Esen.vopark5.jpg

Кој вистински се кае, тој со подготвеност  ја трпи секоја неволја - Старец Филотиј Зервахос (Покајанието пат во Царството Божјо)


Кој вистински се кае, тој со подготвеност  ја трпи секоја неволја,
глад и голотиња,
студ и жештина,
болест и немаштина,
понижување и прогонство,
неправди и клевети, зашто душата што стреми спрема Господа,  не се грижи веќе за земното, туку со чист ум се моли на Господа.
 
Кој што е приврзан за имотот и парите, никогаш нема да има чист УМ во Бога,
зашто во длабочината на неговата душа непрестајно ќе постои грижата за нив;
и ако искрено не се покае и не почне да страда зошто го ожалостил Бога,
ќе умре во своите страсти и нема да го спознае Бога.
 
Кога ти одземаат , а ти подај го и она што го имаш,
зашто љубовта Божја никому ништо - не одбива!
 
Кој што не знае што е тоа љубов, тој не може да биде милостив, зашто во душата ја нема радоста на Духот Свет.
 
Кога Милостивиот Господ низ своите страдања ни го испрати преку Отецот, Духот Свет, ни Го даде Телото и Крвта Своја,
јасно е дека ке ни даде и се останато што и е потребно.
 
Да се предадеме на волјата Божја и  ќе ја увидиме Промислата Негова
и Господ ќе ни даде и повеќе од тоа што очекуваме.
  А оној што нема да се предаде на  волјата Божја,
никогаш нема да ја спознае Промислата Божја за нас.
 
Да не се жалиме  никогаш за губитокот  на некој имот; тоа е толку неважна работа.
мене на тоа уште мојот роден татко ме подучуваше .
 
Кога ќе се случеше некоја несреќа, тој остануваше мирен.
После еден пожар му велеа: „Ти си изгорен цел“.
Тој одговори: „Бог ќе даде се да се уреди“.
 
Еднаш проаѓавме по нивите наши и јас му реков: „Погледни татко ни ги крадат сноповите“:
Ми одговори:
 
„Е сине, Господ ни даде да ни роди пченицата и доволно ја имаме, а оној што краде, значи дека нема колку што му треба“.
Понекогаш би му рекол: „Ти даваш многу милостиња, а ете, другите подобро жовеат од нас, а даваат помалку.“
Би ми одговорил: „Е, синко, ке ни даде Бог и нам“.
И навистина, Господ не ја засрами неговата надеж во Него.
 
НА МИЛОСТИВИОТ ЧОВЕК ГОСПОД ВЕДНАШ МУ ГИ ПРОШТЕВА ГРЕВОВИТЕ.
МИЛОСТИВИОТ НЕ ПАМЕТИ ЗЛО.
ДУРИ И КОГА ЌЕ ГО НАВРЕДАТ СИЛНО И ЌЕ МУ ГО УКРАДАТ ИМОТОТ, ТОЈ ОСТАНУВА РАВНОДУШЕН,
ЈА ЗНАЕ МИЛОСТА БОЖЈА, КОЈА ШТО НИКОЈ ОД ЛУЃЕТО НЕ МОЖЕ ДА ЈА ОДЗЕМЕ,
ЗАШТО Е - ВИСОКА - ТАА Е ВО БОГА!
 
Преведе: Мина Даниловска