ikona.gulab.jpg

Краток вовед

ПРЕДГОВОР


 Познато е дека богословието на нашата Црква преживува еден континуиран период во “Вавилонското ропство” на западната богословска мисла. Тука, се разбира, не станува збор за црковното богословие во неговиот автентичен облик, за влијанието, испитано од преставниците на православното богословие.

Ова влијание може најмногу да се проследи во формулациите на определени аспекти на вистината. Како примери можеме да ги посочиме темата за т.н. задоволување на божественото правосудство, мислењето дека првородниот грев е наследна вина, која се пренесува од поколение на поколение, секуларизацијата во Црквата, богословието, пастирската грижа и друго. Меѓутоа, може да се каже дека православниот народ, во голем дел останувајќи верен на православното предание, не бил толку многу под влијание на западното богословие.

Во наше време многумина се стремат да го откријат и да го заживеат духовниот опит на нашата Црква. Во овој стремеж влегуваат како богословските испитувања, така и црковната благочестивост. Православното предание ја усмерува и вдаховува целата црковна дејност: проповедта, пастирската служба, милосрдната и општествена дејност. Малку по малку, варлаамизмот како израз и начин на живот е игнориран од нашата Црква. Испитувањата и издавањето на светоотечките текстови повторно го раѓаат интересот за востановување на православниот црковен живот, како откривање и повторно раѓање на православната духовност.

За тоа е крајно неопходно да бидат дефинирани основните принципи на православната духовност. Тоа се бара, затоа што често, обрнувајќи се кон учењето на светите Отци, ние го восприемаме низ призмата на западните богословски погледи и на тој начин поединечни точки во светоотечкото учење се преиначуваат. Како пример ќе ги посочиме сфаќањата на “практиката” (гр. праџиј - праксис) и “теоријата” (гр. љеориа - теорија). Многумина се користат со овие зборови, но во стварноста во истите го вметнуваат значењето кое им го дава западната дијалектика. Затоа ќе биде грешка, ако не ги разгледаме и предефинираме сличните сфаќања во атмосферата на православното предание.
Содржината на оваа книга е еден краток вовед во православната духовност. Таа не ја исцрпува темата, а претставува само еден увод, еден краток “вход” во областа на црковното предание.

Треба да истакнам дека смислата на сфаќањето “духовност” во Православната црква се изразува покоректно од фразата “духовен живот”, затоа што тука не станува збор за некаква апстрактна состојба - така како што духовноста ја разбира западното богословие - а за енергијата (дејството) на Светиот Дух во човекот. Во оваа книга се користиме со сфаќањето “духовност” во една условна смисла, на начин што, подложувајќи го на анализа, да можеме да го определиме неговото место во православното предание и да ја покажеме неговата разлика од секое друго разбирање на духовноста. На тој начин, од една страна, бараме средба со современиот човек, кој се навикнал на зборот “духовност” и во исто време, го конкретизираме значењето на овој збор од православна гледна точка.

Во оваа книга основните аспекти и елементи на православната духовност се опишани на еден достапен начин. За да го олесниме читањето избегнувавме многу цитати од светоотечките текстови, кои, оние кои се заинтересирани, можат да ги најдат во други мои книги.
Книгата која е пред вас е еден мал влез. За читателот да ја стекне можноста да го направи својот голем влез во духовноста на православното предание, каде ќе заживее во “литургијата на предложението”, во “брачната гозба” на Духот.

Архим. Јеротеј С. Влахос

(Продолжува)

 

Подготви: А.И.

Друго:

 ikona.gulab.jpgАРХИМАНДРИТ ЈЕРОТЕЈ ВЛАХОС- ПРАВОСЛАВНА ДУХОВНОСТ

 

 

 katakomba.jpgАрхим. Јеротеј С. Влахос- ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ПРАВОСЛАВНАТА ДУХОВНОСТ (1)

Svetlina.lit.jpg


 

 

Monah.dacha.jpgАрхим. Јеротеј С. Влахос - ЦЕНТАРОТ НА ПРАВОСЛАВНАТА ДУХОВНОСТ (3)

 

 

 

Подготви: А.И.

Посети: {moshits}