Архимандрит Лазар Витаниски

ЗА ЕПИТИМИЈАТА

slika9.jpgЌе наведеме уште некои зборови на други отци на Црквата за светата тајна исповед. Еве што велат тие:
- Господ Спасителот секогаш ќе го прими покајникот, но не ја враќа наеднаш, во потполиост Својата милост: потруди се и докажи дека чувствуваш длабока, а не минлива скрушеност и повторно ќе те посети милоста Божја.


Ова се случува само после исповедта и разрешувањето од гревовите во светата тајна покајание. Без исповед и разрешување од гревовите, ако се мачиш и целиот живот, ништо нема да добиеш. Зашто, после крштавањето, гревот го лишува човекот од благодатта за обновување на духот. Тој треба повторно да се удостои за неа, за со нејзина помош да ги исчисти душата и телото од нечистотијата на страстите и самоугодувањето што се вовлекле во неа. Таа се враќа на светата тајна покајание, која е друго крштавање во крстилницата на солзите. Бидејќи е такво и на него му претходи исто што и на крштавањето, т.е. вера, скрушеност со солзи, исповед со донесување на одлука дека човекот цврсто ќе ја следи Божјата волја. Заради таквото расположение во срцето, заедно со зборовите на разрешувањето од духовниот отец, се враќа благодатта и, соединувајќи се со човечката слобода, повторно поставува темел за духовноблагодатен живот, како што се случува при потопувањето во водата на оној што се крштава, заедно со зборовите на светата тајна крштавање што заповедал Господ да се изговараат. Без ова, благодатта нема да се врати: значи, нема да има ниту духовен живот во вистинска смисла на зборот.


Што се однесува на самото простување, тоа се случува само во поглед на гревот, што се случува во човекот без негова намера, какви што се, пред се, помислите, чувствата, малце забележливи ви зборовите и уште помалце или одвај забележливи - во делата. Оној што ревносно му угодува на Бога, исполнет со страв Божји, штом забележи некој грев што му се провлекол, во истиот момент му се обраќа на Бога, Кого го гледа секогаш, смирено се кае, осудувајќи се себеси и добива простување. Но, покрај се, заради тоа што гревот веднаш почнува да ја оптоварува совеста, човекот треба да побрза кој духовникот, да се исповедува и да добие разрешување на гревовите."


- Отпуштањето на гревовите таинствено се случува веднаш после исповедта, во моментот додека свештеникот ги разрешува, а бришењето на нивните траги, од самата човечка природа, се остварува после трудот на покајанието...
Милоста Божја веднаш го прима покајникот, но даровите на милоста не се даваат веднаш, туку понекогаш, после долго време. Ова продолжување на враќањето на даровите на милоста, за човекот, е Божја епитимија. Неа ја добиваат сите што имаат големи или мали гревови. Рокот на оваа епитимија Бог не го објавува, туку го држи во тајност. Затоа милоста или чувството на помилување секогаш се враќа одненадеж и тогаш во душата настанува празник. Духовникот дава епитимија заради скратување на рокот на Божјата епитимија. Таа покажува доброволно прифаќање на трудот на покајанието, ја напрега човечката свест за својата вина и го умилостивува Бога, правејќи ја душата способна да ја прифати оваа милост.


Еиитимијата не е задоволување на Божјата правда, не е жртва и не е откуп, зашто тоа задоволување, таа жртва и тоа искупување го имаме само во нашиот Спасител, Кој на Себе ги примил сите гревови на светот. Епитимијата е душевен лек што е потребен за поправување на животот на покајникот, за лекување на неговите духовни слабости, која има за цел само едно - лекување на неговите слабости и заштита од гревот.
Без разлика дали духовникот ќе даде епитимија или не, оваа Божја епитимија е одложување на дарувањето на чувството на помилуваност и секогаш трае подолго или пократко, во зависност од гревот. Кога, пак, ќе настапи ова чувство (на помилуваност)... тоа влегува во срцето, го освојува и сите сили на душата и телото ги поттикнува на радост и ликување (веселење). Оној што се покајал чувствува дека е во прегратките на Отецот. Ова рајско чувство им се дава на сите оние што ќе се потрудат во смирението и напорите, секако, се под услов на верата и смиреното обраќање на Бога" (св. Теофан Затворник).


За траењето на епитимијата, во апостолските правила е речено: „Не изрекувајте иста казна за секој грев, туку за секој наложите посебна." Оттука, при давањето на епитимијата треба да се земе во предвид својството на гревот, степенот на покајанието и ситуацијата во која се наоѓа покајникот. Свети Јован Златоуст пишува: „Не грижи се за должината на времето, туку за поправувањето на душата. Ако е јасно дека човекот е смирен или дека се поправил - се е направено."


Правилата во Номоканонот наредуваат да им се забрани иричестувањето на големите грешници неколку години, а светите отци, често, им дозволувале да се причестат неколку дена после покајанието. Како сето тоа да се усогласи?
Ова може многу лесно да се усогласи, ако се земе во предвид тоа дека траењето на забраната светите отци не го одредиле безусловно и дека свештеникот, земајќи ги во предвид околностите, има полно право или да го скрати или да го продолжи времето на епитимијата. Така, свети Василиј Велики, во едно од своите правила, вели: „Не треба според времето да се определува забраната, туку според начинот. Каква смисла имаат овие зборови? Смислата, според толкувањето на светите отци, е тоа дека, иако се утврдени „напишаните и предвидени забрани, не треба да гледаме на времето на забраната, туку на начинот на покајанието!"

(Продолжува)

Извадок од книгата:

ПОКАЈАНИЕТО- ПАТ КОН ВЕЧНОСТА

Издавач: Канео ,Охрид, Дебарско- кичевска епархијa

Друго: Pokajanie.korica.jpg

 

Посети:{moshits}