Hristos.prekrasno54
http://www.mpc.org.mk/pouka.asp


Коментар на денешното евангелско четиво:

 
Пристапија и Го разбудија, говорејќи: ’Наставниче, Наставниче, загинуваме!‘ А Он, штом се разбуди, им забрани на ветрот и на брановите; и тие се смирија и настана тишина.“ Еве што значи збор (слово) во сила. Богочовекот Христос кажа само збор и природните стихии се смирија. Божјиот збор, т.е. зборот во сила е извршен: тоа го гледаме и при создавањето на светот и човекот – од ни од што претходно постоечко; тоа го гледаме и при многуте исцелувања болни; и при умножувањето на лебот и рибите; и при изгонувањето на демоните; и при претворањето на водата во вино; и при воскреснувањето на мртвите; итн.

Извршен е и зборот на Светата Литургија: велиш: „ангел на мирот“, и секој човек е посетен. „Чувар на нашите души и тела“, и секој демон отстапува – додека не биде од самите нас повикан.

„Простување и разрешување“, и секој грев е простен – додека повторно не биде направен.

„Сѐ што е добро и полезно за нашите души и тела“, и сѐ на добро се менува – додека ние не го промениме, по наше.

Извршен е и зборот на светите, на обожените. Никој не може да се противи на извршниот збор Божји; ниту на Евангелскиот збор, ниту на Литургискиот, ниту на Светителскиот.

Но, денес луѓето го изгубија разумот и стравот Божји, откако претходно ги изгубија љубовта и верата; и затоа им се случува – тоа што им се случува; и затоа ги чека – тоа што ги чека.“

 

Со дедо Наум низ Евангелието

 23.010.2023

фбMonika Nikolova