slika2.jpg 

Не можеме да го вообличиме внатре во нас образот Христов, освен ако не сме навистина СОЕДИНЕТИ  помеѓу себе, како што тоа Христос го бараше од своите ученици:

Љубете се еден со друг, за да познае светот дека сме Христови.

 

 

Животот на другите за мене има поголема вредност од самиот јас, од самиот мој живот!

 


Кога ќе го разберете ова, меѓу вас повеќе не ке постојат судири!

Решението на еден проблем, или една расправија не зависи од некаква постапка, ниту пак од начинот на однесување, туку од одлуката да истрпиме се.

 


Секој од нас е должен да поседува за другите љубов, таква, каква што е мајчината, безусловна!

 

Должни сме да бидеме крајно чувствителни за потребите на другите. Тогаш ќе бидеме едно, и благословот Божји ќе останува секогаш со нас.

Неисцрпен!

 

Треба да ја имаме СВЕСТА   на Христос, Кој што го носи во Себеси целиот свет; во ова се состои собраноста на човечката ипОстас (личност).

Словото Христово НЕ СЕ ВРЗУВА, нема граници.

 

Ако, како што исповедаме во   Символот на Верата, Христос е вистински Бог, Спасител на светот, Творец на се создадено - низ Кого се постана - како можеме да ја восогласиме оваа теорија со идејата на национализмот, на местото, на времето...?

 

Не познавам Христос, грчки, руски, англиски, арапски...Христос за мене е СЕ, Надсветско Битие!

 

Во Писмото, често се наведува дека Христос умре за целиот свет, заради гревовите на сите луѓе.

Доколку ЈА ОГРАНИЧИМЕ личноста Христова, доколку ја спуштиме на  рамниште на нациите, тогаш губиме се и се  внурнуваме во мрак. Тогаш се  отвара патот кон омразата меѓу народите, патот кон непријателството меѓу општествените слоеви.

 

Читајте го Свети Силуан! Според него секој човек на земјата има свое дело;

еден е цар, друг патријарх, трет професор или работник. Тоа не е значајно.

Оној, пак, кој го љуби Христа го вподобува и го носи внатре чувството што Го имаше Исус Христос,

го живее човештвото како едниот Адам, се моли „за Адам серодителот“.

Еве го вистинското христијанство.

 Христос е неограничен Бог! Не се распна само за верните, туку за сите луѓе од Адама, до последниот што ќе се роди од жена. Да Го следи некој Христа, значи да страда заради исцелување и спасение на целото човештво. Поинаку не може да биде!

 

Она што ќе не одведе во Гетсиманската градина, каде што Христос се молеше за целиот свет, е да го љубиме ближниот како себе си, да ивееме согласно заповедите Христови.

 

„Возљуби го ближниот како себе си!

Ми се даде да ја разберам оваа заповед, како едно дрво со космички размери, гигантско, чиј корен е Адам. Јас не сум ништо друго, освен еден мал лист на една гранка од ова дрво. Но, ова дрво не ми е туѓо. Тоа е мојот корен: Му припаѓам.

Да се молиш за целиот свет, значи како да се молиш за ова дрво, во неговата целост со милионите негови листови.

 

Да го следиме Христа, значи да се отвориме за СВЕСТА на Самиот Христос. Кој го носи во себе целото човештво; целото дрво без исклучок на ниеден лист. Ако ја стекнеме оваа свест, ќе се молиме за СИТЕ, како за себе си.

 

Ако сме создадени според ОБРАЗОТ ХРИСТОВ, носители на човештвото и на Бога, нашето ЈАС ќе биде Образ на Апсолутниот: веројатно во микроскопски размери, но веродостоен Образ на Апсолутниот.

 

Се каеме лично, но, нашите страсти се оние што го угнетуваат светот!

Следствено, она што го живееме НЕ Е ОДВОЕНО од животот во светот.

Лека- полека, природно, почнуваме да ја живееме нашата состојба како отсјај на состојбата на целото човештво.

Почнуваме да го живееме нашиот живот ОНАКА КАКО ШТО ГО ГЛЕДА БОГ, НА НАЧИН СЕОПФАТЕН!

 

Со нашето покајание, не ја живееме само нашата лична драма, ја живееме во себе ТРАГЕДИЈАТА НА ЦЕЛИОТ СВЕТ, драмата на неговата историја од почетокот на времето.

 

Нашата во Христа свест, се шири, нашиот живот не познава граници.

Во заповедта:

Возљуби го ближниот како себе самиот,

треба да го појмиме она - КАКО СЕБЕ, на следниов начин: СЕКОЈ  ЧОВЕК, АДАМ ЦЕЛИОТ, е моето битие...

 

Избор: Мина Даниловска