3.angeli.so.truba

Апостол на празник: Послание на светиот апостол Павле до Колосјаните 2:8-12

8. Браќа, пазете некој да не ве заведе со философија и со празна измама според човечкото предание, според стихиите на светот, а не по Христа;
9. оти во Него телесно живее сета полнота на Божеството,
10. и вие да имате полнота во Него, Кој е глава на секое началство и власт;
11. во Него сте и обрезани преку неракотворно обрезание, откако го соблековте гревовното тело на плотта преку обрезанието Христово;
12. откако се погребавте со Него во крштавањето, во кое заедно со Него и воскреснавте преку вера во силата на Бога, Кој Го воскресна од мртвите.

 

Поука на денот: Свети Јован Лествичник
Што е вистинско послушание сме сфатиле дури ако во отсуство на духовникот, замислувајќи го неговиот лик, мислиме дека тој е пред нас и одбегнуваме секаков разговор, или збор, или јадење, или сон, или што и да е друго коешто според нашето мислење би можело да му биде непријатно. Невистинските ученици се радуваат на отсуството на учителот, а вистинските го сметаат за загуба.