Korica.sv.SerafimS.jpg


Раскажувањето на Балаклавскиот архимандрит НИКОН
(брат на протојерејот Конобеевски)


 Уште во својата младост, пред завршува-њето на семинарскиот курс во 1827 год. во месец август, по заповед на старецот Божји отец Серафим, живеев во Саровската пустина три недели и во текот на тоа време не еднаш бев удостоен со разговор во ќелијата на отец Серафим. Тој ме прашуваше: ,,Зошто сакаш да одиш во монаси?” Веројатно, се гадиш од брак.
 Јас на тоа одговарав: ,,За Светата Тајна Брак никогаш сум немал лоши мисли, а сакам да одам во монаси со цел подобро да му служам на Бога”.
 После тоа, ставајќи епитрахил, Старецот рече: ,,Благословен да е твојот пат! Но гледај – напиши ги следните зборови не на хартија, туку на срце:
 1. Секојдневно мети ја својата колиба, со добра метла, (Се подразбира очистувањето на душта со покајание).
 2. Ставај наутро и навечер самовар, под-гревај ја водата постојано додавајќи јаглен: зашто жешката вода ги очистува и телото и душата (Се работи за срцевата топлина).
 3. Учи се на умно-срдечната молитва, како што учат Светите Отци и Добротољубието; зашто Исусовата молитва е светилник на патиштата наши и патеводителка ѕвезда кон небото.
 4. Учи се да ја сотворуваш молитвата преку носното дишење со затворена уста. Таа уметност е бич против плотта и плотската похота.
 5. Кон вообичаената Исусова молитва додавај: ,,Богородице, помилуј ме”.
 6. Само надворешна молтва не е доволна. Бог проникнува во умот, и затоа оние монаси кои не ја соединуваат надворешната молитва со внатрешната, не се монаси, туку црни гламји.
 7. Плаши се, како од адски оган, од чавки намачкани (жени), зашто тие често од царски воини прават робови на сатаната.
 8. Запомни, вистинската монашка мантија е радосно поднесување на клевета и лажна оптужба: ако нема таги, нема ни спасение.
 9. С# прави полека, полесно и не одеднаш; добродетелта не е круша, нема одеднаш да ја изедеш. 
 Во еден друг разговор отец Серафим велеше: ,,Го познавам татко ти. Вашето село и двете цркви со камбанариите ќе изгорат, а на татко ти му е судено да изгради нов камен величествен храм со камбанарија и со две споредни згради; од западната страна ќе биде зградата за бедни, а по вториот пожар и тој самиот ќе мора таму да поживее”.
 С# што претскажа Старецот Божји се случи. Селото и црквите изгореа во 1828 год., а во четириесеттите години се случи и вториот пожар, во кој изгоре куќата на родителот на протојерејот Конобеевски, и тој беше принуден долго време да поживее во изградената од него црковна зграда.
 ,,Имаш братучед?” – ме праша отец Серафим.
 Јас одговорив: ,,Имам”.
 ,,Тој учи на Академија; се родил со полна торба. Ќе соли, и ќе соли, до самата своја смрт.”
 Ова скапоцено претсказание се однесуваше на преосвештениот Филарет Черниговски.
 ,,Со тебе е твојата болна внука? Доведи ја утре кај мене”.
 Другиот ден ја поведов со себе внуката, девојка од четиринаесет години, и ја воведов во ќелијата на отец Серафим, а тој го зеде садот со елеј, &  го намачка челото, очите, ушите, рацете, велејќи: ,,Се помазува рабината Божја монахинка”, (Истата девојка денес е монахиња во Тамбовскиот Девичји манастир). ,,Збогум! За девет дена дојди кај мене”.
 Беше тоа еден тажен период во мојот живот: зашто ме напаѓаа богохулни мисли, така што не можев да влезам в црква; сакав дури и да заминам од пустината, но ме задржа јеромонахот Иларион, велејќи: ,,Старецот знае што прави”.
 По девет дена, измачен од ѓаволските предлози, едвај можев да влезам во тремот и, доближувајќи се до неговата ќелија, не успеав ни да ја кажам молитвата, а отец Срафим ја отвори вратата, ми падна пред нозе, велејќи: ,,Прости ми за искушението со кое страдаше; тоа е за да знаеш дека такви маки ќе имаш стапувајќи во монаси; но не паѓај во униние!”
 После тоа, облекувајќи епитрахил, ме исповеда и ми рече на подоцнежната Литургија да се причестам со Светите Тајни; а откако ќе ги примам, сето темно што е во мене, ќе се оддалечи во темнината.
 Во прошталниот разговор отец Серафим ми кажуваше: кога ќе отидеш во монаси, ќе треба да почнеш од мајчината колепка, - од својата
епархија; а потоа ќе те испратат на подалечно место, - како и што се случи, но немој да паѓаш во
униние, туку со весел дух пеј: ,,Земјата е Господова и исполнувањето нејзино”.
 Сите поуки на отец Серафим беа оживо-творени од духот на помазанието; зашто таму ја наоѓаше длабочината на духовната мудрост неучениот, непросветениот со надворешни, научни знаења, Старец. Секој негов збор стигнува до душата и проникнува во срцето, затоа е важно и значајно. Многумина учат, но чукаат како ковачи со чекан на наковална, а учењето на неучениот, но помазаниот стигнува до самиот ум. Долгогодишното подвижништво го имаше осветлено умот на старецот, а Исусовата молитва се содинила со неговото срце, онолку колку е возможно на земјата. Неговите поуки за Исусовата молитва во с# се слични со поуките на светогорските подвижници. Тие беа јасни, вразумувачки, како плод на искус-твено подвижништво, а не на научно познание.
 ,,Книгата нема да те научи – ми велеше тој – на молитва: треба да се има цврста практика во неа”.
 Многу, многу жалам за тоа дека неговите писма до мене, за време на моите странствувања по долините и планините на Кавказ и Крим, се изгубени; тие ми беа пишувани во 1827 и 1828 год. Само едно памтам, како ми го објасни кажувањето на Исусовата молитва преку носното дишење, а и тоа дека не е вистински монах оној што не го
знае духовното извршување на Исусовата молитва. Такви беа поуките на Старецот Божји Серафим. Тој сееше семе во срцата на илјадници и не може да биде дека од таков сејач не произлегоа плодови во срцето. Неговите молитви беа моќни, неговото срце гореше со пламенот на небесниот оган. Од искуство знам дека неговите скапоцени поуки беа многу полезни за мене при моето стапување во монаштво; верувам во тоа дека тој и по смртта продолжи да се застапува за моето недостоинство. Тој еднаш ми рече: ,,Кога ќе живееш блиску до мојата колиба, да служиш панихиди, а кога ќе те пуштат да одиш далеку, спомнувај ме, - тоа е и за мене и за тебе полезно”.
 Се присетувам на уште некои изреки на старецот:
 1. Знај, вистинската монашка мантија не е онаа која монасите ја носат на себе од платно, туку поднесувањето на клеветите, бедите и напастите. Облечениот во таа мантија, ќе го достигне вечното блаженство на вистински монах.
 2. Чувај ја својата камилавка од молци; неволја е, неволја ако во камилавката се зафатат молци: тие ќе извалкаат и с# ќе изгризат.
 3. На војна не се оди без оружје, во монаси нема зошто да се оди без молитва и трпение. Живо-тот на монахот од самиот почеток и до последниот здив е страшна и ужасна борба со плотта, светот и ѓаволот. Затоа, не е монах оној кој сака да лежи, не е монах оној кој во време на војна малодушно паѓа на земја и се предава без борба во плен на непријателот.
 Последните зборови на Старецот Серафим кон мене беа: ,,Рибата умира без вода, а монахот без молитва. Збогум! Во овој живот веќе нема да се видиме; моли се за мене, а јас ќе се молам за тебе”. Тоа беше на 23 август 1828 год. Навистина, веќе не се видовме.

 

 

Избор од најновите книги на манастирот на св. Атанасиј Велики , с. Журче:

Извадок од кигата: „Свети Серафим Саровски“

 

sv.Serafim.Sarovski1d.jpgСв.Серафим Саровски - Сеќавањата на Богданович 

 Од издавачката дејност на манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче

Ви препорачуваме: Од издавштвото на манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче

 

 

 Во издание на  библиотеката „НЕБЕСНИ ЦВЕТОВИ“ при манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче излегоа од печат две нови книги, и тоа:   ДУШТА ПОСЛЕ СМРТТА од јеромонах Серафим Роуз и ПАТОТ НА ХРИСТИЈАНИНОТ од Арх. Рафаил Карелин.
во моментов, книгите може да се купат  во манастирот  на  св. Јован Крстител, с. Слепче и во манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче , или на контакт маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Библиотеката “НЕБЕСНИ ЦВЕТОВИ” ги  има издадено и следните книги:
“НОВ ЗАВЕТ”
“Тајната на спасението” од арх. Рафаил Карелин
“Светињата на животот и детеубиството”
“Касијана”
“Свети Серафим Саровски”

 “Свети Нифонт”

Арх. Софрониј - „За молитвата“