sv.Agatonik.Nikomidiski.jpg

За барањето на Бога

Старецот имаше една посебна мисла, имено, дека Бог може вистински да го бара само оној кој еднаш Го познал и потоа го загубил.Беше убеден дека на секое барање на Бога му претходи извесно спознание, присуство, чувство на Бога. 
Бог над човекот не извршува никакво насилство, туку  стрпливо стои крај човечкото срце и смирено чека тоа да се отвори.
Бог е Тој кој самиот го бара човекот, пред човекот да го побара Него. И кога во погоден моменент ќе Му се јави на човекот, дури тогаш човекот во извесна мера го спознава Бога. Тогаш тој почнува да го бара Бога, Кој се скрива во срцето. Старецот говореше:
“Како ќе го бараш она што не си го изгубил? Како ќе го бараш она што воопшто не го познаваш? Душата пак, го познава Господа, и затоа и Го бара.”

Извадок од книгата “Старец Силуан” од старец Софрониј (Сахаров)

за Премин Портал: Наташа Д. Д.