293 slovo za duhovnata borba 1520x4500

Лесно е да научиш животно,
Лесно е да го научиш простиот.
Но, тешко е да го научиш оној
Кој сеуште ненаучен
Станал учител на другите.

Душата е поважна од телото
Времето е птица, која те украсува со шарени пердуви, но која ќе дојде и да го искорне своето перје. Ако премногу ја врзуваш душата за перјето, времето со пердувите и душата ќе ти ја искорне. Ах, колку грда ќе биде тогаш твојата голотија!

Бог е најголемо тркало
Големото тркало се врти поспоро, но го стигнува малото тркало кое се врти побрзо. Што е поголемо тркалото тоа е поспоро вртењето, а што е помало тркалото тоа и вртењето е побрзо. Ова важи како за тварите, така и за луѓето.
Најголемо тркало во човековата душа е Бог. Неговиот обем не се гледа, ниту се слуша неговиот од буката на малите тркала. Но кога сите мали тркала во душата ќе се стивнат, душата дури тогаш се гледа во неизмерното боженствено тркало со кое е опфатено небото и земјата.

Безбожникот е самиот на себе џелат
Кога човекот го врти своето лице кон Бога, сите патишта водат кон Бога. Кога човекот го врти лицето вон Бога, сите патишта водат во пропаст.
Кој се одрекува од Бога со збор и срце, тој не може ништо да направи во животот, а да тоа не  води до негово потполно разорување, како телесно така и душевно. Затоа не се брзај за безбожникот да  пронајдеш џелат. Тој го нашол во самиот себе и тоа поголем одколку што сиот свет може да му го одбере.

Добротата е далекувида
Добротата е далекувида и ги гледа најдалечните причини. Злобата е кратковида и ги гледа најблиските причини. Злобата и птицата гледаат дека е потребен облак за да падне дожд. Добротата гледа дека е потребен Бог за да падне дожд. Злобата и магарето гледаат дека е потребно ѓубриво за да порасне пченката. Добротата гледа дека за пченката да порасне е потребен Бог.

Слабиот
Злосторството е слабост, а не сила. Злочинецот е слабак, а не јунак. Затоа сметај го злосторот за послаб од тебе и како што не се осветуваш на малотот дете, така не се осветувај ниту на злосторот. Бидејќи тој не е злостор по сила, туку по слабост. На тој начин натрупуваш сила во себе и ќе бидеш како море кое не се излива да го потопи секого кој во него фрла камен.

Душата гледа
Нашите очи, сами по себе, гледаат толку колку и нашите очила. Нашите уши, самите по себе, слушаат толку колку и металната слушалка во нив. Нашиот јазик, самиот по себе, зборува толку смислено колку и клатното во звоникот. Но затоа што нашата душа гледа, нашите очи гледаат. И затоа што душата слуша, нашите уши слушаат. И затоа што душата ја носи мислата, јазикот смислено зборува. Ако нашите очи се како езеро, тие без душата би гледале колку што езерото може да гледа. Ако нашите уши се како пештера, тие без душата би слушале колку и пештерата што може да слуша. Ако нашиот јазик е гласен како кјлатното од звоникот, без душата тој би зборувал колку шти и клатното може да зборува.

Добиток и губиток
Кога добитокот се гледа од блиску, се гледа како добиток. Кога добитокот се гледа од далеку, се гледа како губиток.
Кога губитокот се гледа од блиску, се гледа како губиток. Кога губитокот се гледа од далеку, се гледа како добиток.
Здобивањето на Бога е единствениот добиток кој е добиток и од блиску и од далеку.

Суета
Како што црешата не донесува плод додека не го истресе цветот, така ни човекот не може да донесе духовен плод се дури од себе не ја истресе телесната суета и надворешното украсување.

Од Бога не се бега
Ако бегаш од Бога, тој нема да те брка, но ќе те чека. По кој пат и да одиш ќе го сретнеш Бога. Но ако не го препознаеш Бога при средбата, твоето патување ќе го прати очајот и ќе биде како патување по гробишта.
На која врата и да затропаш, Бог ќе ти отвори. Ако не ти отвори Бог, ниедна врата нема да ти се отвори.
Признавањето на Бога како прва грандиозна последица ја има надмоќта на животот над смртта. Непризнавањето на Бога како прва страшна последица ја има надмоќта на смртта над животот. Во првиот случај може да се рече: сето ова светкање на животот низ темнината на смртта ќе се заврши со еден величенствен пожар на животот во кој смртта ќе биде спалена. Во вториот случај може да се рече: сето ова насилство на смртта над слабите искри на животот ќе се заврши со темнина во која смртта вечно ќе одмара.
Ако го избршеш Бога од вселената, си ја избришал разликата меѓу животот и смртта и си се предал на смртта и на дефинитивно уништување на се.
Залудно бегаш од Бога, не можеш да се скриеш. Тој навистина нема да те брка, но ќе те чека. Но нема да те чека на местото каде ти си го оставил, туку на сите линии и агли на светот. Навистина, полесно ќе побегнеш од воздухот отколку од Бога.

Подготви: А. И.

 

  1. Мисли за доброто и злото од владика Николај Велимировиќ (4) ...