Архимандрит Лазар Витаниски

crkva.shuma1.jpgСОВРЕМЕНА МАГИЈА

Да не се најде пред човек што го тера синот свој или ќерката своја преку оган, заради очистување, или да претскажува, да гата, или како маѓесник, чародеец, ни гледач на утробата, ниту, пак, што гледа по знаци, ни таков што повикува мртви; зашто, секој што го прави тоа, е гнасен пред Господа... (5 Мој. 18, 10-12).
Маж или жена, ако извикува духови на мртви, да бидат убиени; со камења да ги убиете, виновни се (3 Мој. 20, 27).


Така строго и забранил Господ на старозаветната црква да има било какви врски со волшебништвото, магиите, спиритуализмот и слични магијски зла, а во новозаветната црква Светиот Дух востановил:
„Волшебници се оние што на дело ги повикуваат демоните, па и ако направат нешто добро, тие се убијци и сакаат да излажат;... Ако некои одат кај гатач и гатаат или гледаат по ѕвезди или прават слични гревови, шест години да не се причестуваат;... Волшебниците, односно гледачите и гатачите... да не се причестуваат дваесет години..." (Номоканон или Законоправило).
Свети Јован Златоуст, пак, вели: „Иако го споменуваат името на Света Троица, иако ги повикуваат светиите, иако се крстат (овие волшебници, гатачи), треба од нив да бегаме и да се одвраќаме."
Во наше време овие злодела премногу се раширија (иако повеќето луѓе, неписмени во духовниот живот, ги сметале за остаток од далечното минато и измислици). Меѓутоа, истите овие волшебници, магови, гледачи, бајачи и гатачи во современа облека патуваат со авиони и возови од град во град, од престолнина во престолнина, луѓето насекаде ги примаат со нечуени почести и почитување, тие ги шират своите магии и волшепства на огромни пространства насекаде на светот користејќи ги телевизијата, радиото, дневниот печат и брошурите, рекламните проспекти, сеејќи духовна смрт со широкото замавнување на волшебничката рака, ги хипнотизираат душите, ги водат во заробеништво кај сатаната, ја пополнуваат војската антихристова, му подготвуваат армија. А денес луѓето станаа толку духовно слепи, така што сега многу наши браќа и сестри по вера ги сметаат овие слуги на сатаната за свои „добротвори", „исцелители" и „учители." Десеттина милиони луѓе повремено се препуштаат на потполно непознатото дејство, за чие потекло и последици немаат никакви претстави. Луѓето се изложуваат на најлукавите психолошки и окултни експерименти, на влијанието на многу опасните сили на духовниот и психичкиот свет.
Иако називите на современите оклултни, спиритуалистички и медиумски експерименти се разликуваат од оние од минатите времиња, нивната суштина е иста (а можеби и уште полоша, зашто злите духови се усовршуваат во злото, стекнуваат се повеќе искуство во уништувањето на душите), но се кријат зад научните термини што не кажуваат ништо за нивната врска со било какви религиски системи или духови. Станува збор за „биоенергијата", „биополето", „активното психичко поле", „психичката енергија", „астралот (астрална проекција)", „микротеосот" и сл. Но, никаде не се споменуваат духовните битија (демоните) што се секогаш подготвени кутриот човек, без некои негови особени напрегнувања, да го заспијат со (лажни) „чуда", барајќи од човекот само едно: да има доверба во демоните и во демонските сили, од една, и да го презира гласот на светата Црква - нашата мајка, од друга страна. Според еднодушното мислење на светите отци, злите духови се трудат да го завладеат човечкото внимание зашто тое е единствена врата преку која можат да продрат во душата. Денес повеќето луѓе имаат во својот дом зол маѓионичар, токму тоа станува телевизорот кога преку него се емитува сеанса на телемагија. Дури и на површното обраќање внимание на емисијата прави човекот да стане жртва на духовно насилство и духовна кражба.
Ништо што има врска со духовниот свет не е неутрално: тоа е или Божјо или сатанско. Духовните појави што се од Бога се одликуваат со потполно јасни и одредени карактеристики: тоа е учење за покајанието, за вистинската вера, за смирението и за вечниот живот. Таму каде што ги нема нив, дејствува демонскиот дух, без разлика на тоа зад какви разни називи се крие. Додека оној што исцелува со силата Божја секогаш од својот пациент бара свесен и вистински напор за човекот да живее според верата, сите демонски „исцелители" (било тоа да се селски гатачи, индиски факири и јогисти, современи биоенергетичари, луѓе што поседуваат моќно „биополе" и кои се кријат зад христијански имиња), без разлика на својата разновидност се сложуваат во едно: тие не бараат ни свесна вера, ниту напор за живот според таа вера, туку бараат човекот, заборавајќи на себе, да се опушти, да се препушти на духот со кој тие дејствуваат. Јасната православна вера тие ја сметаат за изживеана, достојна само на средниот век, а не и на современото време. Тие учат дека човекот мо-же да верува во било што, но треба да живее и да се исцелува по нивните рецепти. Нивните духовни методи, за разлика од вистинските, христиЈанските, се чиста техника, непромислено повторување на одредени магиски заколнувања и формули, употребување на „волшебни" материи, води „наполнети со биополе", заземање на одредени положби на телото, и други чисто физички вежби, заедно со задолжително опуштање на умот и волјата и потполно предавање на раководство на нечистите сили.
Гаволот е татко на лагата и неговите слуги, пред се, на луѓето им сугерираат потполно погрешен и лажен поглед на себе. Тие учат за скриени човечки снособности, што божем постојат во луѓето и треба само да се откријат во себе. Во суштина сите човечки духовни способности не се ништо друго туку плод на дејствувањето на овој или на оној дух, живо, лично и са-мостојно, нетелесно битие, а човекот сам по себе е ништо, така што може само да ги прифаќа или да ги отфрлува дејствата на овој или оној дух, да избира со кој дух ќе биде: со Бога или со сатаната. И додека Спасителот директно и јасно вели: Без мене не можете ништо да направите, злите духови и нивните помошници постојано повторуваат дека човекот има големи духовни способности. Наспроти христијанското смирение, правилниот и смирен поглед на човекот кон себе, тие на луѓето им сугерираат гордост и вообразеност, знаејќи дека тоа подобро од било какви убедувања, па дури и од лажни чуда, ќе го оддалечи од Бога и ќе го доведе до вечен погибел.
Човекот што за помош им се обраќа на гатачите, го губи интересирањето на Светото писмо, почнува да се занимава со разни приказни за чуда и привиденија што тука и таму се случуваат по дејство на некои новојавени „чудотворци", копнее за нешто слично во ;војот живот, целото црковно учење му станува туѓо, непривлечно и тешко. Во срцето на таквиот човек умира чувството на покајание, тој не ги гледа своите гревови. Подоцна, на оној што се вплеткал во таквата „мистична наркоманија" може да му се случуваат уште полоши работи: јавувања на зли духови, разновидни чувства на нивно присуство, видливи, телесни страдања од нив, психички и емоционални пореметувања, најтешки депресии и, на крај, самоубиства или злосторства направени под влијание на демонски сили. Но, најголема опасност што му се заканува на човекот, доколку не престане со општење со духот на злото и не се покае, е погибелта на душата.
Иако маѓионичарите денес често користат христијанска терминологија, а некои дури „лекуваат само крстени", тоа се само јадици и „јагнешка кожа" на волците. Каде што нема проповед за покајанието и учење за вечниот живот, не може да биде ништо црковно, ништо христијанско, ништо Божјо. Самите „молитви" на маѓионичарите ни малку не личат на црковните, туку се исполнети со секаква неразбирливост, загонетност, мрак и очигледна бесмисленост: Бог е светлина, и во Него нема никаква темнина (1 Јн. 1, 5), а каде што е темнина, го нема Бога!
Се случува маѓионичарите (гатачите, гледачите) да излекуваат болести или да дадат некоја друга „видлива помош", но тоа се случува според поговорката: „Главата ја извлекле, но опашката се заглавила." Само гато едно се излекувало, друго заболело, на човекот час му е подобро, час полошо и тој постојано оди кај таквите исцелители - уништувачи, потпаѓајќи под големо влијание на злите духови. Со демонските „лекари" не треба ниту да се шегуваме и не треба за нив да се распрашуваме, не треба „од радозналост" да одиме кај хипнотизери и да гледаме телевизиски сеанси со слични експерименти. И најмало внимание, дури и без никаква симпатија кон таа непријателска (вражја) „кујна", за нас може да има кобни последици и во овој и во идниот живот. Самата таква „радозналост" веќе е тежок грев против христијанската вера и совест, навредување на Семилостивиот Небесен Отец, презир и неблагодарност кон Него.

 

(Продолжува)

Извадок од книгата:

ПОКАЈАНИЕТО- ПАТ КОН ВЕЧНОСТА

Издавач: Канео ,Охрид, Дебарско- кичевска епархиј

Друго: Pokajanie.korica.jpg

 

 

 

 

 Посети: {moshits}