични и светителски празници во годината?


Протопрезвитер- ставрофор д-р Јован Таковски- И за овие служби, како и за Посниот триод, иницијатива или барање дојде од Македоснката православна црковна општина (заедница)  "Света Петка" во Мил Парк, Мелбурн - Австралија, возглавена од нивниот парохиски свештеник, отец Тоне Гулев, секако со благослов на надлежниот архиереј, митрополитот Петар. Оваа црковна општина служи навистина за пример на жива литургиска заедница, чиј пример веќе го следат и други црковни општини во Австралија.


4. Што поточно, или кои служби се опфатени во Македонскиот Минеј и што содржат тие?

Протопрезвитер- ставрофор д-р Јован Таковски- Овој избор од месечни (минејски) служби се печати во два тома. Првиот том ги опфаќа празниците од 1 септември (на први септември започнува црковната нова година и се слави св. Симеон Столпник, и други светители) - до крајот на јануари; а во вториот том ќе бидат поместени празниците од 1 февруари (свети мач. Трифун) - до крајот на август. Зборникот ги содржи и службите на сите македонски светители за кои  има служба.


5. Со оглед на сегашната состојба во нашата Македонска Православна Црква, каде често во повеќе храмови, верниците се сведоци на скратувањето на богослужбите, со образложение дека се неразбирливи, премногу долги
итн., дали очекувате преводот на службите на македонски јазик, ќе придонесе за поголема дисциплина во однос на исполнувањето на црковниот богослужбен устав, т.е. Типикот од страна на свештенослужителите?

takovski.jovan6.jpgПротопрезвитер- ставрофор д-р Јован Таковски- Преводот на празничните богослужби треба секако да придонесе за поголема дисциплина во исполнувањето на црковното правило - типик или устав, но тоа ќе зависи во голема мера и од ставот на надлежните епархиски архиереи. Епископот е тој што ја има најголемата одговорност во епархијата за сите дејности, особено во исполнувањето на литургискиот богослужбен типик. Во овој случај тие би требало да го следат примерот на св. Климент Охридски кој, во своите поуки и слова, често им се обраќаше на верниците со зборовите: Браќа, да се собереме в Црква на вечерна, утрена и литургија, за да ја научиме силата на празникот. Свети Климент и св. Наум, заедно со нивните учители светите Кирил и Методиј, го знаеја добро значењето на празниците со нивните содржини, па затоа нивна примарна грижа во пастирско-мисионерската работа беше преводот на богослужбените книги на разбирлив мајчин јазик. По 11 века тој јазик еволуирал и денес е веќе тешко рзбирлив и за самите свештенослужители, а уште помалку за обичните верници. Затоа сметам дека преводот на богослужбените книги на современ македоснски јазик е основниот предуслов за нашата духовна и литургиска преродба или обнова.


6. Причината заради која Ви го поставивме претходното прашање, произлегува од претпоставката, ако и понатаму опстои состојбата на кратење на богослужбите, огромното духовно богатство кое се наоѓа во преведените служби на најголемите празници во годината и понатаму ќе остане скриено од македонскиот верник, па како последица нема да се добие очекуваниот ефект врз нашите верници. Какви се Вашите размислувања во однос на тоа како нашата автокефална Црква треба да го реши овој проблем?

Протопрезвитер- ставрофор д-р Јован Таковски- Кратењето на богослужбите или нивното целосно избегнување во најголема мера се должи на нивното неразбирање, како што веќе реков. Секако дека тука може да има и индвидуална одговорност, односно неодговорност. Но, со преводот на богослужбените книги, мислам дека тој аргумент ќе отпадне како изговор за таквото однесување.


7. Знаеме дека црковната химнографија е сложена материја, зашто во неа се вклопени повеќе уметности, како што се музиката и поезијата; впрочем богослужбената химнографија е симбиоза помеѓу црковната поезија и црковното пеење. Каков сметате дека ќе биде процесот на создавање на една таква симбиоза помеѓу вашиот превод на македонски литературен јазик и источното-црковно пеење кое веќе неколку години се изучува во Македонската Богословија и Православниот Богословски факултет?

takovski.jovan5.jpg
Протопрезвитер- ставрофор д-р Јован Таковски- Во црковното пеење најбитно е познавањето на осмогласнкикот. Ако е тоа постигнато, адаптирањето на мелодијата ќе биде можно на секој јазик. Секако и за тоа е потребно и време и умешност. Но јас во моментов не сум окупиран со тој проблем, бидејќи примарната моја грижа е преводот на богослужбените книги, бидејќи верниците од црквата Света Петка во Мелбурн бараат да продолжам со преводот на она што останува непреведено.

8. Посакувајќи Ви, од името на  редакција на ПРЕМИНПОРТАЛ, многу здравје и идни успеси, кои се следните планови во однос на пошироката употреба на македонскиот јазик во богослужбите?

Протопрезвитер- ставрофор д-р Јован Таковски- По излегувањето на првиот том, кој е повод за овој наш разговор, сега е во подготовка и вториот том, кој треба да излезе од печат навреме, за да може да влезе во практична употрба од 1 февруари (празникот на св Трифун). Главнината на овие празнични месечни (минејски) богослужби ја завршив пред три години. Оттогаш па до сега, на барање на истата црквона општина од Австралија (Света Петка во Мелбурн), работев на преводот на Цветниот триод или Пентикостар, кој ги соджи службите од Велгден до Неделата на сите свети по Дуовден). Особено интензивно работев ова лето, и со задоволство можам да изјавам дека го завршив преводот и на оваа мошне значајна богослужбена книга. Оваа книга свети Климент ја превел и дополнил пред крајот на неговиот земен живот. Нареден потфат е Октоихот.
Во последно време има барање од релевантни институции во Македонија да се нафатам да ги преведам творбите на свети Климент Охридски (слова поуки...). Начелно се согласив, па се надевам, ако Добриот Бог ми даде уште некој ден живот и сили, да ја завршам и оваа мошне значајна и одговорна работа, за којашто чекав погоден момент уште по завршувањето на мојата докторска теза Просвештението во теологијата на свети Климент Охридски во 1999 година. Овој труд се отпечати 2006 година. Наскоро треба да оди во печат двојазично издание (македнонско-англиски). Кога ќе излезе од печат, тогаш ќе можеме да кажеме нешто повеќе за тој проект.

 +++

Разоворот со отец Јован Таковски е голема  благодет и предизвик за повторно среќавање. Искрено се надеваме на скорешна повторна средба со него. Посакуваме  промислата Божја, повторно ќе ни го овозможи тоа.

Преминпортал - Лето Господово 2008


 Со  благослов на Митрополит Австралиско- новозеландски и  Преспанско- пелагоники г. Петар, а  во издание на МПЦ Црква Св. Петка-Мил Парк, Викторија- Австралија и Австралиско- новозеландска епархија и Преспанско- пелагоника епархија,  излезе од печат нова богослужбена книга “ Избор на празнични и месечни Богослужби Прв дел”.

takovski.jovan7.jpg

Преводот и препевот од црковнословенски:

  протопрезвитер- ставрофор д-р Јован Таковски

bogosluzbi.praznik1.jpg

 “ Избор на празнични и месечни Богослужби Прв дел”.

 

bogosluzbi.praznik.jpgСОДРЖИНА:
1 СЕПТЕМВРИ -
Спомен на преподобниот отец наш Симеон Столпник и архимандрит 7
8 СЕПТЕМВРИ -
Рождество на Пресвета Владичица наша Богородица  40
9 СЕПТЕМВРИ -
Светите и праведни богоотци Јоаким и Ана  68
14 СЕПТЕМВРИ -
Воздвижение на чесниот и животворен Крст - Крстовден  84
26 СЕПТЕМВРИ -
Упокојување на свети Јован Богослов  109
1 ОКТОМВРИ -
Покров на Пресвета Богородица  139
6 ОКТОМВРИ -
Светиот и славен апостол Тома  161
11-17 ОКТОМВРИ-
Недела на светите Отци на 7~°т Вселенски собор во Никеја 178
13 ОКТОМВРИ -
Света великомаченица Злата Мегленска  192
14 ОКТОМВРИ -
Преподобна мајка Параскева - света Петка  209
18 ОКТОМВРИ -
Свети апостол и евангелист Лука  230
19 ОКТОМВРИ -
Спомен на преподобниот отец наш пустиножител Прохор Пчински 247
19 ОКТОМВРИ -
Светиот преподобен отец наш Јован Рилски  274
21 ОКТОМВРИ-
Свети Иларион епископ Мегленски  289
26 ОКТОМВРИ -
Светиот и славен великомаченик Димитриј Мироточив Солунски и спомен
за големиот земјотрес  305
1 НОЕМВРИ
Светите бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан  341
3 НОЕМВРИ
Обновување на храмот на св. великомаченик Георгиј  363
8 НОЕМВРИ
Собор на светиот Архистратиг Михаил и на другите бесплотни Сили 377
13 НОЕМВРИ
Свети Јован Златоуст архиепископ Константинополски  402
21 НОЕМВРИ
Воведение во храм на Пресвета Владичица наша Богородица и Приснодева
Марија  428
25 НОЕМВРИ и 27 ЈУЛИ
Свети Климент архиепископ Охридски и Чудотворец  461
25 НОЕМВРИ
Свети Климент папа Римски, и Петар Александриски  493
28 НОЕМВРИ
Спомен на светите Петнаесет свештеномаченици кои пострадаа за време на
Јулијан Отпадник во Тивериопол, наречен Струмица  518
5 ДЕКЕМВРИ
Спомен на преподобниот и богоносен отец наш Нектариј Битолски 544
6 ДЕКЕМВРИ
Спомен на светиот отец Николај Чудотворец архиепископ на Ликискиот
град Мир  568
9 ДЕКЕМВРИ
Зачнување на света Ана кога ја зачна Пресвета Богородица 602
12 ДЕКЕМВРИ
Преподобен отец наш Спиридон Чудотворец епископ Тримитунтски 618
20 ДЕКЕМВРИ "
Претпразненство на Раѓањето по тело на Господ Бог и Спасителот наш Исус
Христос, и спомен на светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец 629
23 ДЕКЕМВРИ
Претпразненство на Рождество на Господ наш Исус Христос и спомен на
преподобниот отец наш рамноапостолен Наум Охридски Чудотворец 653
11-17 ДЕКЕМВРИ
Недела на светите Праотци  682
18-24 ДЕКЕМВРИ
Недела пред Рождество Христово, на светите Отци  700
24 ДЕКЕМВРИ
Претпразненство на Рождество Христово и спомен на света преподобнома-
ченица Евгенија  728
25 ДЕКЕМВРИ
Раѓањето по тело на Господ Бог и Спасителот наш
Исус Христос — Божик      781
26 ДЕКЕМВРИ
Собор на Пресвета Богородица  812
26 ДЕКЕМВРИ-1 ЈАНУАРИ
Недела по Раѓањето Христово  818
27 ДЕКЕМВРИ
Светиот апостол, првомаченик и архиѓакон Стефан  828
1 ЈАНУАРИ  852
Обрезание по тело на Господ наш Исус Христос
5 ЈАНУАРИ  852
Претпразненство на Просвештение (Богојавление) и светите маченици
Теопемпт и Теона; и преподобна Синклитикија  881
6 ЈАНУАРИ
Свето Богојавление на Господ Бог и Спасител наш Исус Христос 936
7 ЈАНУАРИ
Собор на светиот славен пророк, Претеча и Крстител Јован 975
15 ЈАНУАРИ
Спомен на преподобниот и богоносен отец наш Гаврил Лесновски 1002
17 ЈАНУАРИ
Преподобен и богоносен отец наш Антониј Велики  1019
18 ЈАНУАРИ
Спомен на светите отци наши, и архиепископи Александриски,
Атанасиј и Кирил  1042
25 ЈАНУАРИ
Спомен на свети Григориј Богослов, архиепископ Константинополски 1060
30 ЈАНУАРИ
Светите отци наши и велики ерарси Василиј Велики, Григориј Богослов и
Јован Златоуст  1090
Табела на подобни на осум гласови  1026

Печати: Абакус Комерц- Скопје


 Друго:

Нова богослужбена книга “ Избор на празнични и месечни Богослужби Прв дел”.  

Отец Јован Таковски - За веронауката

takovski.jovan10.jpg

takovski.jovan10.jpg  

Проф. д-р Јован Таковски - ДЕЛОТО НА СВЕТИТЕ КЛИМЕНТ И НАУМ