Goran.Dimovski

Постот не е цел сам по себе, туку средство преку кое доаѓаме до суштината. Која е суштината? Љубовта, простосрдечноста, смирението. Да го сакаме Бога, себеси и ближниот. Ова е целта на постот. Меѓутоа, наместо да навлегуваме во суштината на нештата, ние продолжуваме да се држиме до законот и да го извртуваме неговото значење. Кога постот го губи своето значење?


- Кога го “мешаш” постот со диета.
- Кога едноставно се држиш до режим на исхрана без покајание и борба со страстите. Со други зборови, кога воопшто не се менуваш.
- Кога не јадеш месо, но со своите критики ги „јадеш“ другите.
- Кога во твоите очи нема радост и сјај.
- Кога не се радуваш дека постиш, туку им завидуваш на другите што јадат, се жалиш, се јадосуваш и си несреќен.
- Кога чувствуваш дека правиш нешто или си некој затоа што постиш и „го правиш“ сето тоа.
- Кога на крајот од постот ни малку повеќе не си го засакал Христа.


Постот означува глад за Бога, за љубовта, за светлината, за убавината. Барам да ја најдам смислата на животот, одговорот на „ЗОШТО ПОСТОЈАМ?“. Да се пости значи да се биде гладен за да се насити со нешто друго, поголемо и вистинито... Единственото вистинско - Христос.
Да се пости значи да се смири телото и да се отвори душата. За да ја елиминирате тешката храна, јадете малку и преобразете ги страстите.
Стојам гол пред Бога и викам кон Него - „Немам ништо свое, облечи ме Ти...“.☦️


Отец Харалампиј Пападопулос

 

Подгорви: Симеон Стефковски

27.02.2024