Во издание на  библиотеката „НЕБЕСНИ ЦВЕТОВИ“ при манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче излегоа од печат две нови книги, и тоа:   ДУШТА ПОСЛЕ СМРТТА од јеромонах Серафим Роуз и ПАТОТ НА ХРИСТИЈАНИНОТ од Арх. Рафаил Карелин.
во моментов, книгите може да се купат  во манастирот  на  св. Јован Крстител, с. Слепче и во манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче , или на контакт маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Библиотеката “НЕБЕСНИ ЦВЕТОВИ” ги  има издадено и следните книги:
“НОВ ЗАВЕТ”
“Тајната на спасението” од арх. Рафаил Карелин
“Светињата на животот и детеубиството”
“Касијана”
“Свети Серафим Саровски”

 “Свети Нифонт”


Сеќавањата на Богданович

 sv.Serafim.Sarovski1d.jpgВо 1832 год., на денот на Рождество Христово, се удостоив во Саровската пустина да го видам отец Серафим.
 Дојдов во болничката црква на утринска служба, уште пред почетокот на службата, и го видов отец Серафим кај што седи на десниот клирос, на подот. Истиот час отидов кај него по благослов и тој, благословувајќи ме, брзо замина во олтарот, одговарајќи на моето прашање да поразговарам со него: ,,После, после!” По завршувањето на службата, кога повторно отидов кај него, тој ме пресретна со зборовите: ,,По молитвите на Пресвета Богородица, с# ќе биде добро!” Тогаш се осмелив да го прашам за тоа да ми одреди време кога ќе можам да ги слушнам неговите спасителни совети.

 Старецот на тоа вака ми одговори: ,,Има два дена празник. Не треба да се одредува време. Свети апостол Јаков, братот Божји, н# поучува: ‘Ако сака Господ да бидеме живи, ќе направиме тоа и тоа”.

 Ја доведов кај него и мојата ќерка Вера, а тој, благословувајќи н#, на двајцата ни даде сухарики.
 На крајот, подготвувајќи ги благовремено прашањата што сакав да му ги поставам на Старецот, отидов кај него в ќелија. Тој ме пресретна во тремот, ги прими свеќите и маслото што ги донесов, по нарачка на други, и ми благослови да разговарам со него.
 Го прашав дали да продолжам да работам, или да се преселам да живеам на село.
 Отец Серафим одговори: ,,Уште си млад, служи”.
 ,,Ама службата не ми е добра” – противречев јас.
 ,,Тоа е поради твојата волја, - одговори Старецот. – Прави добро; тоа е патот Господов! Непријателот постојано ќе биде со тебе. Кој се причестува, секогаш ќе биде спасен; кој не се причестува, не верувам. Каде што е господинот, таму и слугата ќе биде. Смирувај се себеси, чувај го мирот, за ништо не се лути”.
 Го прашав уште дали добро ќе се заврши мојот живот.

 Старецот одговори: ,,Треба пољубовно да се разделиш со роднините, со оние со кои имаат што да делат. Двајца браќа имаа две езера, на едниот с# му се умножуваше, на другиот не. Затоа другиот сакаше да војува. На едниот му требаат дванаесет сажени нива, а на другиот повеќе. Не посакувај такво нешто”.

 После тоа го прашав: ,,Да учат децата јазици и други науки?” и тој ми одговори: ,,Што има лошо во тоа - да се знае нешто”.
 Јас, грешниот, помислив, расудувајќи на мирјански начин, дека тој самиот мора да биде учен, за да може да одговори на тоа; истиот час слушнав како прозорливиот старец ме разобличи: ,,А од каде јас, детето, да му одговорам на твојата памет на такво прашање, прашај некој поумен”.    
 Вечерта, кога дојдов кај него, неговиот прв збор беше: ,,Подобро да го оставиме разговорот. За секој празен збор, ќе треба да му дадеме одговор на Бога”.

 Но јас го замолив да го продолжиме спасителниот за мене разговор и му го поставив следното прашање: сокривање на дела, преземени во името на Бога, во случај кога знаеш дека за нив побрзо ќе добиеш исмевање, наместо пофалба, дали се слични на одрекувањето на Петар; што да се прави при противречност на нештата?

 Старецот на тоа вака ми одговори: ,,Светиот апостол Павле во посланието до Тимотеј вели: пиј вино наместо вода, а потоа вели: не се опивај со вино. Затоа е потребен разумот. Немој да трубиш, а каде што е потребно, немој да премолчуваш”.
 Го прашав уште што ќе ми посоветува да читам. Го добив овој одговор: ,,Евангелието, по четири глави на ден, секој евангелист по една глава; и уште, животот на Јов. Макар што жена му му велела: подобро да се умре, тој с# трпел; и се спасил. И не заборавај да им испратиш дарови на оние што те навредиле”.

 На моето прашање дали треба да се лечи човек при болести и како воопшто да се води животот, тој одговори: ,,Болеста ги очистува гревовите. Но, сепак, постапи по твоја волја. Оди по средниот пат; не земај ништо над своите сили, ќе паднеш, и непријателот ќе те исмее, уште си млад, воздржи се. Еднаш ѓаволот му предложил на еден праведник да скокне в јама; овој се согласил, но Григориј Богослов го задржал. Еве што да правиш: кога те укоруваат, не укорувај; ако те гонат – трпи; те
осудуваат – не осудувај; осудувај се самиот себе, така Бог нема да те осуди, покорувај ја својата волја на Божјата волја; никогаш не ласкај; препознавај го во себе доброто и злото, блажен е човекот кој го знае тоа. Љуби го ближниот свој; ближниот твој е – тело твое. Ако само по плот живееш, и душата и телото ќе ги погубиш, а ако по Бога живееш, и двете ќе ги спасиш. Тоа се поголеми подвизи, отколку да се оди во Киев, или подалеку, за оној кого Бог ќе го повика”.

 Последните зборови на отец Серафим се однесуваа на мојата желба да одам на богомолие во Киев и подалеку, ако ми благослови. Впрочем, јас с# уште му ја немав откриено таа желба, а отец Серафим ја дозна единствено по дарот на прозорливост, кој го имаше по благодатта Божја. 
 После тоа, го прашав Старецот дали е човек обврзан, заради поддршка на своето звање, да си наметнува трошоци, кои ги надминуваат неговите приходи а не му се на луѓето од неопходност?

 Тој одговори: ,,Кој како може, но подобро е како што дал  Бог. Леб и вода му се доволни на човекот. Така беше и до потопот”.
 Прашав уште дали треба да им се угодува на луѓето и во оние случаи кои не се во согласност со волјата Божја, на пример, во празно да се поминува времето и сл.

 На тоа отец Серафим одговори: ,,За таа љубов многумина имаат загинато; и уште, тој што не прави добро, тој греши. Треба сите да се љубат, а повеќе од сите – Бог”.

 Го замолив потоа да се моли за мене, а тој ми одговори: ,,За сите се молам секој ден. Создај си душевен мир, за никого да не огорчуваш и на никого да не се огорчуваш; тогаш Бог ќе ти даде солзи на покајание; и ми повтори: ‘Те укоруваат, не укорувај, итн.”
 На моето прашање како да се сочува моралноста на луѓето што ми се потчинети и дали му се на Бога спротивни законските казни, тој одговори: ,,Со милост, со олеснување на работата, а не со рани. Напои, нахрани, биди справедлив. Господ трпи; Ти прави вака: кога Бог простува и ти проштевај. Чувај го душевниот мир. Да немате никаква кавга за ништо во семејството, тогаш ќе биде добро. Исаак, Аврамовиот син, не се лутел кога му ги засипуваа бунарите, и отстапувал пред луѓето; а потоа, кога Господ го благословил со стократен плод од јачмен, сите почнале да го викаат кај
себе”.

 Го прашував уште отец Серафим во однос на опасноста од современите советодавци и дали може да се најде поткрепа во учењето на другите.
 Тој одговори: ,,Тоа е за вас, необновените”, и се насмевна. ,,Доволен е едниот Ангел Хранител, што ни се дава од светиот купел. Ако во некого има лутина, не го слушај; ако некој го чува девството, Духот Божји таквите ги прима. Биди разумен и читај го Евангелието”.
 Го замолив отец Серафим да ми растолкува сон: видов некого кој ми заповеда да изградам црква.

 Отец Серафим ми рече: ,,Тоа е твоја сопствена желба, и ако Бог те избрал за тоа, и има потреба од тоа, тогаш со Бога! Душата нека ви стекнува трпение; така ќе му бидете подобни на Бога, поинаку, не верувам дека некој ќе се спаси”.
 Го прашав Старецот дали треба да му се молам на Бога да ме избави од опасни случаи?
 Старецот одговори: ,,Во Евангелието е кажано: молејќи се не кажувајте отповеќе, зашто вашиот Отец знае што ви треба уште пред да замолите. Туку молете се: Оче наш, и другото е благодатта  Господова; а с# што примила и целивала Светата Црква, сето тоа треба да му е мило на срцето на христијанинот. Не ги заборавај празничните денови; биди воздржан; оди в црква, освен кога си во немоќ; моли се за сите: многу добра со тоа ќе направиш; в црква давај свеќи, вино и елеј; од милостињата ќе имаш многу добро”.

 За постот, за бракот и сл. речено е: ,,Царството Божјо не е брашно и питие, туку правдата, мирот и радоста во Духот Свет”.
 Отец Серафим ми рече: ,,Не треба ништо да се посакува, сe Божјо е добро: и девството е добро и постите се потребни, за да се победат непријателите телесни и душевни. И бракот е благословен од Бога: и ги благослови Бог велејќи: раѓајте и множете се. Само непријателот човечки сите ги буни”.

 На моето прашање за духот на сомнежот и вообразеноста и за хулните помисли тој одговори: ,,Неверниот во ништо нема да го увериш. Тоа доаѓа од самиот себе. Купи си Псалтир, таму има с#. Три рубљи чини”.

 Го прашав дали може да се јаде мрсно за време на постите, ако на некого посната храна му штети, а лекарите му препорачуваат да јаде мрсно.
 Старецот одговори: ,,Лебот и водата на никого не му се штетни. Како живееја луѓето по сто години? Не од лебот ќе биде жив човекот, туку од секој збор што излегува од устата Божја. А она што Црквата го установила на седумте Вселенски Собори, тоа исполнувај го. Тешко на оној кој ќе додаде макар еден збор на тоа, или ќе скрати. Што велат лекарите за праведните, кои исцелуваа од гнојни рани само со еден допир, или за жезлото на Мојсеј, со кого Бог од каменот извади вода? Каква полза има човек ако цел свет го добие, но на душата своја &  наштети? Господ нe повикува: дојдете при мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам, зашто јаремот Мој е благ и бремето Мое е лесно; но ние самите не сакаме”.
 Како, прашав јас, да се истреби гордоста и да се стекне смирение?

 Тој одговори: ,,Со молчење. Бог му рече на Исаија: на кого ќе погледнам: на кроткиот и молчеливиот и на оној кој трепери на зборовите мои”. Што се однесува до духовната гордост, тој уште додаде: ,,Моли го Бога да ти го продолжи векот. Тоа без труд нема да го направиш. Со молчење најголемите гревови се победуваат”.

 За цело време на нашиот разговор отец Серафим беше неверојатно весел. Тој стоеше потпрен на дабовиот киур, што самиот за себеси го имаше приготвено, и држеше во рацете запалена восочна свеќа. Почнувајќи да одговара, често ми се обраќаше со зборовите” Ваше Богољубие!” За мојата ќерка рече: ,,Има тежок пат: ќе се мажи за таков човек, кој нема да знае за Бога”.

 Простувајќи се со мене, ми заблагодари за посетата на неговата ништожност, како самиот што се изрази. Благословувајќи ме, сакаше дури и рака да ми бакне; ми се поклони до земја и, наполнувајќи ме со сухарики, ми рече да им раздадам на моите потчинети; и на крајот, пуштајќи ме, рече: ,,Оди со Бога! Сухариките се свежи; само што се извадени од печка”.


 Ова можеби не е доволно за да се прослави чудесниот дар на прозорливост, што го поседуваше благодатниот Старец отец Серафим, но треба да објаснам, дека немав можност да го распрашувам Старецот толку подробно и не ги помнам сите негови одговори. И уште нешто, тој зборуваше неверојатно брзо. Поради тоа сите мои прашања претходно ги имав напишано за да ги запомнам на хартија. Само што ќе ги прочитав пред Старецот, истиот миг добивав одговори.

(Продолжува)

Избор од најновите книги на манастирот на св. Атанасиј Велики:

Извадок од кигата: „Свети Серафим Саровски“

 


Друго:

 Од издавачката дејност на манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче

Посети: {moshits}