Архимандрит Лазар Витаниски

ЗАНЕМАРУВАЊЕ НА ЦРКОВНИТЕ БОГОСЛУЖБИ

Овој грев најчесто се изразува во недостатокот на желба за учествување во светата тајна евхаристија, т.е. долготрајно лишување на себеси од причестување со Телото и Крвта Господови (а тоа да не го придонесле неповолни надворешни околности). Освен тоа, и воопшто отсуството на црковната дисциплина, нељубовта кон службата Божја. Луѓето често се правдаат со презафатеноста со секојдневните работи, со тоа дека живеат далеку од црквите, со должината на богослуженијата, неразбирањето на црковните служби, несфаќањето на црковнословенскиот јазик. Овој грев се препознава и во непознавањето на основните молитви: Символот на верата, основните молитви (Оче наш, Исусовата молитва, Цару Небесен, Богородице Дево), во несфаќањето на смислата на светите тајни и, што е најважно - во недостаток на интерес тоа да се дознае.

voda.list.jpg

ЗАНЕМАРУВАЊЕ НА МОЛИТВАТА

Ова е поединачен случај на нецрковност - многу распростарнет грев. Зборувајќи за оваа најважна страна на духовниот живот, оној што се исповедува мора на исповедта да каже како се моли, какви се плодовите на неговата молитва, дали молитвата му донесува духовна утеха или ја смета за непријатна обврска, од која се обидува да се ослободи под било каков изговор; дали користи православен молитвеник или ги знае молитвите напамет, дали чита евангелие. Секој верник е должен во молитвата секој ден да ги споменува ближните, живи и мртви, за здравје и за покој на душите, должен е да се моли „за оние што го мразат и коишто го навредиле", за оние кон кои има непријателски чувства, кои, можеби, неправедно го навредиле. Исто така, мора редовно да оди на Божјите служби, да биде в црква во недела и на големите празници, мора да ги почитува постовите што ги одредила (пропишала) Црквата - не само во смисла на воздржување од храна, туку и во духовна смисла. Обврзан е да се помири со оние со коишто бил скаран, да дава милостиња, да простува долгови, да се оттргнува од се суетно и да се сосредоточува на она што е вечно.
Топлата молитва е она по што се разликува искрениот верник од „млакиот". Човекот не треба да се труди што побрзо да го прочита молитвеното пра-вило и да се преседи Божјата служба, туку да го стекне дарот на молитва од Господа, да ја засака молитвата, нестрпливо да го чека времето за молитва. Верникот е должен да се стреми кон тоа да влезе во молитвен ритам на животот, да научи да ја сака и да ја сфаќа музиката на црковното пеење, нејзината неспоредлива убавина и длабочина, сликовитоста и мистичната изразност на литургиските символи. Дарот на молитвата е и владеење над себе, внимание над себе, повторување на зборови, учествување не само со устата и јазикот, туку и со сето срце и со сите мисли во молитвеното делување (дејствување). Човекот мора да стекне навика за Исусовата молитва („Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме мене грешниот/грешната") и оваа молитва мора да ја изговара во себе секогаш и секаде, особено во тешки моменти, во прилика на засилени духовни борби, во искушенија и тешкотии.
Значи, брате, обрати внимание против кои од наведените неопходни христијански правила, одредби и обврски грешиш во однос на нашата вера и светите црковни правила и не заборавај за тоа да се покаеш!

(Продолжува)

Извадок од книгата:

ПОКАЈАНИЕТО- ПАТ КОН ВЕЧНОСТА

Издавач: Канео ,Охрид, Дебарско- кичевска епархиј

Друго: Pokajanie.korica.jpg

БОГОХУЛСТВО И ЗАКОЛНУВАЊЕ ВО БОГА

 Што е тоа грев и кои се основни гревови (3) 

СВЕТА ТАЈНА ПОКАЈАНИЕ И ИСПОВЕД (2) 

ПОВИК КОН ПОКАЈАНИЕ

 

 

 

 

 

 

 

Посети: {moshits}