Vinjeta.zakniga.jpg

Tагува мојата душа за Господа и со солзи Го барам. Како да не Те барам? Прво ти мене ме побара и ми даде да се насладам со Твојот Свет Дух и душата моја Те засака.
 Господи, Ти ја гледаш мојата тага и солзи. Да не ме привлече со Својата љубов немаше вака да Те барам, но Твојот Дух ми даде да Те препознам и душата моја се радува што си Ти, мој Бог и Господ и до солзи тагувам за Тебе.

 Тагува мојата душа за Бога и со солзи Го барам.
 Милостив Господи, Ти го гледаш мојот пад и мојата тага, но смирено ја просам  Твојата милост, излиј ја на мене благодатта на Твојот Свет Дух. Сеќавањето на неа го гони мојот ум повторно да ја најде Твојата милост.
 Господи, дарувај ми го смирениот Твој Дух, да не повторно ја изгубам Твојата благодат и ридам за неа, како што плачел Адам за Рајот и Бога.

 Првата година од својот живот во манастирот, мојата душа го спозна Господа, со Светиот Дух.
 Многу не љуби Господ. Тоа го спознав со Светиот Дух, кого што Господ ми го  даде единствено по Својата милост.

 Јас сум стар човек и сум блиску до смртта и ја пишувам вистината заради народот.
 Духот Христов, кој што ми го даде Господ, сака сите да се спасат, сите да го познаат Бога.
 Господ на разбојникот му даруваше Рај. Така Он и на секој грешник ќе му го даде Рајот. Јас сум полош од смрдлив пес по своите гревови, но, почнав да се молам на Бога да ми прости. Он, не само што ми опрости, туку ми го даде и Светиот Дух и во Светиот Дух јас го познав Бога.
 Ја гледаш ли љубовта Божја спрема нас? Кој може да го опише тоа милосрдие?
 О браќа мои, паѓам на колена и ве молам вас: Верувајте во Бога, верувајте дека постои Светиот Дух кој по сите цркви сведочи за Бога, а сведочи и во мојата душа.
 Духот Свети е љубов. Таа љубов ги исполнува душите на светите горе на небото и тој ист Свет Дух е и на земјата во душите кои што го љубат Бога.
 Сета небеса ја виде земјата во Духот Свети и ги слушаа нашите молитви и ги принесуваат на Бога.
 Господ е милостив. Тоа го знае душата моја, но не знае да опише. Он е многу кроток и смирен И кога душата ќе Го спознае, целата се менува во љубов спрема Бога и ближните и самата постанува кротка и смирена. Но, ако ја изгуби благодатта Божја, човекот плаче како Адам кога бил изгонет од Рајот. Тој плачел и ридањето негово го слушнала сета пустина. Неговите солзи биле полни со тага и тој со години горко ги пролевал.
 Така и душата која што почувствувала благодат Божја па ја загубила – тагува за Бога и говори:
 „Тагува душата моја за Бога и со солзи Го барам“.

starec.Siluan.jpg

Јас сум голем грешник, но видов неизмерна љубов и милост Божја на себе.
 Уште од мал научив да се молам за оние кои што би ме навредиле. Говорев:„ Господи немој да им го сметаш за грев заради мене“. Но, иако сакав да се молам, неможев да избегнам грев. Меѓутоа, Господ не ги спомна моите гревови туку ми даде да ги сакам луѓето, та душата моја сака сета вселена да се спаси и да биде во Царството небесно, гледајќи ја славата Господова и насладувајќи се со љубовта Негова.
 По себеси судам, кога мене Господ така ме засака, значи, Он и сите останати грешници ги сака како и мене.
 О, љубов Господова! Нема сила која би те опишала, бидејќи си неизмерно голема и чудесна.

 

 

(Продолжува)

Подготви: Даниел Илиевски