TVIT157

Духовни закони

 

Сè што е физичко во овој свет постои како последица на она што се случува во духовниот свет. Постојат одредени правила според кои сè постои и се движи. Без разлика дали ги знаете или не, дали верувате во нив или не, овие закони сепак постојат, функционираат и постојано влијаат на нас. Ако научите некои од овие правила и ги примените, ќе се изненадите од нивниот ефект.



Законот на сеидба и жетва


Не лажете се: Бог не е за подигрување. Што ќе си посее човекот, тоа и ќе си жнее. ( Галатјаните 6,7 )

TVIT151


Ова е еден од најважните духовни закони. Познат е и како „закон на причина и последица“. Што и да сме направиле или кажале, сигурно ќе ни се врати. Друг начин нема. Ако постојано сеете негативност кон луѓето, животот, себеси - очекувајте слична жетва. Ако сакате среќа, мир и љубов, тогаш внесете ги во околината! Сигурно тоа и ќе го пожнеете!
Дарувајќи насмевка на некого, добивате добро расположение во текот на денот. Доколку донирате барем динар, тој сигурно ќе ви биде вратен, но во повеќекратен износ. Треба само да погледнете какви семиња садите и на емоционално и на физичко ниво.



Законот на создавањето

И Бог го создаде човекот според образот Свој, според образот Божји го создаде;  (Библија: Создавање 1,27)

TVIT154


Бог во секое човечко суштество ја востановил оваа способност за создавање. Прво создавате нешто во мислите, а потоа тоа преоѓа во физичкиот свет. Смислувате нешто, смислувате идеја, а потоа ја материјализирате! Затоа, многу е важно да набљудувате на тоа што го мислите.
Според научните истражувања, во текот на денот низ главата на човекот минуваат околу 10.000 мисли! Колку од нив се користат за изградба и создавање на нешто корисно за себе и за светот? Или постојано ја вртите негативата во вашата глава и се прашувате зошто има само падови во вашиот живот? Размислете позитивно, сонувајте, одлучете се, остварете ги вашите соништа и ќе ја добиете вашата прекрасна реалност.

 

Законот на смирението

„Бог се противи на горделивите, а на понизните им дава благодат.“        ( Јаков 4,6)



Понекогаш, за да продолжите напред, само треба да се успокоите и да се смирите. Често само во спокојот се наоѓа вистинското решение и насока за иднината.
Често, во трката за некоја цел, даваме се од себе, се бориме, јуришаме и на крајот... прегоруваме физички и емоционално, без да постигнеме ниту една стотинка од она што сме сакале да постигнеме. Човек не може да постигне сè и секогаш. Тоа е гордост и суета. Таквите луѓе во нивните животи се препнуваат на противењето на Божјата поддршка. Само помирете се со фактот дека не сте семоќни и примете ја милоста во вашиот живот Одозгора.



TVIT152
Законот на благодарењето

Благодарете за сѐ, зашто таква е волјата Божја во Христос Исус спрема вас! ( 1 Солунјаните 5:18 )

 


Дали се разбудивте здрави утрово? Благодарете! Дали имате покрив над глава, храна и сигурност? Тоа е прекрасно! Дали имате милиони и вашите соништа се остваруваат? Совршено!
Но, дури и ако нешто тргне наопаку, најдете нешто за што ќе бидете благодарни. Научете да наоѓате среќа во малите нешта! Тоа е корисно, ќе ве одржува низ тешки времиња и ќе ви помогне да преживеете со минимална загуба на нерви.



Законот на љубовта

А јас, пак, ви велам: љубете ги непријателите свои, (благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат) и молете се за оние што ве (навредуваат и) гонат, (Матеј 5,44)


Тоа не е лесно! Понекогаш се чини невозможно! НО! Не можете да замислите какви чуда се случуваат кога искрено се трудиме да им дадеме добро на оние кои воопшто не го заслужуваат тоа!

TVIT156
Закон на верата

А верата е подлога за увереноста во она на кое се надеваме – убеденост во она што не се гледа. (Евреите 11, 1)


Значи, што очекувате од вашиот живот - во тоа и верувате. Она во што верувате, дури и ако не го гледате  - вие верувате во тоа. Многу едноставно. Дали очекувате да ве отпуштат, да се разболите, да имате криза, да ја прекинете врската? Секоја чест! Тоа е вашата  вера!
Дали сте сигурни дека ве очекува голем бизнис, остварување на вашите соништа и дека наскоро ќе се излечите? Совршено! Вие верувате во тоа. И напишано е „сè е возможно на оној што верува (!).“ Разбирате? СЕ! Не ее напишано„малку“, туку СЕ!
Значи, очекувајте добро. Бидете сигурни дека се ќе биде во ред. И ќе добиете сè „добро“ во вашиот живот.



Извор: putevimapravoslavlja.info /prijateljboziji.com/
За Преминпортал Симеон Стефковски

 2ри февруари 2023 лето Господово