Izbor20.jpg

Во 1938 година еден човек умре на Света Гора. Тој беше многу едноставен човек. Еден селски човек од Русија, кој дојде во Света Гора кога имаше 20 години и остана околу 50 години. Тој беше човек со голема едноставност. Тој заминал на Света Гора бидејќи имал читано во некоја брошура за Света Гора, дека мајката Божја има дадено ветување, секој еден што ќе му даде ветување на Бога дека ќе Му служи во тие манастири, таа ќе застане со него и ќе се моли за него. Така, тој едноставно го остави неговото село и рече; "Ако мајката Божја е подготвена да застане зад мене, јас одам таму и нејзина работа е да ме спаси".

Тој беше многу забележителен човек. Подолго - време беше задолжен во манастирската работилница. Таму имаше вработено млади руски момчиња од селата кои доаѓаа за година - две да заработат некоја пара, а реално четвртина од фунта, со желба да се вратат во селото со неколку фунти, со надеж да формираат семејство, со намера да изградат некоја куќарка и да бидат способни да го започнат нивниот брачен живот. Еден ден другите монаси кои беа задолжени во нивната работилница му рекоа: "Отец Силуан, како тоа луѓето што работат во твојата работилница работат така добро а ти не им правиш надзор; зошто ние го губиме времето по нив а тие постојано не измамуваат со нивната работа"? Отец Силуан рече: "Јас не знам. Можам само да ви кажам што правам јас околу тоа. Кога ќе дојдам наутро, никогаш не доаѓам без да сум се помолил за овие луѓе, и јас доаѓам до нажаленост во моето срце и со љубов за нив, и коѓа ќе влезам во работилницата имам солзи во мојата душа од љубов за нив. И тогаш им исплатувам за работата, од тој ден, колку долго тие работеле за толку време. Јас се молам за нив; одам во мојата келија и почнувам да се молам за секој од нив посебно. Застанувам пред Бога и велам: "О, Боже.спомни си за Никола. Тој е млад, тој има само 20 години, тој во неговото село ја има оставено жената, Која е уште помлада од него, и нивното прво дете. Можеш ли да ја замислиш нивната сиромаштија во која се наоѓаат. Тој мораше да ги напушти нив, затоа што не можат да опстанат од нивната домашна работа. Заштити ги во неговото отсуство. Чувај ги повторно од секакво зло. Дај им храброст и сила, преку оваа година, и да се врати и весели да се сретнат со доволно пари, но и секогаш да имаат доволно сила да се соочат со проблемите".

И тој рече: "Во почетокот јас се молев со чувствителни солзи за Никола, за неговата млада жена, за малото дете, но колку што јас се молев, Божјото присуство почнуваше да расте во мене, и во еден момент тоа порасна толку силно што јас го изгубив од предвид Никола, неговата жена, неговото дете нивните потреби, нивното село, и бев само со Бога, и бев раководен од Божјото присуство се подлабоко и подлабоко, се до центарот на срцето од тоа присуство. Јас ја сретнав Божјата љубов која го имаше Никола, неговата жена, неговото дете, и сега тоа беше со љубов Божја. Тогаш почнав повторно да молам за нив, но јас повторно бев воден во подлабока длабина од оваа. Јас повторно ја најдов Божјата љубов". И така тој рече: "Јас ги поминав моите денови молејќи се за секој еден од нив од термините еден по друг и кога ќе заврши денот, јас одам им кажувам неколку збора. Ние се молиме заедно и тие одат на нивни одмор. Јас се враќам да го исполнам моето манастирско правило".
Од ова може да се види како тихователната молитва, сочувствителната и активна молитва е напорна и силна, зашто таа не беше само велење: "Спомни си, о Боже, за тој и тој". Тоа беа часови и часови поминати само во молитва со сочувство, молејќи се со љубов, двете соединувајќи ги заедно.

 

Извор: Училиште за молитва

Издавач: Дебарско- кичевска епархија.

Орговорен уредник: Митрополитг. Тимотеј